Нешнел џиографик сними документарец за чудото по име нисан гт-р (ФОТО+ВИДЕО)

Нисан гт-р, кој важи за еден од најдобрите спортски автомобили на денешницата, кој влезе во петтата година од производството, ќе биде центарот на фокусот на следната епизода на документарецот Мегафабрики (Megafactories) на телевизијата Нешнел џиографик (National Geographic), кој ќе биде премиерно прикажан на 13 декември.

Како еден од најдобрите суперавтомобили во историјата, нисан гт-р е врвниот израз на марката Нисан и неговата филозофија „Иновација за сите“, изјавиле од Нешнел џиографик. „Ова е мултидимензионална спортска машина е олицетворение на концептот за „ултимативен суперавтомобил, кој може да го вози секој, секогаш и секаде“.

Најновата епизода од популарниот серијал е снимена во фабриката на Нисан во Точиги, Јапонија, каде што ќе може да видиме како се произведува најдостапниот суперавтомобил (В6 турбобензинскиот мотор на гт-р рачно се изработува во Јокохама), а продуцентите успеале да поразговараат и со луѓето одговорни за создавањето на оваа автомобилска икона.

Погледнете го продолжениот трејлер на специјалната епизода за нисан гт-р на Нешнал џиографик.

 

Погледнете го видеото за Nissan GT-R…

 

Извор: www.mkd.mk

Advertisements

Тојота тестира „паметни“ автомобили

Тојота моментално работи на системи кои драстично ќе ги намалат сообраќајните незгоди, и ќе овозможат автомобилите да комуницираат меѓу себе и со патиштата.

Автомобилите примаат информации од сензори и предаватели кои се инсталирани на улиците, за да се минимизира ризикот од сообраќајќи во ситуации како поминување на црвено светло, пешаци кои ја поминуваат улицата и слично. Се тестира и преносот на такви информации меѓу автомобилите.

Претставници на Тојота изјавија дека технологијата на „паметни“ автомобили ќе почне да се тестира на јапонските улици од 2014-та година. Слични тестирања се планираат во САД, иако за тоа нема никакви детали.

Сите производители на автомобили развиваат безбедносна технологија за да ја зголемат вредноста на автомобилите, особено на развиените пазари во САД, Европа и Јапонија.

Конкуренцијата на Тојота, Нисан, неодамна претстави автомобили кои биле доволно „паметни“ сами да сопрат, да се паркираат и да избегнат пешаци кои неочекувано ќе им се најдат на патот.

Од Тојота велат дека технологијата наскоро ќе биде достапна, но нема официјален датум, и се претпоставува дека ќе ја имаат луксузните модели Lexus.

Професорот на Универзитетот Парма, Алберто Броги, кој е и експерт за системи за интелигентен транспорт, вели дека идејата за автомобили без ризик за несреќа е „многу актуелна“ и дека веројатно ќе стигне на патиштата за неколку години.

Извор: www.on.net.mk

Неверојатна цена: Новиот „Нисан“ за само 2300 евра

Кризата чукна на врата на апсолутно сите авто-произведувачи. Многу се предадоа, продадоа голем дел од имотот, некои сеуште  бараат начини да се извлечат.

Нисан се одлучи за нова продажна стратегија. Намалување на цените до поголем број на купувачи – стратегија која дефинитивно би требала да „запали“.

Извршниот директор на „Нисан“, Карлос Госн изјавил дека се надева дека Нисан ќе биде тој што ќе ги постави новите најниски цени. Датсун, како што некогаш се нарекувал популарниот модел на Нисан ќе чини меѓу 3 и 5 илјади долари. Со тоа ќе стане одличен конкурент на Цуру кој се продава за само 8 илјади долари.

Госн верува дека со овој потег на компанијата ќе придовие нови купувачи со плитки џебови. Мораме да признаеме имаат добри шанси за тоа.

Извор: www.denesen.mk

Microsoft неодамна го пушти Windows Embedded Automotive 7

На сета таа модерна технологија вметната под хаубите на денешните модерни автомобили и камиони, потребно и е сериозна софтверска маѓија за да функционира правилно…

Можеби не сте знаеле, и во оваа индустрија Microsoft е еден од најголемите произведувачи на битови и бајти за да можат автомобилите да се движат правилно.

Производители како Fiat, Kia и Nissan, сите користат софтвер кој произлегува од најголемиот софтверски гигант на светот.

Windows Embedded Automotive 7 вклучува технологии како што се Silverlight, која овозможува подобрување на 2D и 3D графиката и Tellme говорна технологија, која овозможува конвертирање на текст во глас во реално време и можност за одговор на текстуални порака со користење на гласовни команди.

Друга интересна иновација презентирана од Microsoft е дека 2011 Nissan Leaf touchscreen информацискиот панел (прикажан на сликата), е всушност придвижуван на технологијата Windows Embedded Automotive. Возачите ќе добијат навигациски систем со локатор на електрично полнење, и монитор за искористеноста на моќноста и следење на работата на климатизерот на автомобилот.

Само не интересира при можно закочување на компјутерот, како возачот ќе ја кликне комбинацијата Ctrl+Alt+Delete.

Извор: koli.com.mk