Наследникот на Audi R8 на повидок

Претставниците на Audi потврдија дека компанијата размислува за развој на хибрид-дизел суперавтомобил кој би се поставил и над до сега неприкосновениот R8. Моделот би требало да биде конкуренција на McLaren P1, Porsche 918 Spyder и наследникот на Ferrari Enzo, а веројатно ќе го носи името R10.

Гласините велат дека во овој супер-брз автомобил ќе се најде технологија развиена за најновиот “R18 e-tron”, кој оваа година победи на Ле Ман. Директорот на технолошкиот развој на Audi, Волфганг Дурхајмер, во неодамнешно интервју изјави дека “дефинитивно има простор за спортски автомобил подобар од R8”. Тој напомена дека е уверен дека дизелскиот хибрид би се продавал одлично.

Доколку биде произведен, се очекува да има моќност од 700 коњски сили, а брзина од 100km/h би постигнувал за 3 секунди. Со таква моќност, највисоката брзина би изнесувала повеќе од 320km/h.

 

Извор: www.puls24.mk

Advertisements

НОВАТА ВЕРЗИЈА НА CITROEN 2CV ДОГОДИНА

Во историјата на Citroen има еден генијален автомобил, евтин и посакуван од сите. Тоа е моделот 2CV, кој  го имаше прекарот „грдото пајче“. Како што покажува искуството на MINI и Fiat 500, преродбата на легендата, за која луѓето чувствуваат носталгија, е добар макетиншки потег. Затоа и Французите сметаат да  го реанимират најевтиниот копактен модел, чија нова верзија ќе излезе на пазарот следната година.

Новата верзија треба да го заземе местото меѓу моделите С1 и С3, а од Citroen ветуваат дека создале автомобил токму таков каков што посакуваат многу луѓе – едноставен, економичен, современ и со прифатлива цена . Дизајнот на идниот модел ќе биде во стилот на концептот C Cactus, кој беше прикажан на салонот во Франкфурт пред пет години. Од Citroen сепак се категорични дека двете возила, сепак нема да се слични. И повторно потсетуваат – цената на возилото нема да биде висока, како што е случајот со реинкарнираните MINI и Fiat 500, а главниот пазар на кој ќе биде е Европа.

Производството на автомобилот ќе биде во фабриката на компанијата во Мадрид. За 2CV нема да биде направена нова платформа, ќе се користи онаа која е дел од сегашните С1 и С3. Се очекува должината на возиоото да биде околу 4.2 метри каросеријата ќе биде со пет врати, а во внатрешноста ќе можат да се сместат пет патници. Системи од видот на start-stop и камера за назад нема да има, бидејќи ќе ја зголемат цената на моделот, што не е желбата на Французите. Citroen сепак размислува и пуштање на хибридна верзија, иако таа нема да биде евтина.

Извор: www.avtoplus.mk

PARIS MOTOR SHOW 2012: НОВИТЕТИТЕ ОД HONDA

Главниот акцент на штандот на Honda на салонот во Париз е на целосно новата генерација на луксузниот теренец CR-V. Сериозен интерес се очекува да предизвика и верзијата за моделската 2013 на моделот CR-Z, кој е обновен со дизајн на екстериерот и ентериерот, а моќноста на хибридниот погон е зголемена.

Првите испораки на целосно новата Honda CR-V ќе бидат реализирани во есента оваа година. Автомобилот кој досега е продаден во над 5.000.000 единици од 1995 година па наваму, ќе се нуди со широк избор на агрегати, кои ќе се нудат во комбинација, како со систем за погон на сите четири, така и на две тркала. Товарниот простор на возилото е со капацитет од 589 литри, а ако се соборат седиштата, слободниот волумен може да биде зголемен до 1.648 литри или за 148 l повеќе во споредба со она кај претходникот. Она што посебно треба да се потенцира кај новата генерација на Honda CR-V се и оптимизирани аеродинамика, подобра изолација од вибрации и бучавост на каросеријата, стандардните системи за заштеда на гориво Idle-stop, Eco Assist и ECON Mode, како и изборот меѓу бензински и дизел мотор. Во опремата на овој модел ќе може да се вклучат адаптивен засилувач на управувачот, адаптибилен систем за погон на сите тркала, електронска стабилизирачка програма, систем за помош на поаѓање на угорници и друго. Новиот CR-V ќе се нуди со 2,0 i-VTEC погонски агрегат со максимална моќност од 155 КЅ и максимален вртежен момент од 192 Nm, а 2,2-литарски i-DTEC дизел мотор ветува 150 коњски сили и 350 Nm.

Honda CR-Z 2013 е со обновен дизајн на екстериерот и ентериерот, а моќноста на хибридниот систем е зголемена. На штандот на Honda на Sалонот во Париз се демонстрира исто така футуристички ev-ster, а компанијата ја одбележува и 40-годишнината од пазарнато лансирање на моделот Civic.

Извор: www.avtoplus.mk

Citroën DS3 Electrum

Citroën потврди дека во Париз, покрај кабрио изведбата на DS3, својата премира ќе ја има електричниот DS3 Electrum.

Станува збор за целосно електричен концепт врз основа на премиум супермини моделот DS3 Кој е погонуван од два електро мотори на предната оска со моќност од 65 kW (87 КС) и 17.5 kWh литиум-јонска батерија (Panasonic) која може да се полни преку штекер кој се наоѓа на местото за точење гориво.

Од Citroën тврдат дека автомобилот на европскиот тест круг има опсег од 120 km и дека со користење на станица за брзо полнење, батеријата на DS3 Electrum може да се наполни 80 проценти за само 30 минути. Исто така, од француската марка потенцираат дека електичните мотори се доволно компактни за да не се потребни компромиси во кабината или пак багажниот простор на DS3.

Засега, производителот не открива дали DS3 Electrum ќе остане како концепт или пак ќе има негова производвена верзија.

Извор: AvtoPortal

Honda ќе ги рециклира ретките земјени метали во користените делови

Компаниите Honda и Japan Metals & Chemicals, заеднички објавија основање на првиот процес во светот кој ќе екстрахира ретки земјени метали од различни користени компоненти од производите на Honda. Треба да се напомне дека ова претставува масовен производствен процес во погон за рециклирање, а не експериментален процес.

Како дел од овој план, на крајот од овој месец, Honda и Japan Metals & Chemicals ќе започнат со екстракција на ретки земјени метали од користените никел-метал хибридни батерии собрани од хибридните Honda возила преку дилерската мрежа на компанијата во и надвор од Јапонија.

Honda применуваше топлотни третмани на никел-метал хибридните батерии и ги рециклираше остатоците кои содржат никел како суровина од нерѓосувачки чели. Сепак, успешната стабилизација на процесот во погонот на Japan Metals & Chemicals, овозможи екстракција на ретките земјени метали во масовен производствен процес со високо ниво на чистота.

Ново воспоставениот процес овозможува екстракција на повеќе од 80 проценти од ретките земјени метали кои се наоѓаат во користените никел-метла хибридни батерии. Honda ќе се стреми за повторна употреба на и екстрахираните ретки земјени метали не само од никел-метал хибридните батерии, туку и од поширок спектар на своите производи. Покрај тоа, Honda во иднина уште повеќе ќе ја прошири програмата за рециклирање на ретките земјени метали, затоа што новиот процес овозможува екстракција на овие метали од широк спектар на компоненти.

Со новиот процес, Honda продолжува со својата посветеност на обновливите извори. Honda беше првиот јапонски автомобилски производител кој започна продажба на рециклирани делови и компанија која започна да собира/рециклира филтри за масло и заменети браници.

Извор: AvtoPortal