Од ноќеска поевтинуваат ЕУРОСУПЕР 98 и Дизелот

Од ноќеска на полноќ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, додека дизел горивото ќе поевтини за половина денар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,50 денари за литар, додека дизел горивото 71,50. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе остане 83 денари за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати е последица на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, но и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во последниве 14 дена.

 

Извор: www.press24.mk

Advertisements

Ново поевтинување на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари, односно за 3,5 денари, а дизелот за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 85 денари за литар.

Еуродизелот ќе се продава по 72 денари за литар, а цената на екстра лесното масло, која се намалува за еден денар, ќе изнесува 61 денар за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.

Извор: kurir.mk

На повидок вештачки бензин, еколошки и поефтин

Британски научници моментално работат на усовршување на новото гориво што го развија, а кое во ист момент би било и ефтино и еколошко, пишува лондонскиот весник „Дејли мејл“….

Во прашање е гориво засновано врз водород кој при согорување не ослободува гасови на стаклената градина, а на бензиските пумпи треба да се најде за три до пет години по цена од околу 20 евроценти за литар.

Во некои акспекти, водородот е совршено гориво, вели професорото Стивен Бенингтон, научник кој раководи со овој проект. По единица тежина дава три пати повеќе енергија отколку бензинот, а при согорување произведува само вода.
Енергијата на водородот може да се искористи преку согорување на овој гас или пак при негова комбинација со кислород, во енергетските ќелии кои произведуваат електрична енергија.
Со полн резервоар „вештачки бензин“ би можело да се вози околу 500 до 600 километри, исто како и со виснинскиот бензин, а цената со сите давачки и такси би изнесувала околу 70 центи по литар, што е двојно помалку од сегашната цена.

Извор: koli.com.mk