ОЖИВУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИТЕ ЛЕГЕНДИ НА RENAULT

Groupe CAT овласти два свои тима од експерти да ги вратат повторно на патеката легендарните Renault 4CV и Caravelle, специјално за овој викенд, кога во Гудвуд ќе се одржи трка на историски автомобили од 40-те, 50-те и 60-те години на минатиот век.

Моделот 4CV е првиот француски автомобил, од кој се продадени повеќе од милион примероци. Познат како quatre pattes (од фр. – четири шепи), тој се покажа мошне адекватен за натпреварувања. Освоен што имапе успех на 24 часа Ле Ман, се потврди и на легендарната Mille Miglia. Класичниот родстер Caravelle е доработен од тим од Саутемптон. Сигурно ако излезете со овој возбудлив автомобил по улиците ќе ги натерате луѓето да го свртат погледот кон вас.

На оваа трка на легендите ќе видиме  повеќе претставници од Mercedes-Benz и Auto-Union, па Ferrari 250GTO, кои исто така ја одбележаа автомобилската историја.

Повеќе информации побарајте на http://www.goodwood.co.uk / revival.

Извор: Avto +

40 години од создавањето на BMW M дивизијата

Во мај 1972 година, BMW ја создаде специјалната дивизија која не само што ги обликуваше следните производи на компанијата, како на патиштата така и на тркачките патеки, туку и послужи како инспирација на главните ривали (Mercedes и Audi) да го следат овој пример. Таа субдивизија е BMW Motorsport GmbH.

За време на презентацијата на M брендот во 1972 година, тогашниот член на бордот на директори во BMW, Robert A. Lutz, изјави:

“Една компанија е како човечко суштество. Се додека спортува, таа е здрава, добро подготвена, полна со ентузијазам и перформанси. Поради фактот што спортот отсекогаш бил движечка сила на BMW, а исто така додека компанијата динамично се развива во бизнис светот, беше многу логично дека треба да ги консолидираме и да се концентрираме на нашите активности во мотоспортотit.”

Во изминатите 40 години, M дивизијата, која сега официјално се нарекува BMW M GmbH, остави длабока трага во мотоспортот и креираше низа на производствени спортски автомобили во сите облици и големини.

За почеток на одбележувањето на 40-годишниот јубилеј, BMW објави избор на фотографии кој може да ги видите подолу во галеријата.

Извор: AvtoPortal