ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

Извор: www.kurir.mk

Казни за возење без зимска опрема од денес

Законската обврска за поседување зимска опрема во возилата стапува во сила од денес.

Од Авто Мото Сојузот на Македонија информираат дека обврската важи без оглед на моментната временска состојба. Под зимска опрема се подразбираат гуми за зимска употреба на погонските тркала, односно радиални пневматици на сите тркала или пневматици со летен профил, чија длабочина на шарата изнесува 4 мм, ако во возилото во приборот има синџири за погонски тркала, а за автобуси и товарни возила и лопата.

Законската обврска за носење зимска опрема во возилата ќе трае до 15 март следната година.

Извор: www.kurir.mk

Видео тест на летни, зимски и allseason гуми

Погледнете го тестов за да видите како зимските гуми се крајно подобри од летните и all season гумите на мраз…

Секоја зима, меѓу возачите, се прават истите муабети и дилеми дали да се променат летните гуми во зимски, да се продолжи со нив или едноставно да се стават all-season гуми и крај на приказната.

За доказ дека не за џабе постојат зимските гуми, и кои се нивните вистински предности, направен е тест на три автомобили по мраз. Автомобилите се идентични, а се разликуваат освен по бојата на каросеријата (за разликување) и видот на гумите: еден автомобил е со летни, другиот е со all-season , а третиот е со зимски гуми гуми. Тестот се одвива во три дисциплини – забрзување, застанување и возење во кривина.
Забрзување: Црвениот автомобил опремен со летни гуми забрза до половина клизалиште и закочи за 7,4 секунди. Сребрениот автомобил опремен со all-season гуми истото го направи за 6,5 секунди. Темно-синиот автомобил опремен со зимски гуми за истото расојание му беа потребни само 4,5 секунди.
Застанување : Во оваа дисциплина се мереше патот на застанување на возилата кои се движеа при брзина од 16 km/h. Автомобилот со летни гуми има пат на застанува од 14,33 метри, со all-season гуми од 12,14 метри, а со зимски гуми патот на застанување изнесуваше само 6,65 метри.
Возење во кривина: Возилата требаа да завртат кривина под агол од 90 степени при брзина од 16 km/h. Автомобилот со летни гуми ја загуби тракцијата уште при влегувањето во кривината и речиси продолжи право, а вклучената динамична контрола на безбедност не помогна многу. Автомобилот со all-season гуми во истата ситуација се однесуваше многу подобро и стаса до половина кривина пред да излера од неа и покрај помош на електрониката. Автомобилот со зимски гуми успешно ја заврти кривината без губење на тракцијата и разлика од првите два автомобили не сруши ниту еден контролен стуб кој ја означуваше замислената кривина.

Run-Flat технологија


Run-Flat е технологија која овозможува пневматикот да се спротивстави на ефектите на дефлација кога истиот е пробиен и воедно да овозможи на возилото да продолжи да биде управувано со намалена брзина (90 km/h), за ограничено растојание до 100 km (во зависност од видот на пневматикот).

Примарниот бенефит од користењето на овој тип на пневматици е континуираната подвижност на возилото и покрај издишувањето на пневматикот. Исто така при големи брзини е овозможено безбедно намалување на брзината и запирање на возилото. Многу важна придобивка е и тоа што нема потреба од резервно тркало, што значи помала тежина на возилото и намалување на потрошувачката и повеќе простор во багажникот.

Постојат три основни вида на Run-Flat технологија:

Self-supporting – Самоподржувачки пневматик (најзастапен систем)
Овој тип на пневматици има посебно засилување на страничните ѕидови и посебни конци кои се отпорни на високи температури, а исто така има прстен кој го држи бандажот прилепен за пневматикот, што значи дека во случај на оштетување, воздухот од пневматикот излегува и засилените делови го превземаат оптоварувањето.

Позитивно кај овој систем е тоа што овие пневматици се способни да ја носат тежината на возилото одреден период на возење со брзини до 80 km/h. Сепак ако оштетувањето е на страничниот ѕид тогаш нема можност за нивна поправање. Исто така подебелиот страничен ѕид значи поголема потрошувачка и возењето е потврдо. Овој вид на пневматици ги применува BMW во соработка со Bridgestone. Со овој систем на пневматици задолжително се користи и систем за мониторинг на притисок на гумите.

Self-sealing – Самозапечатувачки пневматик
Содржи внатрешен слој од материјал кој во случај на оштетување на ѕидот на пневматикот се активира и не дозволува воздухот да излезе надвор или драстично го успорува издишувањето на пневматикот. Тука спаѓаат сите комерцијални пакети (китови) за поправка на гуми – тие обично се вбризгуваат низ вентилот на тркалото а потоа со возење центрифугалните сили ја распоредуваат смесата во гумата која ја затвора дупката на пневматикот и не дозволува воздухот да излезе.

Auxiliary-supported – Самоподдржувачки пневматик со додатна поддршка
Најчесто се користи кај воени и блиндирани возила и има за цел да издржи повеќекратни оштетувања. Кај овој систем има додатен прстен околу бандажот кој го превзема товарот на возилото. Ова е најскапа технологија и поради тоа нема широка примена.