Британците произведоа бензин со помош на воздух и вода

Една мала британска компанија успеала да произведе бензин со помош на вода и воздух, со кој се надева дека еден ден ќе допринесе за производството на еколошкото гориво од широки размери.

Инженерската компанија “Air Fuel Synthesis” во Тисајд, на северот на Англија, тврди дека за три месеци создале пет литри синтетички бензин.

Технологијата се состои од издвојување на јаглен диоксид од воздухот и водород од водата и со нивно комбинирање во реактор со катализатор добија метанол со кој потоа се добива бензин.

Користејќи енергија која се обновува во овој процес, можно е да се произведе СО2 неутрално гориво кое може да се користи исто како стандардниот бензин.

“Горивото е почисто бидејќи е синтетичко” – објаснува официјалното лице на AFS, Питер Харисон.

Истражувањето е дел од двегодишниот проект кој засега чинел околу 1.6 милиони долари.

Но, “еколошкиот” бензин нема да може во блиска иднина да се појави на бензиските.

“Моментално не можеме да го произведуваме по сегашната цена на бензинот, но тоа ќе се случи. Сè што ни е потребно е енергија која се обновува, а кога нафтата ќе стане проблем, ќе бидеме во состојба да помогнеме за автомобилите и понатаму да се движат, а авионите да летаат” – вели Харисон.

AFS планира за две години да изгради фабрика која ќе произведува околу 1.200 литри специјално гориво наменето за спортските возила.

Извор: www.themen.mk

Advertisements

Top Gear влезе во Гинисовата книга на рекорди

Како најгледано ТВ шоу во светот, Top Gear се прикажува во 212 земји од светот…

Емитување од 2002-ра година, 18 сезони, 147 епизоди, 12.1 милиони Facebook фанови, емитување во 212 земји од светот и бескрајната забава го направија Top Gear рекордер според Гинис – најгледано ТВ шоу во светот.

Иако ова е повеќе од јасно – доколку прашате, било кого – кој има и најмал интерес за автомобили, ќе ви каже дека Top Gear е број 1 автомобилско шоу. Сега тоа е и официјално потврдено.

Jeremy Clarkson, при примањето на ова неверојатно признание, кратко изјави: “Многу сум горд што учествувам во создавањето на една ваква емисија…” Не е во негов стил, секако!

Во 2005-та година, Top Gear освои и Emmy, а во 2009-та година Channel 4 го прогласи ова “Pokey motoring show” како шоу на деценијата.

Извор: koli.com.mk

Протекоа првите фотографии од Jaguar F-Type

Вчера се појавија првите неофицијални фотографии на Jaguar F-Type кои го покажуваат спортскиот roadster од сите можни агли, вклучително и неговата внатрешноста. Од Jaguar во меѓувреме како да се навлекоа на промовирање на моделот во камуфлажа, па ако пред неколку месеци тие така и го најавија, оваа недела продолжуваат со серија на видеа на кои е прикажано како е тестиран камуфлираниот F-Type. Додека од британската марка тактизираат и сакаат уште повеќе да ја зголемат мистичноста на новиот модел, некој друг добро си ја завршил работата, па на неколку дена од официјалната премиера, можеме да го видиме прекрасниот roadster.

C-X16 купе концепт моделот, прикажан минатиот септември во Франкфурт, јавноста го прими одлично и не беше тајна дека новиот F-Type ќе позајмува некои дизајнерски потези токму од него, но никој не очекуваше дека двата модели ќе бидат речиси идентични. Jaguar по се изгледа, се потпрел на проверената формула – тимот што победува не се менува (во овој случај дизајнот на моделот) – па направил ситни измени и го отстранил покривот.

Кога станува збор за погонот, Jaguar не беше толку мистичен, па знаеме дека понудата на мотори за новиот F-Type ќе ја сочинуваат два 3.0-литарски V6 мотори со натполнење и “R” модел погонуван од 5.0-литарски V8 мотор со натполнење.

Извор: avtoportal.mk

Вашиот автомобил биолошко оружје?

Доколку сте претерано штедливи, па наместо средство за чистење на ветробранското стакло користите обична вода, големи се шансите вашето возило да го претворите во билошко оружје…

Легионарската болест е атипично воспаление на плуќата кој ја предизвикува бактеријата Легионела. Обожава да стои во вода и во умерени температури, па резервоарот за чистење на стакла, особено во текот на топлите денови, е нејзин расадник од соновите.
При прскањето  на стаклото, преку вентилацискиот систем, бактеријата влегува во патничката кабина, а потоа и во вашето тело.
Истражувачите дошле до овој заклучок по едно истражување, кое покажало дека професионалните возачи боледуваат пета пати повеќе во однос на возачите аматери, пренесува BBC.

Најдобар начин да ја уништите потенцијалната опасност е да наточите од препорачаното средство во резервоарот за чистење на стакла, а тоа ќе ги уништи бактериите доколку постојат во резервоарот.

 

Извор: koli.com.mk

ЕУ воведува “паметни камери”

Европската Унија воведува нови “паметни камери” кои можат да снимат повеќе прекршоци во сообраќајот…

Освен брзината со која возите, новите камери ќе можат да утврдат колкава е оддалеченоста од возилото пред вас , дали ги носите сигурносните појаси, и дали вашето возило е осигурано, па дури и дали се платени даноците за возилото кое го управувате.
Новата генерација се уште се тестира во VVT техничко-истражувачкиот центар во Финска. Развојот на ASSET (Advanced Safety and Driver Support for Essential Road Transport) е започнат уште во 2008 година, а се очекува првите “паметни” камери да бидат поставени во 2013 година.
Matti Kutila, научникот од финскиот институт изјавил дека “Главна цел на камерите е да и се помогне на сообраќајната полиција за да може да се идентификуваат повеќе сообраќајни несреќи”.
Британската автомобилска асоцијација претпоставува дека овие нови камери можат да послужат само како нов извор на приход на локалните власти.

 

Извор: koli.com.mk

На повидок вештачки бензин, еколошки и поефтин

Британски научници моментално работат на усовршување на новото гориво што го развија, а кое во ист момент би било и ефтино и еколошко, пишува лондонскиот весник „Дејли мејл“….

Во прашање е гориво засновано врз водород кој при согорување не ослободува гасови на стаклената градина, а на бензиските пумпи треба да се најде за три до пет години по цена од околу 20 евроценти за литар.

Во некои акспекти, водородот е совршено гориво, вели професорото Стивен Бенингтон, научник кој раководи со овој проект. По единица тежина дава три пати повеќе енергија отколку бензинот, а при согорување произведува само вода.
Енергијата на водородот може да се искористи преку согорување на овој гас или пак при негова комбинација со кислород, во енергетските ќелии кои произведуваат електрична енергија.
Со полн резервоар „вештачки бензин“ би можело да се вози околу 500 до 600 километри, исто како и со виснинскиот бензин, а цената со сите давачки и такси би изнесувала околу 70 центи по литар, што е двојно помалку од сегашната цена.

Извор: koli.com.mk

Италијанците се најлоши возачи во Европа

Покрај тоа што другите ги квалификуваат како такви, интересно е што во голем процент самите Италијанци се изгласале за најлоши возачи на Стариот Континент…

Во анкета спроведена во Велика Британија, во која учествувале 30.000 луѓе кои редовно патуваат низ Европа, ги изгласале Италијанците за најлоши и најпроблематични возачи во Европа, со 23.7%.

По нив, очекувано – проблематични насекаде, Грците, со 15.6%. Полјаците се трети – 14%.

Интересно е што дури 29% од анкетираните лица со Италијански пасош се изјасниле дека возачките способности и навики на Италијанците не се на задоволително ниво.

Еве ја комплетната листа:

Најлоши возачи, по националност:

1) Италијанци – 23.7 %
2) Грци – 15.6 %
3) Полјаци – 14 %
4) Германци – 7.9 %
5) Французи – 7.7 %
6) Холанѓани – 5.6 %
7) Шпанци – 5 %
8) Британци – 4.1 %
9) Белгијци – 3.9 %
10) Швеѓани – 2.7 %
11) Данци – 2.5 %
12) Швајцарци – 2.2 %
13) Норвежани – 1.9 %
14) Австријци – 1.6 %
15) Финци – 1.5 %

Извор: koli.com.mk