Ќе се градат автопати помогнати од Кина

Изградба на автопатска делница Миладиновци – Штип и надградба на патната делница Штип – Кочани, како и изградба на автопат Кичево – Охрид и на патот Охрид – Св. Наум, се приоритетни инфраструктурни проекти за македонската Влада што треба да ги реализира преку соработка и поддршка со Владата на Народна Република Кина.

Меѓудржавниот договор денеска во Скопје го потпишаа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и кинескиот амбасадор во Скопје Цуј Џивеи.

– Со Договорот се дава приоритет на изградбата на инфраструктурните проекти, односно патна и железничка мрежа, мостови, електроенергетски и телекомуникациски објекти и активно се охрабрува соработка помеѓу банките и компаниите во двете држави со цел непрекината и успешна соработка, рече министерот Јанакиески по потпишувањето на договорот.

Според него, паралелно ќе се работи на изградбата на сите планирани делници, но најбргу може да се почне со автопатот Миладиновци – Штип за кој веќе е изготвен финален проект и е почнат процес за експропријација. На ниво на автопат ќе биде и патот Кичево – Охрид, за кој исто така веќе се изготвени проекти, а за патот Охрид – Св. Наум Агенцијата за државни патишта во наредните две години треба да изготви проектна документација.

За финансирање на делниците се планира да се искористат дел од 10 милијарди евра што ги најави кинеската Влада за развој на Југоисточна Европа, со кредитирање преку кинеската Експорт импорт банка. Динамиката и димензионирањето на тие проекти, според Јанакиески, ќе биде согласно Стратегијата за надворешниот  долг на Република Македонија.

– Моментно Владата на НР Кина најави дека имаат на располагање 10 милијарди евра наменети за развој на земјите од Југоисточна Европа, но можеби  во иднина ќе има и други можности  за развој на инфарструктурата. За патот Миладиновци – Штип нашата тенденција е да искористиме дел од тие 10 милијарди евра, а во иднина можеби ќе има и други  поповолни линии или друг начин на финансирање. Во конкретниот случај  за тие 10 милијарди евра се работи за  многу поволно кредитирање од кинеската Ексим банка, појасни Јанакиески.

Владата, укажа, сака да се реализираат сите приорити, но мора да се исполнат сите услови согласно Стратегијата за надворешниот долг, капацитетот на двете држави и сите останати мерки што ќе бидат преземени во иднина.

– Како  држава се уште сме во границата на ниско задолжени земји, но сепак треба да се почитува Статегијата за надворешниот долг во РМ при евентуални кредити за изградба на инфраструктурата. Но, овие проекти се наш приоритет и во соработка  со Министерството за финансии и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ќе утврдиме динамика, бидејќи паралелно Министерството за транспорт  и врски со Министерството за финансии работи и на обезбедување  средства за изградба на Коридорот 8 кон Бугарија  и за гасификацискиот систем, појасни Јанакиески.

Кинескиот амбасадор во Скопје оцени дека договорот е резултат на долги подготовки и разговори помеѓу двете влади и претставува можност за продлабочување на соработката.

Договорот за соработка, меѓу другото, опфаќа и техничка помош од експерти, професионалци специјализирани за обука на домашни лица за изработка на развојни планови и други работи поврзани со инфраструктурните проекти, одржување тренинг курсеви, набавка на машини, опрема и материјали, размена на искуства  за сигнализација и интегрирани системи…

 

Извор: www.denesen.mk

Advertisements

Владата планира да гради нови автопати

Владата планира да гради три нови автопати во следнте пет до шест години. Како што дознава ekonomski.mk,  инвестицијата e вредна од 600 до 800 милиони евра.

Изградбата на автопатиштата планирано е  да се реализира преку јавно приватно партнерство со кинески компании.

Еден од автопатиштата треба да се гради на потегот Миладиновци-Свети Николе- Штип. За него според првичните анализи потребни се околу 250 милиони евра и се разгледува опцијата автопатот да биде со две или четири ленти.

Вториот автопат се планира да се гради од Гостивар до Кичево и да биде  во две насоки. За третиот се уште се размислува но веројатно ќе биде во источниот дел на Македонија  за да се поврзе со Коридорот 8.

Средства за најавените инфраструктурни проекти ако се реализраат ќе се обезбедат преку ЕКСИМ кинеската банка за поддршка.

 

Извор: www.kurir.mk

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

четврток, 8 ноември 2012 13:05:00

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде можна е појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Г.Д. Гранит почнувајќи од 24.09.2012 изведува рехабилитација на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти се пренасочува во една. Периодично сообраќајот се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

Потпишан договор со ИФЦ за патарините на патниот правец Скопје-Гостивар-Кичево

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека е потпишан      договор со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за советодавни услуги во однос на реализацијата на предвидениот проект за изградба, одржување и наплата на патарини на патниот правец Скопје-Гостивар-Кичево, кој е дел од патниот Коридор 8 во Република Македонија.

Целта на договорот е обезбедување консултантски услуги и изработка на студии и анализи. Согласно текстот, ИФЦ ќе има обврска до Владата на Република Македонија да предложи модел за имплементација на проектот за концесија на патниот правец Скопје-Гостивар–Кичево и да биде трансакциски консултант на Владата се до склучување на договор со потенцијалниот најповолен понудувач. ИФЦ ќе биде задолжена да и асистира на Владата во структурирање на проектот и подготвување на транспарентен, фер и компетитивен процес за привлекување приватен партнер за изведување на проектот по модел на јавно-приватно партнерство.

Со договорот, како што се наведува во соопштението, се предвидува во временска рамка од 14 месеци до две години да бидат имплементирани две фази на овој проект, кој треба да заврши со избор на најповолен понудувач.

За време на изведување на првата фаза од проектот, ИФЦ ќе треба да ги разгледа и направи анализа на сите релевантни информации кои се однесуваат на концесијата на патиштата, да изготви техничко-сообраќајна анализа, детален финансиски модел, испитување на пазарот и изработка на препорачлива структура за имплементација.

Доколку по оваа фаза бидат прифатени изготвените студии ќе се имплементира втора фаза од проектот во која од страна на ИФЦ ќе се промовира моделот за концесија, ќе се асистира во фазата на претквалификација, изработка на тендерска документација, преговорите со претквалификуваните компании и во завршување на тендерската постапка со избор на најповолниот понудувач и склучување на договор.

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е член на Светска банка, е најголемата глобална развојна институција, фокусирана исклучиво на приватниот сектор во земјите во развој и финансира и обезбедува советодавни услуги кои се однесуваат на проекти основани на јавно-приватно партнерство, а преку својата советодавна активност им помага на владите да создадат услови кои го стимулираат вливањето на домашни и странски приватни инвестиции.

Извор: www.sitel.com.mk

 

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

 

 

четврток, 1 ноември 2012 09:41:39
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Поради врнежите од дожд, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно забавено и по влажни коловози ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде можна е појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Г.Д. Гранит почнувајќи од 24.09.2012 изведува рехабилитација на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти се пренасочува во една. Периодично сообраќајот се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

 

недела, 21 октомври 2012 09:31:00

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. Наместа влажни коловози има на повисоките планински и осојничави места. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Г.Д. Гранит известува дека од ден 24.09.2012 (понеделник) започнува рехабилитација на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти ќе се пренасочи во една. Периодично сообраќајот ќе се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

 

среда, 17 октомври 2012 19:30:00

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Г.Д. Гранит известува дека од ден 24.09.2012 (понеделник) започнува рехабилитација на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти ќе се пренасочи во една. Периодично сообраќајот ќе се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp