720 деца до седум години биле жртви во сообраќајни несреќи во последните две и пол години

Во последните две и пол години вкупно 720 деца на возраст до седум години биле жртви во сообраќајни несреќи.

Од нив, над 10-тина го загубиле животот, а останатите се здобиле со полесни или потешки телесни повреди, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи.

Поради тоа, а со цел да се подигне нивото на знаење кај децата за нивното учество во сообраќајот изготвен е видео материјал наречен „Сообраќаен буквар“ кој ќе биде дистрибуиран во градинките и основните училишта.

Снимени се 10 видео спотови со ситуации во кои децата најчесто грешат како учесници во сообраќајот. Предавањата и појаснувањата на сообраќајниот буквар ќе ги реализираат полициските службеници во соработка со наставниците и негувателките.

– Оваа активност поздразбира изучување на основите на сообраќајната култура на интерактивен начин, низ комуникација  со полициските службеници и презентација на видео материјали. За таа цел е изготвен сообраќајниот буквар во кој се содржани сите сообраќани правила и прописи кои се прилагодени на возраста на децата, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по денешната официјална промоција на ДВД материјалот во ОУ „Ѓорѓија Пулески“.

„Сообраќајниот буквар“ ќе биде поставен на веб страницата на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.

Во првото полугодие од годинава се случиле 1.781 сообраќајна незгода што претставува намалување за 10 проценти во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани 1.973 незгоди. Во нив настрадале вкупно 2.721  лица, од кои 51 лице починало.

Најмногу незгоди предизвикале возачите, а најчеста причина за несреќата се преголемата брзина или неприлагодена брзина кон условите на патот.

Пешаците предизвикале 103 незгоди, во кои четири лица загинале, а пак, патниците осум незгоди.

Неисправната состојба на патната мрежа била причина за случување на седум незгоди, а две од сообраќајните незгоди се случиле поради останати причини.

Според возрасната структура, најмногу загинати се  лица над 60 годишна возраст.

Извор: Press 24

Advertisements

Неколку минути откако бил ослободен, провалник го обил автомобилот на судијката.

Деновиве американскиот дневен весник San Francisco Chronicle објави една неверојатна сторија која минатиот вторник се случила во Сан Франциско.

Имено во вторникот, на граѓанскиот суд во Сан Франциско, 32-годишниот Phiillip Bernard бил на сослушување во врска со претходно покренато обвинение за извршена кражба (провала) на автомобил. Иако тој ја прекршил условната казна поради непојавување на судот, судијката Lillian Sing го пуштила Bernard само со предупредување и му посочила дека треба да се пријави на програма за (еден вид) одвикнување и воедно да бара работа.

 Следува интересниот дел… Bernad го напуштил судот и веднаш “свратил” до паркингот кој се наоѓал зад зградата на судот каде што го искршил задното стакло на првиот автомобил на кој налетал. Нормално, како и покрај секоја судска зграда, во околината имало полицајци кои веднаш го уапсиле Bernard. Изненадување било тоа што автомобилот кој тој го обил бил регистриран на име на судијката Lillian Sing.

Сега, Bernad се наоѓа во затвор и го очекува уште едно обвинение за кражба на автомобил, но овој пат пред повисок суд, каде што за разлика од граѓанскиот нема да помине ни приближно лесно.

Кривични за двојно пријавување оштетно побарување од сообраќајка.

СВР Скопје поднесе кривични пријави против  Б.К. (54)  адвокат од Скопје и Ј.А. (23) од тетовското село Доброште, во својство на оштететен во сообраќајна незгода.

Со намера да се стекнат со противправна имотна корист на име надомест на нематеријална штета од автоодговорност, со двојно пријавување на оштетно побарување од ист штетен настан, како и со лажно прикажување и со прикривање факти ги довеле во заблуда вработените во “Евроинс-осигурување” АД Скопје да им исплати пари во износ од 1.330.824. денари, а на штета на Националното биро за осигурување.

МВР соопшти дека на 4 јули 2007 година околу 23 часот во село Доброште, Тетово  лицето А.Н. кој управувал нерегистрирано патничко моторно возило марка „Форд Сиера“ со тетовски регистарски таблички, била потфатена со тркалото бекатон плочка која отскокнала и го удрила во глава второпријавениот Ј.А. По ова на 20 август 2007 година пријавениот Ј.А. му дал полномошно на адвокатот Б.К. за застапување за наплата на штета причинета во сообраќајна незгода што се случила на 4 јули во село Доброште.

Пријавениот Б.К. во својство на адвокат повикувајќи се на полномошното на 16 октомври истата година до ТД за осигурување “Макошпед” АД Скопје (на кого правен наследник е “Евроинс-осигурување” АД Скопје) поднел барање за исплата за надомест за претрпена штета по основ на задолжително осигурување на трети лица од автоодговорност во вкупен износ од 1.530.000 денари.

Откако е разгледано барањето од страна на ТД за осигурување “Макошпед” АД Скопје е констатирано дека не постои правен основ за негово решавање. На 15 јануари 2008 година Ј.А. повторно поднел барање за надомест на штета од истиот штетен настан, но овој пат во АД “Вардар осигурување – Скопје”- и овој пат е констатирано дека се исполнети условите за исплата на штета, и во февруари 2008 година исплатени се средства во износ од 705.000 денари на трансакциска сметка на второпријавениот Ј.А.

Меѓутоа и покрај тоа што на Ј.А. му бил исплатен надомест од 705.000 денари, Спогодба за надомест, преку полномошникот Б.К. на  4 јуни 2008 година поднел  тужба до Основен суд Скопје 2 Скопје против тужениот ТД за осигурување “Макошпед” АД Скопје за истиот штетен настан. Во тужбата Б.К. нотирал лажни факти дека второпријавениот Ј.А. е од Прилеп, с. Доброште, со намера да ги доведе во заблуда.

Така, на 30 декември 2009 година  Основен суд Скопје 2 Скопје носи пресуда со која  тужениот ТД за осигурување “Макошпед” АД Скопје се задолжува да му исплати на оштетениот, второпријавениот Ј.А., вкупно 1.330.824. денари. Врз основа на таа пресуда “Евроинс-осигурување” АД Скопје исплатило средства во висина од 1.330.824 денари, а на штета на Националното биро за осигурување. Инаку, на пријавениот Б.К. досега му се поднесени уште 11 други кривични пријави за кривичното дела – “осигурителни измами“.

Извадок Законот за измени и дополнување на ЗБСП.

ИЗВАДОК

Од ЗБСП (Сл. Весник 54/07 од 03.05.2007 год.) и Законот за измени и дополнување на ЗБСП       (Сл. Весник 64/09 од 22.05.2009 год.)

 

ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ

 

Член 2 став1 точка 95

 

Извадок од ЗБСП каде што се дефинира кога полицијата е должна да врши увид на сообраќајна незгода, а кога граѓаните-учесници во незгодата СЕ ДОЛЖНИ да ги отстранат возилата и да пополнат “ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА”.

 

 

 

“Мала материјална штета во сообраќајна незгода” е штета настаната на објекти и на возила на кои

не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се

движат по патот.

Член 225

 

Возачите – учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот, да овозможат непречено одвивање на сообраќајот и да го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода.

 

Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени или загинати лица односно настанала голема материјална штета.

 

Европскиот извештај за сообраќајна незгода од ставот (1) на овој член го прави достапен за учесниците во сообраќајот Националното биро за осигурување на Република Македонија.

 

Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот – учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

 

Член 226

 

Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи, кога:

едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,

едно од возилата има странска регистарска таблица,

еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции,

еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола,

еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците за возилото или

еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.

Две години затвор оти сам си ја продолжил “сообраќајната”.

Скопјанец неодамна бил осуден на две години затвор бидејќи самиот го продолжил важењето на сообраќајна дозвола за автомобил. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прогласил виновен за кривично дело фалсификување исправа.
Судската истрага утврдила дека  истиот употребил лажна сообраќајна исправа, која самиот ја изработил. Тој во сообраќајна дозвола за автомобил “ситроен дијана” ги сменил цифрите на датумот на истекувањето. Фалсификатот го открил полицаец во рутинска сообраќајна контрола на автомобилот на поранешниот булевар ЈНА во Скопје.