JAGUAR F-TYPE НАЈДОБАР АВТОМОБИЛ-ЕКСПОНАТ НА САЛОНОТ ВО ПАРИЗ

Новиот Jaguar F-TYPE беше избран од уредниците на престижното американско издание Autoweek за најдобар експонат на меѓународната автомобилска изложба во Париз.

„Со витка линија, крајно привлечен, секси …, а од друга страна многу моќен, F-Type се претвора во нова икона за Jaguar“, коментира Ендрју Стој од Autoweek. „Кога ќе го спуштите покривот, па го стартувате моторот и забревтаат оние осум цилиндри, вие едноставно сте во некој друг свет. Ова е несомнено е дел од соништата на секој кој посакува спортски автомобили”.

Jaguar F-Type се нуди во три главни верзии F-TYPE, F-TYPE S и F-TYPE V8 S, а за погонот се грижат новиот 3,0 V6 мотор со 340 или 380 коњски сили и 5,0 V8 со 495 КЅ. Најмоќната модификација ќе биде во можност да се забрза од 0 до 96 km/h за 4.2 секунди и да развие максимална брзина на движење од 300 km/h.

 

Извор: www.avtoplus.mk

Advertisements

Протекоа првите фотографии од Jaguar F-Type

Вчера се појавија првите неофицијални фотографии на Jaguar F-Type кои го покажуваат спортскиот roadster од сите можни агли, вклучително и неговата внатрешноста. Од Jaguar во меѓувреме како да се навлекоа на промовирање на моделот во камуфлажа, па ако пред неколку месеци тие така и го најавија, оваа недела продолжуваат со серија на видеа на кои е прикажано како е тестиран камуфлираниот F-Type. Додека од британската марка тактизираат и сакаат уште повеќе да ја зголемат мистичноста на новиот модел, некој друг добро си ја завршил работата, па на неколку дена од официјалната премиера, можеме да го видиме прекрасниот roadster.

C-X16 купе концепт моделот, прикажан минатиот септември во Франкфурт, јавноста го прими одлично и не беше тајна дека новиот F-Type ќе позајмува некои дизајнерски потези токму од него, но никој не очекуваше дека двата модели ќе бидат речиси идентични. Jaguar по се изгледа, се потпрел на проверената формула – тимот што победува не се менува (во овој случај дизајнот на моделот) – па направил ситни измени и го отстранил покривот.

Кога станува збор за погонот, Jaguar не беше толку мистичен, па знаеме дека понудата на мотори за новиот F-Type ќе ја сочинуваат два 3.0-литарски V6 мотори со натполнење и “R” модел погонуван од 5.0-литарски V8 мотор со натполнење.

Извор: avtoportal.mk

АВТОМОБИЛОТ ГО ОТКРИВА ВАШИОТ КАРАКТЕР

Луѓето ги оддаваат разни работи кои говорат за нив, една од нив е и автомобилите кои ги возат. Врз основ на тоа може да се одреди карактерот на сопственикот.

Сопствениците на престижните марки како што се БМВ, Ауди, Мерцедес, Алфа Ромео, Јагуар и Порше, свесно ги бираат тие возила и многу им пречи кога некој нема да забележи каков автомобил возат.

Психолозите сметаат дека тие возачи со својот автомобил сакаат да покажат дека се „алфа животни“, значи предводници на чопорот, иако постојат разлики меѓу нив.

Лицата кои возат БМВ се сметаат за лица кои сакаат да се покажат, кои ценат ексклузивност и внимателно го следат својот животен стил. Тие се склони кон истражувачки дух, а „радоста при возењето“ со многу коњски сили под капакот на моторот ја покажува и нивната потреба за слобода и автономија. Статистиката покажала и дека се склони на ризици и дека често се бават со некој малку поопасен спорт.

Возачите на Мерцедес долго биле на глас дека заедно со скапиот автомоби, би купиле и лента за претекнување од која никогаш не скршнуваат. Но поновите истражувања покажаа дека денешните сопственици на Мерцедес често се самоуверени мажи кои веќе со појавата сакаат да ја покажат својата доминантност, стручност и способност за лидерство, но кои истовремено големо внимание посветуваат на безбедноста.

На лентата за претекнување денес се наоѓаат возачите на Ауди и за нив се верува дека секогаш сакаат да ја искористат својата предност и дека токму тие најмногу сакаат да бидат први при возењето. Тие се вљубеници во техниката и ги обожуваат техничките новини.

Кога станува збор за возачите на Порше, нивното однесување често опасно се приближува до ароганција и често физички се атрактивни. Тие главно не сакаат да имаат совозач, додека возачите на други престижни марки сакаат до нив да седи физички атрактивно лице, по можност од спротивниот пол.

Една студија покажала дека возачите на Порше имаат и помалку активен сексуален живот од возачите на Рено.

Причината е многу едноставна: возачите на Порше често се постари лица кои со тоа спортско возило го исполниле својот сон од детството, додека возачите на Рено повеќето се жени меѓу 20 и 30 години на кои ова поволно француско возило им е прв сопствен автомобил, пренесува германското државно радио „Дојче веле“.

Врз основа на статистичките податоци се дошло до заклучок и дека на пример, сопствениците на Јагуар се позадолжени од останатите возачи, а дека возачите на Волво всушност се многу поагресивни од што се мисли, но се кријат зад шведскиот челик и имиџот љубител на семејство.

Многу производители на автомобили не се среќни поради заклучокот до кои дошле истражувачите, па така Опел веќе со години се обидува да го промени мислењето за сопствениците на тие возила како за „досадни луѓе од провинција“. Ни сопствениците на Форд не уживаат глас како посебно интересни лица, често имаат прекумерна тежина и многу се срамежливи.

Сопствениците на Фолксваген дури ни психолозите не можат да ги опишат, бидејќи тој автомобил и понатаму важи за „автомобил за секого“, па го возат и убави и грди и сиромашни и богати и образовани и не толку паметни. Со самото тоа Фолксваген го возат луѓе кои не сакаат да се истакнат ниту со автомобилот, ниту пак самите да се истакнат.

Извор: Курир