AВТОМОБИЛИ ШТО ЗБОРУВААТ И ПРЕДУПРЕДУВААТ

Научници од Институтот за технологија во Масачусетс развиваат комуникацискиот систем кој им овозможува на возилата да добијат три-димензионална слика на улиците.
Системот ја намалува опасноста од судир со пречка или човек  за 14 пати и му овозможува на возилото “да гледа” со роботизирани очи на другите возила и препреки на патот.

Технологијата се нарекува CarSpeak и обезбедува континуирано три-димензионален поглед на регионот во кој се движи возилото, а ги користи информациите испратени од другите учесници во сообраќајот или од сензори поставени фиксно на критичните точки. Така возачите секогаш знаат што има зад аголот и можат спокојно да маневрираат, без да се загрижени дека може ненадејно да удрат во човек или друга пречка.

Во системот се обработуваат огромен број податоци кои се собираат со ласер опрема во автомобилот. Испраќањето на информациите до сите автомобили во реонот брзо се реализира преку вообичаените постоечки мрежи. Затоа системот во континуитет има преглед на делници од патот.

Извор: Avto +

Advertisements

ИНТЕРЕСНИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

ИНТЕРЕСНИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

Како изгледаат сообраќајните знаци надвор од нивната рамка…

Извор: Fakulteti.mk

720 деца до седум години биле жртви во сообраќајни несреќи во последните две и пол години

Во последните две и пол години вкупно 720 деца на возраст до седум години биле жртви во сообраќајни несреќи.

Од нив, над 10-тина го загубиле животот, а останатите се здобиле со полесни или потешки телесни повреди, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи.

Поради тоа, а со цел да се подигне нивото на знаење кај децата за нивното учество во сообраќајот изготвен е видео материјал наречен „Сообраќаен буквар“ кој ќе биде дистрибуиран во градинките и основните училишта.

Снимени се 10 видео спотови со ситуации во кои децата најчесто грешат како учесници во сообраќајот. Предавањата и појаснувањата на сообраќајниот буквар ќе ги реализираат полициските службеници во соработка со наставниците и негувателките.

– Оваа активност поздразбира изучување на основите на сообраќајната култура на интерактивен начин, низ комуникација  со полициските службеници и презентација на видео материјали. За таа цел е изготвен сообраќајниот буквар во кој се содржани сите сообраќани правила и прописи кои се прилагодени на возраста на децата, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по денешната официјална промоција на ДВД материјалот во ОУ „Ѓорѓија Пулески“.

„Сообраќајниот буквар“ ќе биде поставен на веб страницата на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.

Во првото полугодие од годинава се случиле 1.781 сообраќајна незгода што претставува намалување за 10 проценти во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани 1.973 незгоди. Во нив настрадале вкупно 2.721  лица, од кои 51 лице починало.

Најмногу незгоди предизвикале возачите, а најчеста причина за несреќата се преголемата брзина или неприлагодена брзина кон условите на патот.

Пешаците предизвикале 103 незгоди, во кои четири лица загинале, а пак, патниците осум незгоди.

Неисправната состојба на патната мрежа била причина за случување на седум незгоди, а две од сообраќајните незгоди се случиле поради останати причини.

Според возрасната структура, најмногу загинати се  лица над 60 годишна возраст.

Извор: Press 24

Промоција на двд изданието – “Сообраќаен буквар“

 

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, во рамките на отпочнувањето на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, утре (06.09) во 11,30 часот во Основното училиште “Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје, ќе присуствува на промоцијата на ДВД изданието“Сообраќаен буквар“, наменето за едукација на децата.

Предвидено е на промоцијата покрај министерката Јанкулоска да присуствуваат и министрите за образование и за труд и социјална политика Панче Кралев и Спире Ристовски, како и челните луѓе на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. По ова ќе следат изјави за медиумите.

Reflektiracki elek i baterijska lamba.

Elek:  99% od vozacite gi imaat, 0.1% gi upotrebuvaat.

Elek:  99% od lugjeto gledaat vesti ili citaat vesnik i slusaat kako ginat pesaci i velosipedisti na magistrali, 0.1% prevzemaat nesto da se zastitat sebe.

Batrijska lamba: 0.1% ja imaat, 0.0 % ja upotrebuvaat za da pokazat navecer deka se dvizat pokraj pat.

P.S. AKO RABOTITE SO CEKAN STAVETE RAKAVICI, AKO RABOTITE NA KROV ILI MONTIRATE KLIMA UREDI VRZETE SE ZA NESTO. AKO RABOTITE KAKO GRADEZNIK STAVETE ZASTITEN SLEM… I VO VRSKA SO NASATA TEMA: AKO SE DVIZITE POKRAJ PAT OBELEZETE SE “NEKAKO” SO “NESTO” !!!