РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА

ВИДЕО КАМЕРИ НА ПАТНАТА МРЕЖА,

ПАТАРИНИТЕ И ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ВО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА

Извор: www.roads.org.mk

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

avtopat-500

понеделник, 21 јануари 2013 06:08:41


СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Според најновите информации добиени од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат сите патни правци. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА


понеделник, 10 декември 2012 14:16:00

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 09:00 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар. Од 09:45 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Македонски Брод – Прилеп. Од 09:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево (планински премин Стража). Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец  Струга – гп.Ќафасан е укината во 13:00. Сообраќајот на патниот правец Отешево – гп.Стење е нормализиран. СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Коловозите се претежно влажни на места со остатоци од снег. Поради многу ниски термператури можни се подмрзнувања на коловозот па се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. На повисоките планински и осојничави места има остатоци од снег кои го забавуваат движењето на возачите. ВНИМАТЕЛНО: Препорачуваме голема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

Автопатот од Приштина до Блаце ќе чини 793 милиони евра

Автопатот од Приштина до Блаце ќе чини 793 милиони евра

Изградбата на 55 километарскиот автопат, кој ги поврзува Косово и Македонија, ќе чини 793 мииони евра. Трасата, која не е ни пола должина од автопатот Врмица-Мердаре, ќе има три тунели и десеттина мостови, јави порталот Албеу. Проектот е изготвен во 2010 година а изградбата се планира да почне во почетокот на 2013, за која цел косовската влада со буџетот за наредната година издвои 30 милиони евра.

Автопатот не почнува од Приштина, туку од Липљан каде ќе има голем кружен тек, кој ќе биде и прва клучка на автпатот кој ќе го поврзува косовскиот главен град со граничниот премин Блаце, на границата со Македонија. Со цел трасата да добие што подобра насока, реката Лепенец ќе биде пренасочена.

Владата во Приштина со Светска банка се очекува на почетокот на наредната година да ја финализираат физи- билити – студијата, како предуслов за почеток на реализација на проектот.

Косово треба  да има 300 милиони евра на банкарскиот биланс, како услов да почне со изградба на автопатот. Во билансот на крајот од оваа година, се очекува да има 200 милиони евра, што подразбира дека во банкарскиот биланс треба да се слеат пари и од приватизациите за да се исполни условот од 300 милиони евра.

Максимална дозволена брзина на автопатот ќе биде 120 километри на час, а најголемиот тунел ќе биде кај Качаник, со должина од 2,2 километри.

 

Извор: www.dnevnik.com.mk

Кои патни правци се затворени за товарни возила?

Поради интензивни снежни врнежи забрана за движење на тешки товарни возила има на патниoт правeц Дебар-Струга, а од 17:15 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Кои патни правци се затворени за товарни возила

Сообраќајот на останатите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, без забрани, застои и ограничувања.

Слаби врнежи од снег се бележат на сите останати повисоки места во западниот и југозападниот дел од државата каде што коловозите се претежно влажни, на места со остатоци од кашест снег.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и расчистуваат сите патни правци.

 

Извор: www.kurir.mk

Со македонски возачки дозволи ќе се вози низ Албанија.

Македонските граѓани со македонски возачки дозволи ќе можат да возат во Албанија, информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

На последната владина седница донесена е одлука за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Ова значи дека македонските граѓани кои претстојуваат во Албанија ќе можат да возат со македонски дозволи без никакви дополнителни полагања.

Истото ќе важи и за албанските државјани во нашата земја. Ваквата пракса, македонската Влада очекува да биде применета и со уште неколку земји од регионот.

Реализацијата на оваа одлука се очекува да се примени по потпишувањето на Договорот кој се реализира во рамки на посетата на премиерот Никола Груевски на Република Албанија.

Според најавите, Груевски во рамки на посетата оствари средби со албанскиот колега, а беше потпишан и меѓународен договор.

 

Извор: www.bezpardon.mk

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

четврток, 8 ноември 2012 13:05:00

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде можна е појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Г.Д. Гранит почнувајќи од 24.09.2012 изведува рехабилитација на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти се пренасочува во една. Периодично сообраќајот се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp