Казни за возење со стара возачка дозвола

За возење со стара возачка дозвола, од денес ќе се плаќа казна. Казната изнесува 45 евра или 25 казнени поени.

 

 

Од МВР велат дека казна нема да платат оние возачи кои имаат закажано термин, односно ја започнале процедурата за вадење на нова возачка дозвола.

Откако истече рокот, термините се преполни. Минатата недела веќе почна да се закажува сликање на возачка дозвола во термин во 2013 година.

Нова возачка дозвола по редовна постапка се вади за 600 денари, а доколку сакате по итна постапка да дојдете до нов документ, ќе платите 1150 денари.

Освен на телефонскиот број 0800 192-92, термин можете да закажете и на Интернет страната на МВР.

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Од 1 октомври казни за стара возачка

Нема да се казнуваат оние кои веќе ја започнале постапката за нови документи.

Уште 5 дена има до истекот на рокот за вадење на биометриска возачка дозвола. Сите кои по 1 октомври полицијата ќе ги затекне како возат со стара возачка дозвола ќе добијат казна во висина од 45 евра или 25 казнени поени, пишува Вест.
Од МВР за весникот велат дека казни нема да плаќаат оние возачи кои ја започнале процедурата за нова возачка дозовола. Од полицијата информираат дека тие имаат начин да проверат, кои возачи веќе закажале термин за вадење нова битметриска возачка.
Доколку денеска закажете термин за фотографирање на бесплатниот телефонски број 0800 192 92 пред објективот на МВР ќе можете да седнете дури на крајот од декември. Вадењето на новиот документ во редовна постапка ќе ве чини 600, а во итна 1150 денари. Повеќе информации за потребните документи, како и самите обрасци можете да најдете на веб сајтот на МВР.
Вест повикувајќи се на информации од полицијата пишува дека до сега се издадени 511.056 биометриски возачки дозволи.

Извор: press24.mk

А место за паркирање?

Најавениот нов сообраќан режим ќе оневозможи диво паркирање на улица Благој Ѓорев.

Со новиот сообраќаен режим ќе биде оневозможено незаконското паркирање по главната градска улица Благој Ѓорев. На тој начин околу 40 диви паркинг места ќе бидат избришани. Локалната власт предвидува решение за ова преку два нови паркинг простори кои ќе овозможат најмалку нови 60 легални паркинг места.

Првиот е уредување и поплочување  на паркингот кај ЕВН, кој сега најчесто е пуст и празен. Второто е уредување на лента за паркирање на улицата Наум Наумовски Борче, таа која е спроти ЕВН  во дворот на  Гимназијата. И онака сообраќајната а не го санкционира паркирањето на крстосниците, каде тоа не смее да се случува а во пракса сите сме сведоци дека го има, посебно пред Панини – вели градоначалникот Горан Петров

Извор: http://www.tirekovmirece.com

ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ЛОКАЦИИТЕ НА КОИ СЕ КОРИСТИ ИНСТРУМЕНТ ЗА МЕРЕЊЕ НА БРЗИНАТА-РАДАР

 

Врз основа на законските овластувања полициските службеници за контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата при спроведување на своите редовни активности, за мерење на брзината на возилата користат радари. Радарите се поставуваат на одредени места кои се најпогодни за контрола на брзината на возилата и места кои во изминатиот период се покажале како критични.

Во прилог во доставуваме список на места кои од страна на полициските станици и полициските одделенија за БПС најчесто се користат за мерење на брзината на движење на моторните возила:

Полициската станица за БПС Скопје радарот го користи на следниве локации:

–         Бул. Кочо Рацин, Бул. Гоце Делчев, Бул. Никола Карев (Југославија), Бул. Србија, ул. Првомајска, Бул. III Македонска бригада, Бул. Јане Сандански, Бул. Партизански одреди, Бул. Октомвриска револуција, ул. Иво Лола Рибар, Бул. Илинден, ул. Адолф Циборовски.

Полициското одделение за БПС Гази Баба радарот го користи на следниве локации:

–         Бул. Александар Македонски кај клучка Дијамант на излез од Скопје и наспроти влез на Алкалоид на влез во Скопје.

–         На регионален пат Скопје – Велес кај с. Трубарево, с. Идризово, нас. Дрма, с. Петровец и с. Ржаничино.

–         На регионален пат Скопје – Куманово на ул. Р. Ковачевиќ, кај клучка Арачиново и пред с. Арачиново.

Полициското одделение за БПС Драчево радарот го користи на следниве локации:

–         кај с. Батинци и с. Варвара, кај с. Морани и с. Студеничани, на ул. Првомајска кај „Бујото“ и „Мебел Ви“.

Полициската станица за БПС Охрид радарот го користи на следниве локации:

–         на магистралниот пат М-4 Охрид кон Кичево кај с. Подмоље, с. Оровник, с. Требеништа, с. Мешеишта, с. Ботун и с. Песочан.

–         на магистралниот пат М-5 Охрид – Ресен кај с. Лескоец(центар и „Тамаро“), с. Косе3л (ЕМО и Шумска куќа) и с. Опеница

–         регионален пат Р-501 Охрид – Св. Наум кај нас. Рача ( Центар и стовариште Митко), нас. Св. Стефан (хот. Ино Спектар и Гранит)

–         во градот на Бул. Туристичка( Распаќе, Хот. Дончо, ОУ Григор Прличев и Хот. Нико), Бул. Железничка, ул. 15-ти Корпус (Навис и Галеб)ул. 7-ми Ноември (Отекс)

Полициското одделение за БПС Кичево радарот го користи на следниве локации:

–         на магистралниот пат М-4, делница Кичево –Гостивар, кај селата Колари, Зајас, Длапкин дол и Трапчин дол.

–         на магистралниот пат М-4, делница Кичево – Охрид кај селата Другово и Пополжани.

–         на магистралниот пат М-4, делница која минува низ град на влез од Скопје кај бензинска пумпа Макпетрол, кај бензинска пумпа Тајм петрол, нас. Горица излез кон Охрид.

–         На регионален пат Р-513 Кичево – Мак.Брод кај с. Карбуница, с.Челопеци и с. Лисичани.

–         На регионален пат Р-421 Кичево – Осломеј кај с. Мамудовци и с. Црвевци.

Полициското одделение за БПС Дебар радарот го користи на следниве локации:

– ул. Вељко Влаховиќ кај Сушара, влез излез кон Струга и ул. 22 Декември кон ГП Блато.

Полициската станица за БПС Штип радарот го користи на следниве локации:

–         на магистралниот пат М-5 Велес – Штип, кај с. Криви дол и кај нас. Три чешми.

–         на магистралниот пат М-5 Штип – Кочани во с. Чардаклија, с. Долни Балван и с. Крупиште.

–         на магистралниот пат М-6 Штип – Радовиш на 9-ти километар, с. Лакавица и 20-ти километар.

–         На регионален пат Р-601 с. Стар Караорман, с. Таринци и с. Карбинци.

–         Во градот на ул. Гоце Делчев, Железничка, Рибник и Партизанска.

Полициското одделение за БПС Берово радарот го користи на следниве локации:

–         На регионален пат Р-523 Делчево – Берово, во Пехчево ул. Борис Кидрич, с. Чифлик, с. Смојмирово, м.в. Трската и влез Берово.

–         На регионален пат Берово – Струмица кај Русинска раскрсница.

–         На регионален пат Р-527 Берово – Виница, с. Мачево и Будинарска раскрсница.

–         Во градот Берово на ул. Моша Пијаде, Маршал Тито и Борис Кидрич.

Полициското одделение за БПС Свети Николе радарот го користи на следниве локации:

–         на магистралниот пат М-5 Велес – Штип кај с. Лозово, с. Сарамзалино, Овче Поле и петља Кадрифаково.

–         На регионален пат Р-201 кај м.в. Мездра, м.в. Кантонче, 46 км. од Св. Николе и ерџелиска раскрсница.

–         На регионален пат Р-105 кај м.в. Мода, Оранжерии, Опатна, пат за Амзабегово.

–         Во градот на ул. Вељко Влаховиќ, ул. Карпошева и ул. Маршал Тито.

 Полициското одделение за БПС Пробиштип радарот го користи на следниве локации:

–         На регионален пат Р-206 кај с. Пишица, с. Гујновци, Лезовски кантон, с. Бучиште, м.в. Киселица, м.в. Плочи, градски гробишта, ул. Миро Барага.

–         На регионален пат Р-211 кај с. Ратавици, м.в. Рибар и ул. Маршал Тито во с. Злетово.

Полициското одделение за БПС Кочани радарот го користи на следниве локации:

–         на магистралниот пат М-5 м.в. Компресара и под надвозникот за с. Грдовци, во близина на бензинска пумпа Филипов.

–         Во градот на ул. Теодосија Паунов (БП Макпетрол и Здружение на возачи), ул. Димитар Влахов( расадник Грозд, кај базенот и хот. Национал) и ул. Роза Петрова(дисконт Осоговска).

Полициското одделение за БПС Виница радарот го користи на следниве локации:

–         на магистралниот пат М-5 кај м.в. Гарата, влез на с. Истибања.

–         На регионален пат Р-527 м.в. Липечко поле

–         Во градот на ул. Илинденска и Бул. Маршал Тито

Полициското одделение за БПС Делчево радарот го користи на следниве локации:

–         на магистралниот пат М-5 кај с. Очипала

–         На регионален пат Р-523  кај ГП Гранит

Полициската станица за БПС Тетово радарот го користи на следниве локации:

–         На регионален пат Р-405 Тетово – Јажинце, с. Непроштено-с. Џепиште, с. Лешок, с. Теарце и с. Доброште.

–         На регионален пат Р-404 Тетово – Волковија кај с. Челопек и с. Брвеница.

–         На регионален пат Р-402 Групчин – Тетово кај авто отпади.

–         Во градот Бул. Маршал Тито (монопол), Бул. Илинденска (Штулов Универзитет) и Бул. В.С.Бато (Пожарна и ресторан Фонтана).

Полициското одделение за БПС Гостивар радарот го користи на следниве локации:

–         с. Градец, с. Чегране, с. Србиново, с. Речане

–         во градот на Бул. Браќа Ѓиноски, ул. Илинденска, ул. ЈНА, ул. Живко Брајковски, ул. Сретко Крстески, ул. Кеј Братство Единство и ул. Седек Костоски.

Полициската станица за БПС Велес радарот го користи на следниве локации:

–         во градот на ул. Вардарска, Моша Пијаде, Благој Ѓорев, Димитар Влахов, Димко Најдов и Ристо Попов (Превалец).

–         На регионален пат Р-526  Велес – Штип, кај с. Мамучево.

–         На регионален пат Р 103 Велес – Градско, во Градско, м.в. Венула и м.в. ХИВ.

Полициското одделение за БПС Неготино радарот го користи на следниве локации:

–         во градот на Бул. Маршал Тито(кај автобуска станица, ПП „Каваско“, ПП„Вет шоп“ и Градски музеј, ул. Партизанска и ул. Фемо Кулаков.

–         На регионален пат Р 103 Неготино – Градско, кај Црвени брегови и кон Демир Капија под надвозникот.

–         На регионален пат Р 107 кај ЕЕ Ило Виларов и во с. Пепелиште.

Полициското одделение за БПС Кавадарци радарот го користи на следниве локации:

–         На регионален пат Р-106 Градско – Прилеп крстосниците Фаришка спирка, Камен дол и Росоман.

–         На регионален пат Р-107 Кавадарци – Неготино во с. Возарци, Топилница Фени , ул. Шишка и с. Марена.

–         На регионален пат Р-108 Кавадарци – Росоман кај Северова падина и крстосница за с.Манастирец.

Полициската станица за БПС Куманово радарот го користи на следниве локации:

–         во градот на Бул. Октомвриска револуција, Бул. Трета МУБ, ул. 11 Октомври, ул. 11 Ноември, ул. Доне Божинов, ул. Никола Тесла.

–         на магистрален пат М-2 куманово – Кр. Паланка на 7 – ми километар, м.в. Света Петка и с. Војник.

–         На регионален пат кон Скопје кај с. Љубодраг и с. Умин Дол.

–         На регионален пат кон Св. Николе кај с. Доброшане.

Полициското одделение за БПС Кратово радарот го користи на следниве локации:

–         на магистрален пат М-2 кај. С. Страцин, крстосница Чатал и м.в. Блидеш.

–         На регионален пат Р 206 кај м.в. Крива река, с. Трновац, с. Кетеново, с. Талашманце, ФК Иднина, Кисела Вода, с. Железница, с. Шлегово, с. Приковци.

Полициското одделение за БПС Крива Паланка радарот го користи на следниве локации:

–         на магистрален пат М-2 кај с. Жидилово, заобиколен пат, м.в. Орка, с. Мождивњак, м.в. Житен, м.в. Малина, с. Псача, с. Петралица, с. Гиновци, с. Опила, с. Ранковци и м.в. Блидеж.

Полициската станица за БПС Струмица радарот го користи на следниве локации:

–         на магистрален пат М-6 Струмица – ГП Ново Село во с. Босилово, с. Секирник, с. Ново Коњарево и Ново Село и м.в. Леонидова чешма.

–         на магистрален пат Струмица – Радовиш кај с. Владевци, василевска раскрсница и градошорска раскрсница.

–         На регионален пат Р 604 Струмица – Валандово во с. Костурино, раскрсница С. Куклиш, раборска раскрсница и м.в. Абрашеви воденици.

–         На регионален пат Р 523 Струмица – Берово во с. Петралинци, м.в. Тополите

–         Во градот Струмица кај Здружение на возачи и на Бул. Гоце Делчев кај „Разнопромет“.

Полициското одделение за БПС Валандово радарот го користи на следниве локации:

–         На регионален пат Р 110 во с. Јосифово, дојранска раскрсница, клучка Удово.

–         На регионален пат Р 604 кај с. Дедели, делница Фурски аништа – Валандовско брдо.

–         На регионален пат Р 116 во с. Брајковци, раскрсница Страиште- Марвинска клучка.

Полициското одделение за БПС Гевгелија радарот го користи на следниве локации:

–         На регионален пат Р 103 м.в. Фабрика Зора.

–         На регионален пат Р 111 м.в. Шарен мост

–         На регионален пат Р 604 раскрсница Фурка, м.в. Калдрма во Н. Дојран и на влез во Гевгелија.

Полициското одделение за БПС Радовиш радарот го користи на следниве локации:

–         на магистрален пат М-6 Струмица – Радовиш- Штип кај Пилав Тепе, рудник Дамјан, С. Тополница, влез во ДО „Благој Тофанов“.

–         На локалните патишка кај с. Раклиш и с. Ињево.

–         Во градот на Бул. Александар Македонски, ул. Илија Алексов, и ул. Свети Спасо Радовишки.

Полициската станица за БПС Битола радарот го користи на следниве локации:

–         во градот на ул. Владимир Назор, ул. Партизанска, ул. Довлеџик, Бул. 1 Мај, кај с. Кукуречани и с. Кравари.

Полициското одделение за БПС Прилеп радарот го користи на следниве локации:

–         ул. Леце Котески(ЕВН), ул. Моша Пијаде, БП Црн бор, ПРСМВ –М-5, Објект на Македонија пат на влезот на Прилеп, Институт за тутун Прилеп.

Полициското одделение за БПС Македонски брод радарот го користи на следниве локации:

–         ул. Маршал Тито, ул. Партизанска(детска градинка и Фонтана), Р-513 на м.в. Пласнички мост и Р-104 м.в. Комелинг.

Полициското одделение за БПС Ресен радарот го користи на следниве локации:

–         ул. Корчуланска, кај с. Јанковец, с. Избиште, с. Подмочани, с.Грнчари, с. Царев двор и с. Перово

Полициското одделение за БПС Демир Хисар радарот го користи на следниве локации:

–         ул. Битолска, пред Собрание, раскрсница за с. Вардино, БП Макпетрол, кај с. Белче, с. Сопотница, с. Жван, с. Железнец, м.в. Шоколов мост и раскрсница за Крушево и с. Слоештица.

Полициското одделение за БПС Крушево радарот го користи на следниве локации:

– влез во Крушево, нас. место Слога, нас. место Бучин, м.в. Пропуст, м.в. Смилевски трла и м.в. Стопанство.

Единицата за БПС на автопат радарот го користи на следниве локации:

ПС БПСА ПЕТРОВЕЦ:

–         на автопат Е-75 (ГП Табановце до клучка Штипска) кај Агино село, БП Катланово, паркинг Ветерско, паркинг Рајко Жинзифов.

–         на автопат Е-75 (клучка Штипска до ГП Табановце) мост на Пчиња кај с. Катланово и база „Маврово“ нај с. Романовци.

–         На автопат Е-65 (М-4) кај надвозникот на Ек. зона Бунарџик и клучка Орман.

–         На автопат Е-65 (М-3) клучка Кадино.

ПС БПСА ДЕМИР КАПИЈА:

–         на автопат Е-75 (кон ГП Богородица) кај Каласлари, Виничани, Остреово, тунели Д. Капија, Арсова лака, Градец, Удово и Мрзенци.

–         на автопат Е-75 ( кон кл. Штипска) кај Прдејци, Удово, Арсова лака, тунели Д. Капија, Неготино и Стоби.

ПС БПСА ТЕТОВО:

–         На автопат Е-65 (М-4) клучка Матка, Ласкарци, Бојане, клучка Групчин, Петрол компани, клучка Север, клучка Камењане, клучка Жеровјане, клучка Неготино, клучка Тумчевиште, клучка Врапчиште до клучка Стаклара.

–         На автопат Е-65 (М-4)(од Стража до Скопје) клучка Врапчиште до клучка Стаклара, клучка Тумчевиште, клучка Неготино, клучка Жеровјане, „Нептун петрол“,клучка Камењане, клучка Север, Студена вода, клучка Групчин, БП Лукоил.

Извор: http://www.mvr.gov.mk

КОРИСТЕТЕ ПОЈАСИ

 

 

 

Само едно КЛИК Ви го штити животот, КЛИКНЕТЕ !!!

 

Извор: http://www.mvr.gov.mk

НАЈСКАПАТА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

Во Јапонија се случи веројатно една од најскапите сообраќајни несреќи во историјата, за среќа никој не е повреден. 

На автопат во префектурата Јамагучи, вчера се судриле осум спортски возила од луксузната марка Ferrari, еден Lamborghini и три Mercedes возила.

Причина за масовниот судир бил неуспешниот обид на еден од возачите на Ferrari да ја смени лентата, соопшти полицијата.

Погледнете го видеото, може да се видат неколку црвени Ferrari следени еден за друг.

Извор: Идивиди