Околу 100 милиони евра за реконструкција и изградба на патишта во 2013.

Близу 100 милиони евра Владата ќе одвои за реконструкција и изградба на нови патишта низ земјава оваа година. Во 2013, 133 локални патишта со должина од 162 километри во 70 општини низ државата ќе бидат реконструирани или изградени, за нив се одвоени 17 милиони евра од буџетската каса.

Околу 100 милиони евра за реконструкција и изградба на патишта во 2013

Според владиниот портпарол Ѓорѓиев ќе бидат вложени и 30 милиони евра во 11 регионални патишта со должина од 160 километри.

Владата одвоила и 200 милиони денари за старт на проектот за модернизација и воведување електронски системи за наплата на патарините.
Пари ќе има за секоја општина независно од составот на населението, нејзината големина или пак политичката припадност на градоначалникот, вели Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада.

Патиштата дел од фокусот и на министерот за транспорт Јанакиески. Даде отчет за сработеното лани. Покрај инфраструктурните проекти во министерството се работеше и на набавка на 311 нови автобуси , проектот за водоснабдување и одведување отпадни води, се изградија 3 објекти, а 11 чекаат за целосна реализација на станови за социјално ранливи категории на лица, отуѓување на државно земјиште, решение за дивите превозници.

На граѓаните им се овозможени и пониски цени на авиобилетите преку проектот за финансиска поддршка на авиопревозници и склучениот договор со нискотарифната компанија Виз Ер која започна со оперирање на 6 нови дестинации од Скопје до Малме, Базел Мулуз, Ајндховен, Дортмунд и Меминген – Минхен. – Поволните авиобилети за само два месеци, од кога беа воведени ги искористија повеќе од 112.000 граѓани, вели Миле Јанакиески – министер за транспорт и врски.

2012 транспорт ја бележи и со стартот на големиот инвестициски циклус во железницата.

Во тек се проекти за целосна рехабилитација на пругите на три делници вредни 17,6 милиони евра. Се реконструира и делницата Куманово – Бељаковце за што се обезбедени 46,4 милиони евра. Добиени се средства и за изработка на проект за железничко поврзување со Албанија.

 

Извор: www.kanal5.com.mk

Advertisements

Започна изградбата на патот од селото Сув Орав до манастирот Карпино.

Во тек се работите на изградбата на патот од селото Сув Орав до манастирот Карпино во општина Општина Старо Нагоричане.

Започна изградбата на патот од селото Сув Орав до манастирот Карпино.

Општината аплицирала за овој проект до Агенцијата за финансиска поддршка за рурален развој од каде им одобриле средства за изградба на плоштадот во село Малдо Нагоричане и за патот кој води до манастирот кој е исклучително значаен за развој на туризмот во оваа рурална општина.

– За двата проекти одобрени се 9,5 милиони денари. Не се знае до кога ќе трае изградбата. Зависи од временските услови. Изведувач на работите е фирмата „Бетон“ -вели градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.

Во изградбата на патот со 80% од финансиските средства учествува Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а со 20 % учествува самата општина.

 

 

Извор: www.kurir.mk