JAGUAR F-TYPE НАЈДОБАР АВТОМОБИЛ-ЕКСПОНАТ НА САЛОНОТ ВО ПАРИЗ

Новиот Jaguar F-TYPE беше избран од уредниците на престижното американско издание Autoweek за најдобар експонат на меѓународната автомобилска изложба во Париз.

„Со витка линија, крајно привлечен, секси …, а од друга страна многу моќен, F-Type се претвора во нова икона за Jaguar“, коментира Ендрју Стој од Autoweek. „Кога ќе го спуштите покривот, па го стартувате моторот и забревтаат оние осум цилиндри, вие едноставно сте во некој друг свет. Ова е несомнено е дел од соништата на секој кој посакува спортски автомобили”.

Jaguar F-Type се нуди во три главни верзии F-TYPE, F-TYPE S и F-TYPE V8 S, а за погонот се грижат новиот 3,0 V6 мотор со 340 или 380 коњски сили и 5,0 V8 со 495 КЅ. Најмоќната модификација ќе биде во можност да се забрза од 0 до 96 km/h за 4.2 секунди и да развие максимална брзина на движење од 300 km/h.

 

Извор: www.avtoplus.mk

Advertisements

Протекоа првите фотографии од Jaguar F-Type

Вчера се појавија првите неофицијални фотографии на Jaguar F-Type кои го покажуваат спортскиот roadster од сите можни агли, вклучително и неговата внатрешноста. Од Jaguar во меѓувреме како да се навлекоа на промовирање на моделот во камуфлажа, па ако пред неколку месеци тие така и го најавија, оваа недела продолжуваат со серија на видеа на кои е прикажано како е тестиран камуфлираниот F-Type. Додека од британската марка тактизираат и сакаат уште повеќе да ја зголемат мистичноста на новиот модел, некој друг добро си ја завршил работата, па на неколку дена од официјалната премиера, можеме да го видиме прекрасниот roadster.

C-X16 купе концепт моделот, прикажан минатиот септември во Франкфурт, јавноста го прими одлично и не беше тајна дека новиот F-Type ќе позајмува некои дизајнерски потези токму од него, но никој не очекуваше дека двата модели ќе бидат речиси идентични. Jaguar по се изгледа, се потпрел на проверената формула – тимот што победува не се менува (во овој случај дизајнот на моделот) – па направил ситни измени и го отстранил покривот.

Кога станува збор за погонот, Jaguar не беше толку мистичен, па знаеме дека понудата на мотори за новиот F-Type ќе ја сочинуваат два 3.0-литарски V6 мотори со натполнење и “R” модел погонуван од 5.0-литарски V8 мотор со натполнење.

Извор: avtoportal.mk