Италијанците се најлоши возачи во Европа

Покрај тоа што другите ги квалификуваат како такви, интересно е што во голем процент самите Италијанци се изгласале за најлоши возачи на Стариот Континент…

Во анкета спроведена во Велика Британија, во која учествувале 30.000 луѓе кои редовно патуваат низ Европа, ги изгласале Италијанците за најлоши и најпроблематични возачи во Европа, со 23.7%.

По нив, очекувано – проблематични насекаде, Грците, со 15.6%. Полјаците се трети – 14%.

Интересно е што дури 29% од анкетираните лица со Италијански пасош се изјасниле дека возачките способности и навики на Италијанците не се на задоволително ниво.

Еве ја комплетната листа:

Најлоши возачи, по националност:

1) Италијанци – 23.7 %
2) Грци – 15.6 %
3) Полјаци – 14 %
4) Германци – 7.9 %
5) Французи – 7.7 %
6) Холанѓани – 5.6 %
7) Шпанци – 5 %
8) Британци – 4.1 %
9) Белгијци – 3.9 %
10) Швеѓани – 2.7 %
11) Данци – 2.5 %
12) Швајцарци – 2.2 %
13) Норвежани – 1.9 %
14) Австријци – 1.6 %
15) Финци – 1.5 %

Извор: koli.com.mk

Advertisements

Алонсо: Не знам кога ќе ја завршам кариерата

Речиси сите кои се барем малку упатени во годинашните случувања од Формула 1 шампионатот велат дека не само затоа што е лидер, туку поради сезонската форма Фернандо Алонсо е најголемиот фаворит за освојување на титулата.

 

Пилотот на Ферари пак, деновиве изјави дека посакува да ја заврши кариерата во редовите на италијанскиот гигант од Маранело, меѓутоа не е сигурен кога тоа ќе се случи.

„Мојот договор во Ферари ќе истече во 2017-та година. Во овој момент мислам дека се уште е рано да кажам што ќе се случи тогаш. Ако и понатаму со ваква желба им приоѓам на трките, тогаш сигурно ќе продолжам. Исто така, ако почувствувам дека е време да престанам, така ќе постапам. Животот во трките е интересен, сепак треба да се знае колку е доволно“, вели Алонсо.

Кога е во прашање инцидентот на почетокот на трката за Големата награда на Белгија, Алонсо вели дека нема што да му замери на главниот виновник Роман Грожан.

„Грожан ми се јави веднаш по трката. Едноставно, не пресметал добро колку е одалечен, а потоа се погодија неколку работи. Жал му е за настанатиот судар, меѓутоа му реков дека нема проблеми“, додава Алонсо.

Следната трка од Формула 1 првенството се вози во Италија, на патеката „Монца“, на деветти септември.

Извор: Курир