Британците произведоа бензин со помош на воздух и вода

Една мала британска компанија успеала да произведе бензин со помош на вода и воздух, со кој се надева дека еден ден ќе допринесе за производството на еколошкото гориво од широки размери.

Инженерската компанија “Air Fuel Synthesis” во Тисајд, на северот на Англија, тврди дека за три месеци создале пет литри синтетички бензин.

Технологијата се состои од издвојување на јаглен диоксид од воздухот и водород од водата и со нивно комбинирање во реактор со катализатор добија метанол со кој потоа се добива бензин.

Користејќи енергија која се обновува во овој процес, можно е да се произведе СО2 неутрално гориво кое може да се користи исто како стандардниот бензин.

“Горивото е почисто бидејќи е синтетичко” – објаснува официјалното лице на AFS, Питер Харисон.

Истражувањето е дел од двегодишниот проект кој засега чинел околу 1.6 милиони долари.

Но, “еколошкиот” бензин нема да може во блиска иднина да се појави на бензиските.

“Моментално не можеме да го произведуваме по сегашната цена на бензинот, но тоа ќе се случи. Сè што ни е потребно е енергија која се обновува, а кога нафтата ќе стане проблем, ќе бидеме во состојба да помогнеме за автомобилите и понатаму да се движат, а авионите да летаат” – вели Харисон.

AFS планира за две години да изгради фабрика која ќе произведува околу 1.200 литри специјално гориво наменето за спортските возила.

Извор: www.themen.mk

Advertisements

На повидок вештачки бензин, еколошки и поефтин

Британски научници моментално работат на усовршување на новото гориво што го развија, а кое во ист момент би било и ефтино и еколошко, пишува лондонскиот весник „Дејли мејл“….

Во прашање е гориво засновано врз водород кој при согорување не ослободува гасови на стаклената градина, а на бензиските пумпи треба да се најде за три до пет години по цена од околу 20 евроценти за литар.

Во некои акспекти, водородот е совршено гориво, вели професорото Стивен Бенингтон, научник кој раководи со овој проект. По единица тежина дава три пати повеќе енергија отколку бензинот, а при согорување произведува само вода.
Енергијата на водородот може да се искористи преку согорување на овој гас или пак при негова комбинација со кислород, во енергетските ќелии кои произведуваат електрична енергија.
Со полн резервоар „вештачки бензин“ би можело да се вози околу 500 до 600 километри, исто како и со виснинскиот бензин, а цената со сите давачки и такси би изнесувала околу 70 центи по литар, што е двојно помалку од сегашната цена.

Извор: koli.com.mk