Природниот гас поевтинува за шест денари

Компанијата Макпетрол а.д. Скопје ја намали цената на природниот гас за стопанството за 6,23 денари.

Природниот гас поевтинува за шест денари

Новата цена изнесува 30,03 денари за кубен метар гас за разлика од досегашните 36,26 денари.

Според компанијата, споредено со минатиот месец намалувањето е за 17,18 проценти.

Причина за намалувањето е пониската набавна цена на гасот за првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал од минатата година за 14,3 проценти, односно цената од 579 долари за 1.000 метри кубни се намалува на 496 долари, соопшти „Макпетрол“.

 

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Плинот поевтинува за 10,5 отсто од Нова година

Плинот ќе поефтини од 2013 година. Нафтената компанијата „Макпетрол“, која увезува гас од рускиот гигант Гаспром, денеска извести дека успеале да договорат цена која е 10,45 отсто пониска од претходната.

Плинот поевтинува за 10,5 отсто од Нова година

Од 1 јануари 2013 година, цената на природниот гас за Македонија ќе се намали за 10,45 отсто, a oва е резултат на преговорите кои „Макпетрол” ги водеше со својот руски партнер Гаспром Експорт неодамна во Москва, се вели во соопштението.

Моменталната цена на еден кубен метар природен гас за тарифните потрошувачи изнесува околу 36 денари.

 

 

Извор: www.kurir.mk

Поевтинуваат бензините и дизелот

Бензините од полноќ поевтинуваат за 2 денари, а дизел горивата за 1 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 88 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе се продава за 73,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 62 денари за литар.

Со оваа одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 %, односно за 1,87 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати.

Извор: Kurir.mk

Дали е реална сегашната цена на нафтата!?

Да се направи анализа на цената на нафтените деривати и ако е можно да се формира нова цена за да се спречат сите шпекулации околу ценовните коригирања на горивата.

По бизнисмените и експертите се се погласни за спречување на нафтените шокови Растот на цената на енергенсите е една од најголемите опасности за македонската економија. Ова негативно влијае врз трговскиот дефицит кој се прогнозира да достигне и до 22% од БДП до крајот на годината сметаат економистите.
Клучен момент за Македонија е дали Германија како најголем трговски партнер во последниот квартал ќе влезе во рецесија. Ако германската економија забележи негатива тогаш се смета дека стопанството ќе се соочи со дополнителни шокови. Од Владата велат дека се преземаат краткорочни мерки за спречување на поголеми штети во домашната економија.
Кризата во Европа нема крај, бројките покажуваат дека досега Европа изгубила околу 20 илјади милијарди долари. За домашните компании да го намалат влијанието од кризата особено се значајни поволните кредитни услови, зголемување на конкурентноста, формирање на брендови и наоѓање на нови пазари, повратот на ДДВ, сметаат експертите.

Извор: Канал 5

КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ ГОРИВО!

Возењето е потреба, а со секојдневното покачување на цените на горивата, полека и сигурно за некои возачи ќе стане и луксуз. За тоа како да заштедите гориво а со тоа и пари, следете ги следниве совети:

1. Слабо напумпаните гуми секогаш ја зголемуваат потрошувачката. Затоа би требало често да гo проверувате притисокот во гумите.

2. Кога застанувате, на пример пред семафор, возете во брзина, а не со притиснат кумплуг.

3. Точете гориво кога резерварот е до половина. Кога резерварот е на резерва или скоро празен во него има многу воздух, па така исто како кога точите со голема брзина горивото испарува, истото се случува и тука.

4. Непотребно не уклучувајте разни уреди кои ја зголемуваат потрошувачката – клима, грејач на стакла, грејач на седишта, итн.

5. Поврзувајте ги дестинациите, бидејќи возењето на кратки релации предизвикува поголема потрошувачка.

6. Точете гориво наутро. Температурата наутро е значително пониска, со што густината на горивото се зголемува. Со тоа ќе добиете повеќе гориво во однос на количината што ја добивате кога темературата е повисока.

7. Немојте возилото беспотребно да го оптеретувате – ослободете го од сите непотребни работи кои ги превезувате.

8. Возете со ниски вртежи (обртаи, не надминувајте 2.500 вртежи), рано префрлувајте во повисок степен (брзина).

9. При долги застанувања исклучете го моторот.

10. Не возете со отворени прозори- струењето на воздухот ја смалува аеродинамиката. Не убрзувајте и не кочете беспотребно, одржувајте темпо на возење.