Вака изгледа Мерцедес од иднината. (ФОТО)

„Мерцедес“ на претстојниот автомобилски саем во Лос Анџелес ќе претстави футуристички концепт на теренското возило Ener G Force.

Ener G Force концептот е развиен за натпреварувањето Design Challenge 2012 кое се одржува во рамки на Саемот за Автомобили во ЛА.

По замислата на неговиот создавач, овој концепт претставува наследник на денешната Мерцедес Г класа, за 2025 година.

 

 

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Тојота тестира „паметни“ автомобили

Тојота моментално работи на системи кои драстично ќе ги намалат сообраќајните незгоди, и ќе овозможат автомобилите да комуницираат меѓу себе и со патиштата.

Автомобилите примаат информации од сензори и предаватели кои се инсталирани на улиците, за да се минимизира ризикот од сообраќајќи во ситуации како поминување на црвено светло, пешаци кои ја поминуваат улицата и слично. Се тестира и преносот на такви информации меѓу автомобилите.

Претставници на Тојота изјавија дека технологијата на „паметни“ автомобили ќе почне да се тестира на јапонските улици од 2014-та година. Слични тестирања се планираат во САД, иако за тоа нема никакви детали.

Сите производители на автомобили развиваат безбедносна технологија за да ја зголемат вредноста на автомобилите, особено на развиените пазари во САД, Европа и Јапонија.

Конкуренцијата на Тојота, Нисан, неодамна претстави автомобили кои биле доволно „паметни“ сами да сопрат, да се паркираат и да избегнат пешаци кои неочекувано ќе им се најдат на патот.

Од Тојота велат дека технологијата наскоро ќе биде достапна, но нема официјален датум, и се претпоставува дека ќе ја имаат луксузните модели Lexus.

Професорот на Универзитетот Парма, Алберто Броги, кој е и експерт за системи за интелигентен транспорт, вели дека идејата за автомобили без ризик за несреќа е „многу актуелна“ и дека веројатно ќе стигне на патиштата за неколку години.

Извор: www.on.net.mk

Пристигнаа новите полициски Шкоди – еве како изгледаат (ФОТО)

Извор: www.kurir.mk

Пристигнуваат новите полициски возила (ФОТО)

Пристигнуваат околу 150 нови возила „шкода јети“, кои наскоро ќе станат полициски.

Според фотографиата на Утрински, во близина на Куманово, пред неколку денa два камиона ги пренесуваа чешките автомобили. Како што е познато, „Порше Македонија“ го доби тендерот на МВР, вреден околу 3,2 милиона евра, за набавка на возила што ќе ги заменат досегашните „крајслер“.

Извор: www.kurir.mk

НА УЛИЦИТЕ ВО САД ДО 2015 МИЛИОН ЕЛЕКТРОМОБИЛИ?

Американскиот претседател Барак Обама (U.S. President Barack Obama) постави цел до 2015 година на улиците во САД се најдат над милион електрични автомобили. За реализирањето на оваа идеја американската администрација ќе издвои буџет од пет милијарди долари. Во ова се вклучени и кредитите, како и донациите за производителите на овие возила и на акумулатори, за развој и изградба на станици за полнење и инфраструктура и по 7.500 долари даночни олеснувања за секој купувач.
Иако преостануваат три години до рокот што го даде претседателот Обама, експертите не веруваат дека ова ќе може да се реализира, базирајќи се на резултатите остварени во оваа сфера во САД, во изминатиот период од неполни две години. Во текот на 2011 и до септември од 2012 во САД се продадени помалку од 50.000 електрични автомобили, што е само 5% од зацртаното.

Извор: www.avtoplus.mk

ТOYOTA ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА SUPRA ЗАЕДНО СО BMW

Откако Toyota и BMW ги претставија првите планови за соработка, веќе се појавија и најави дека Јапонците сакаат да направат нов спортски автомобил заедно со баварскиот концерн.

Во интервју за Autoblog, шефот на британската филијала на Toyota, Џон Вилијамс, изјави дека компанијата започнува развој на нов модел, кој ќе биде наследник на легендарната Supra. Според Вилијамс, Toyota треба да го искористи успехот на GT86 и да се развива во соодветна насока. Новиот модел ќе биде хибрид, кој ќе располага со најсовремените технологии на Јапонците и на BMW, а во гените ќе носи ДНК на култ изведбите, како Celica, Supra и MR2.
Ова е модел што ќе биде спакуван од Јапонците, но ништо не се наведува што е тоа што BMW ќе користи од Тоyota, што е особено интересно по разводот на Баварците со Peugeot.

Извор: www.avtoplus.mk

Следната година пристига кабрио изведба на Opel Adam

Според последните гласини, најмалечкиот Opel, градскиот шик модел Adam ќе добие своја кабриолет изведба. Британскиот AutoExpress, повикувајќи се на извори од компанијата, пишува дека моделот со мек покрив бил веќе комплетиран од Mark Adams (дизајнерот на Adam) и неговиот тим и истиот ќе се појави на пазарот веќе следната година.

Поради помалите пропорции, кабриолет верзијата на Аdam, најверојатно ќе го следи примерот на кабрио изведбите на Fiat 500 и Citroen DS3 и ќе биде со склоплив платнен покрив кој ќе ги остави кровната линија и рамките на вратите непроменети. Задното ветробранско стакло ќе се повлекува рамно врз багажникот како што ќе се склопува платнениот покрив врз него, што значи дека Adam би требало да го има истиот багажен простор, но просторот на задната клупа, кој и онака е мал, ќе биде уште повеќе компромитиран.

Ако овие гласини, се испостават како точни, тогаш кабрио верзијата, својата премиера најверојатно би ја имала на женевскиот (март) или пак на саемот во Франкфурт (септември).

Извор: www.avtoportal.mk