Мото ГП: Хонда ги претстави адутите за борбата со Јамаха

Премиерната трка во новата сезона од Мото ГП шампионатот е закажана за 7-ми април во Катар.

Мото ГП Хонда ги претстави адутите за борбата со Јамаха

Сепак, иако сме далеку од стартот на новата кампања битки на најбрзите мотоциклисти на планетата, една од екипите која што вообичаено важи за фаворит во натпреварувањето Репсол Хонда, одлучи да ги открие своите адути за борба со ривалите.

Имено, вчера во седиштето на нафтeната компанија „Репсол“ во Мадрид, беше претставен мотоциклот, но и возачкиот тандем со кој тимот ќе се натпреварува во 2013-та. Машината е именувана RC213V, а ќе ја управуваат Дани Педроса и Марк Маркез.

На промоцијата говореше и извршниот потпретседател на Хонда, Шухеи Накамото, кој од своја страна објасни дека мотоциклот не е радикално редизајниран, меѓутоа во многу аспекти е унапреден. Меѓу другото, потежок е за три килограми, а воедно машината му е помоќна.

Минатата сезона титулата ја освои Хорхе Лоренцо од Јамаха со 350 бодови, додека Дани Педроса заврши на втората позиција со 332. Марк Маркез пак, беше првак во Мото 2 шампионатот.

Во сезоната која е пред нас, најголем конкурент на тимот на Репсол Хонда ќе му биде токму Јамаха, со мотоциклистите Хорхе Лоренцо и „Докторот“ Валентино Роси.

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

На мотори до Папрадиште

Дружење на велешките мотористи на илјада метри надморска височина, во некогашно Ѕвезданово.

Последните денови на убавото есенско време мотористите од клубот Носачи на крстот од Велес   го искористија да минат викенд во селото  Папрадиште. Фотографии од дружењето, но и од патувањето на овие љубители на моторите и природата.  Тие еден викенд минаа во планинарскиот дом Папрадиште.

Извор: www.tirekovmirece.com

ПЕДРОСА ПОВТОРНО ВО ИГРА ЗА ТИТУЛАТА

Шпанецот Дани Педроса Repsol Honda тимот ја оствари четвртата победа сезонава, откако победи на трката за Големата награда на Арагон, 14 рунда од светскиот шампионат во MotoGP. Педроса на тој начин ја намали предноста на сонародникот и лидер во генералниот пласман Хорхе Лоренцо од Yamaha, кој остана втор во Арагон. Како трет на целта и подиумот се најде Италијанецот Андреа Девициозо од Monster Yamaha Tech 3.

Лоренцо стартуваше од пол позицијата и имаше предност пред Педроса, кој го следеше во чекор. Педроса неколку круга по ред постојано правеше притисок врз сонародникот, по што успеа да го помине и да создаде предност од шест секунди до крајот. Андреа Довициозо го освои третото место успевајќи да се одбрани од агресивните напади на тимскиот колега Кал Крачлоу. Бен Спис од фабричкиот тим на Јамаха беше петти, додека Џонатан Риа кој го менува Стонер во Хонда, беше седми, зад Алваро Баутиста. Валентино Роси финишираше осми откако на стартот загуби неколку позиции поради контакт со Риа.

Лоренцо во моментов има 290 бода и секако е со најреални шанси да ја освои годинешнава круна. Педроса е на второто место, но сега со 33 бодови заостанување, а до крајот на сезоната има уште четири трки, па во игра се многу комбинации. По пауза од две седмици следните три трки се возат една по друга, во Јапонија на 14 октомври, Малезија – 21 октомври и во Австралија -28 октомври. Се очекува барем на дел од нив да вози и Кејси Стонер, со што би му помогнал на тимскиот колега да ја преземе титулата. Финалето на сезоната е на 11 ноември во Валенсија

Во натпреварувањето во Moto2  триумф на Пол Еспаргаро, пред Марк Маркез и Скот Рединг. Во генералниот пласман и натаму води Маркез со 258 бодови, пред Еспаргаро со 210 и Ианоне со 178 поени.

Во Мoto 3 во Арагон победа на Луис Салом, а на подиумот се најдоа Сандро Кортезе и Јонас Фолгер. Прв во генералниот пласман е Кортезе со 225, пред  Салом со 194 и Маверик Вињалес со 179 бодови.

Извор: www.avtoplus.mk

ЗА COLONIA + СО АВТО ШКОЛА “ТИ – ЛА”

COLONIA + Ви нуди брзо и квалитетно оспособување на кандидати за возачи за АБ и М категорија на моторни возила, мотори и мопеди во соработка со Авто Школата “ТИ-ЛА” од Велес. Научете да возите во една од најстарите Авто Школи во Македонија по редовна цена од 12.999 денари. Во цената се вклучени: 36 часови обукатеориска наставапробно тестирањепосредување за вадење на лекарско уверение и прва помошпомош при совладување на сите потешкотии при учење на тестовите… Возењето, освен исполнување на задоволството на единката од која потекнува ја поттикнува и потребата за извршување на секојдневните обврски. Пред почетокот на долгиот пат кој ќе го возите низ животот, се соочувате со предизвикот на тест со кој ќе докажете дека тој пат ќе го возите според одредени правила и според вашите можности. Тука доаѓа Авто Школата ТИ-ЛА” од Велес. Правилата ги обликуваат Вашите можности. Им даваат форма. Развојот на Вашите можности, преку професионални инструктори како што е Игор Чоков, достигнува степен каде слободно можете да се соочите со предизвиците на еден модерен возач. Професионалноста која е потребна да ја добиете, е и прашање на време – своевидно искуство. Но искуството што може да Ви го пренесе човек кој едноставно е посветен и специјализиран во однос на сообракајот, Ви овозможува секогаш да бидете чекор пред другите. Секако постои и можност за договор на одложено плаќање на 2 до 3 рати. За дополнителни информации Ви стојам на располагање.

**Донеси пријател (кандидат за возач), и добиј бесплатно користење на автомобил за полагање на полигон и градско возење.

Инструктор Игор Чоков,  сооб. тех. 072 274 034 (ONE оператор), 078 627 462 (VIP оператор), 043 239 373 (M.Tелеком).

е-mail:   chokov@macedonia.eu.org                                             cokov@yahoo.com

Извор: COLONIA +

Игор Спиров – Зизи го освои 4. место во отворениот Источно-Европски шампионат

Игор Спиров на Батајница

Претставникот на Мотоциклистичката федерација на Македонија и МК Гого, Игор Спиров го постигна досега најголемиот успех на македонски натпреварувач во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки. На крајот од сезоната Спиров се проби на четвртото место во генералниот пласман од класата супербајк до 600 ссм.

Во 2012 се одржаа 5 натпревари во ова престижно меѓународно натпреварување: по две трки во Плевен (Бугарија), две во Истанбул (Турција) и последната, изминатиот викенд на Батајница крај Белград (Србија). Во класата супербајк до 600 ссм настапија вкупно 38 натпреварувачи, а на крајот најуспешен беше Душан Благојевиќ (Србија), пред Ахмет Коџјигит (Турција) и Красимир Михајлов (Бугарија). Третото место му „избега“ на Спиров за само 6 бодови.

По првата половина од сезоната младиот Марин Сугарев (МК Сакамото) имаше шанса за подиум во генералниот пласман во класата спорт јуниор до 125 ссм, но поради технички проблеми на мотоциклот во Истанбул на крајот мораше да се задоволи со делба на петтото место, само еден бод зад четвртопласираниот Мартин Вугринец (Србија). Неговиот сонародник Никола Гајиќ ја освои шампионската титула во конкуренција на 23 млади мотоциклисти.

Марин Сугарев

Во класата супербајк до 1000 ссм искусниот Сашо Николов (МК Тумац) исто така заврши на делба на петтото место. Во најбројната класа годинава настапија дури 57 натпреварувачи, а најуспешен беше бугарскиот натпреварувач Димо Неделчев.

Сашо Николов – Тумац

Боите на Македонија годинава ги бранеа 8 натпреварувачи, а на крајот тимот на Мотоциклистичката федерација на Македонија го освои петтото место зад Бугарија, Србија, Романија и Турција. Вкупно 196 натпреварувачи поделени во 6 класи настапија во текот на 2012 година со што се потврди квалитетот на ова регионално натпреварување.

Извор: www.motori.com.mk

ЗА COLONIA + СО АВТО ШКОЛА “ТИ – ЛА”

COLONIA + Ви нуди брзо и квалитетно оспособување на кандидати за возачи за АБ иМ категорија на моторни возила, мотори и мопеди во соработка со Авто Школата “ТИ-ЛА” од Велес. Научете да возите во една од најстарите Авто Школи во Македонија по редовна цена од 12.999 денари. Во цената се вклучени: 36 часови обукатеориска наставапробно тестирањепосредување за вадење на лекарско уверение и прва помошпомош при совладување на сите потешкотии при учење на тестовите… Возењето, освен исполнување на задоволството на единката од која потекнува ја поттикнува и потребата за извршување на секојдневните обврски. Пред почетокот на долгиот пат кој ќе го возите низ животот, се соочувате со предизвикот на тест со кој ќе докажете дека тој пат ќе го возите според одредени правила и според вашите можности. Тука доаѓа Авто Школата ТИ-ЛА” одВелес. Правилата ги обликуваат Вашите можности. Им даваат форма. Развојот на Вашите можности, преку професионални инструктори како што е Игор Чоков, достигнува степен каде слободно можете да се соочите со предизвиците на еден модерен возач. Професионалноста која е потребна да ја добиете, е и прашање на време – своевидно искуство. Но искуството што може да Ви го пренесе човек кој едноставно е посветен и специјализиран во однос на сообракајот, Ви овозможува секогаш да бидете чекор пред другите. Секако постои и можност за договор на одложено плаќање на 2 до 3 рати. За дополнителни информации Ви стојам на располагање.