Нешнел џиографик сними документарец за чудото по име нисан гт-р (ФОТО+ВИДЕО)

Нисан гт-р, кој важи за еден од најдобрите спортски автомобили на денешницата, кој влезе во петтата година од производството, ќе биде центарот на фокусот на следната епизода на документарецот Мегафабрики (Megafactories) на телевизијата Нешнел џиографик (National Geographic), кој ќе биде премиерно прикажан на 13 декември.

Како еден од најдобрите суперавтомобили во историјата, нисан гт-р е врвниот израз на марката Нисан и неговата филозофија „Иновација за сите“, изјавиле од Нешнел џиографик. „Ова е мултидимензионална спортска машина е олицетворение на концептот за „ултимативен суперавтомобил, кој може да го вози секој, секогаш и секаде“.

Најновата епизода од популарниот серијал е снимена во фабриката на Нисан во Точиги, Јапонија, каде што ќе може да видиме како се произведува најдостапниот суперавтомобил (В6 турбобензинскиот мотор на гт-р рачно се изработува во Јокохама), а продуцентите успеале да поразговараат и со луѓето одговорни за создавањето на оваа автомобилска икона.

Погледнете го продолжениот трејлер на специјалната епизода за нисан гт-р на Нешнал џиографик.

 

Погледнете го видеото за Nissan GT-R…

 

Извор: www.mkd.mk

Тојота тестира „паметни“ автомобили

Тојота моментално работи на системи кои драстично ќе ги намалат сообраќајните незгоди, и ќе овозможат автомобилите да комуницираат меѓу себе и со патиштата.

Автомобилите примаат информации од сензори и предаватели кои се инсталирани на улиците, за да се минимизира ризикот од сообраќајќи во ситуации како поминување на црвено светло, пешаци кои ја поминуваат улицата и слично. Се тестира и преносот на такви информации меѓу автомобилите.

Претставници на Тојота изјавија дека технологијата на „паметни“ автомобили ќе почне да се тестира на јапонските улици од 2014-та година. Слични тестирања се планираат во САД, иако за тоа нема никакви детали.

Сите производители на автомобили развиваат безбедносна технологија за да ја зголемат вредноста на автомобилите, особено на развиените пазари во САД, Европа и Јапонија.

Конкуренцијата на Тојота, Нисан, неодамна претстави автомобили кои биле доволно „паметни“ сами да сопрат, да се паркираат и да избегнат пешаци кои неочекувано ќе им се најдат на патот.

Од Тојота велат дека технологијата наскоро ќе биде достапна, но нема официјален датум, и се претпоставува дека ќе ја имаат луксузните модели Lexus.

Професорот на Универзитетот Парма, Алберто Броги, кој е и експерт за системи за интелигентен транспорт, вели дека идејата за автомобили без ризик за несреќа е „многу актуелна“ и дека веројатно ќе стигне на патиштата за неколку години.

Извор: www.on.net.mk

ТOYOTA ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА SUPRA ЗАЕДНО СО BMW

Откако Toyota и BMW ги претставија првите планови за соработка, веќе се појавија и најави дека Јапонците сакаат да направат нов спортски автомобил заедно со баварскиот концерн.

Во интервју за Autoblog, шефот на британската филијала на Toyota, Џон Вилијамс, изјави дека компанијата започнува развој на нов модел, кој ќе биде наследник на легендарната Supra. Според Вилијамс, Toyota треба да го искористи успехот на GT86 и да се развива во соодветна насока. Новиот модел ќе биде хибрид, кој ќе располага со најсовремените технологии на Јапонците и на BMW, а во гените ќе носи ДНК на култ изведбите, како Celica, Supra и MR2.
Ова е модел што ќе биде спакуван од Јапонците, но ништо не се наведува што е тоа што BMW ќе користи од Тоyota, што е особено интересно по разводот на Баварците со Peugeot.

Извор: www.avtoplus.mk

2012 JAPANESE GRAND PRIX (Suzuka)

Должина на круг: 5.807 kм

Должина на круг: 5.807 kм 53 круга (307.573km)

Максимум гас: 67%

Најголема брзина: 313kм/ч

Најдолг рамен дел: 16s (1.23kм)

Десни/Леви кривини: 10/8

Трошење на гумите: Високо

Трошење на кочниците: Високо

Downforce ниво: Ниско

Промена на брзини по круг: 42

Најбрз Круг: 1:31.540 – Кими Раиконен (2005)

Петок 5 Октомври 2012

Слободен тренинг 1

10:00 – 11:30 Локално/03:00 – 04:30 CET

Слободен тренинг 2

14:00 – 15:30 Локално/07:00 – 08:30 CET

Сабота 6 Октомври 2012

Саботен тренинг

11:00 – 12:00 Локално / 04:00 – 05:00 CET

КВАЛИФИКАЦИИ

14:00 Локално / 07:00 CET

Недела 7 Октомври 2012

ТРКА

15:00 Локално / 08:00 CET

Извор: www.mkformula1.blogspot.com

АВТОПАТ МИНУВА НИЗ ЗГРАДА

Додека кај нас допрва градат класични автопати, во Јапонија, отишле толку напред во времето, па една од главните магистрали во Осака минува низ зградите.

Кога ќе свтрите кон излезот Exit Umeda на дел од маршрутата од автострадата Hanshin, во јапонскиот град Осака, за момент останувате без здив, вчудоневидени! На патот пред вас е зграда со канцеларии, која се вика Gate Tower. Верувале или не, регионот на градот во кој се наоѓа оваа зграда, е претежно станбен и приградски. Автопатот поминува помеѓу петтиот и седмиот кат на блокот, па  и покрај сериозната бучава од автомобилите, службениците на другите катови се толку вредни и велат дека немаат ништо против него. Всушност зградата е позната меѓу локалното население со прекар „кошница“ токму поради овој шум. Од двете страни на блокот има лифтови, кои сепак не запираат помеѓу четвртиот и осмиот кат.

Структурата на зградата е направена според најсовремени архитектонски стандарди, максимално е обезбедена, вклучувајќи и за евентуално земјотрес. Всушност автопатот не ја допира зградата, тој е сосема посебна структура. На покривот на зградата има и стојалиште за хеликоптери, кој би бил од корист при итни случаи.

Извор: www.avtoplus.mk

Honda ќе ги рециклира ретките земјени метали во користените делови

Компаниите Honda и Japan Metals & Chemicals, заеднички објавија основање на првиот процес во светот кој ќе екстрахира ретки земјени метали од различни користени компоненти од производите на Honda. Треба да се напомне дека ова претставува масовен производствен процес во погон за рециклирање, а не експериментален процес.

Како дел од овој план, на крајот од овој месец, Honda и Japan Metals & Chemicals ќе започнат со екстракција на ретки земјени метали од користените никел-метал хибридни батерии собрани од хибридните Honda возила преку дилерската мрежа на компанијата во и надвор од Јапонија.

Honda применуваше топлотни третмани на никел-метал хибридните батерии и ги рециклираше остатоците кои содржат никел како суровина од нерѓосувачки чели. Сепак, успешната стабилизација на процесот во погонот на Japan Metals & Chemicals, овозможи екстракција на ретките земјени метали во масовен производствен процес со високо ниво на чистота.

Ново воспоставениот процес овозможува екстракција на повеќе од 80 проценти од ретките земјени метали кои се наоѓаат во користените никел-метла хибридни батерии. Honda ќе се стреми за повторна употреба на и екстрахираните ретки земјени метали не само од никел-метал хибридните батерии, туку и од поширок спектар на своите производи. Покрај тоа, Honda во иднина уште повеќе ќе ја прошири програмата за рециклирање на ретките земјени метали, затоа што новиот процес овозможува екстракција на овие метали од широк спектар на компоненти.

Со новиот процес, Honda продолжува со својата посветеност на обновливите извори. Honda беше првиот јапонски автомобилски производител кој започна продажба на рециклирани делови и компанија која започна да собира/рециклира филтри за масло и заменети браници.

Извор: AvtoPortal