И ФОНТОТ НА АВТОМОБИЛСКИОТ ЕКРАН Е ВАЖЕН

Изборот на фонтот употребен на екранот во возилата, може да влијае врз вниманието на возачот. Ова го тврдат научниците од универзитетот во Масачусетс, кои истражувале подолг период група возачи, на возраст од 36 до 75 години. Во текот на експериментот се користени различни фонтови и ниво на осветленост на екранот.

Кај екраните со фонтови Humanist и Square Grotesque, кај мажите се губи до 10,6 проценти помалку време за разбирање на информациите при првиот фонт, но кај жените не била воочена суштинска разлика во времето. Според истражувачите, правилно избраниот од производителот фонт на автомобилскиот екран може да го намали бројот на катастрофите предизвикани од одвлекување на вниманието за негово следење.

Според податоците на Националната администрација за безбедност на патниот сообраќај во САД – NHTSA, од 5,4 милиони несреќи во 2010 година околу 900.000 биле токму поради невниманието на возачот. При тоа околу три проценти (26.000 несреќи) настанале при одземање на вниманието на возачот од различни контроли кај автомобилот.

Извор: www.avtoplus.mk

Advertisements

AВТОМОБИЛИ ШТО ЗБОРУВААТ И ПРЕДУПРЕДУВААТ

Научници од Институтот за технологија во Масачусетс развиваат комуникацискиот систем кој им овозможува на возилата да добијат три-димензионална слика на улиците.
Системот ја намалува опасноста од судир со пречка или човек  за 14 пати и му овозможува на возилото “да гледа” со роботизирани очи на другите возила и препреки на патот.

Технологијата се нарекува CarSpeak и обезбедува континуирано три-димензионален поглед на регионот во кој се движи возилото, а ги користи информациите испратени од другите учесници во сообраќајот или од сензори поставени фиксно на критичните точки. Така возачите секогаш знаат што има зад аголот и можат спокојно да маневрираат, без да се загрижени дека може ненадејно да удрат во човек или друга пречка.

Во системот се обработуваат огромен број податоци кои се собираат со ласер опрема во автомобилот. Испраќањето на информациите до сите автомобили во реонот брзо се реализира преку вообичаените постоечки мрежи. Затоа системот во континуитет има преглед на делници од патот.

Извор: Avto +