ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Казни за возење без зимска опрема од денес

Законската обврска за поседување зимска опрема во возилата стапува во сила од денес.

Од Авто Мото Сојузот на Македонија информираат дека обврската важи без оглед на моментната временска состојба. Под зимска опрема се подразбираат гуми за зимска употреба на погонските тркала, односно радиални пневматици на сите тркала или пневматици со летен профил, чија длабочина на шарата изнесува 4 мм, ако во возилото во приборот има синџири за погонски тркала, а за автобуси и товарни возила и лопата.

Законската обврска за носење зимска опрема во возилата ќе трае до 15 март следната година.

Извор: www.kurir.mk

Видео тест на летни, зимски и allseason гуми

Погледнете го тестов за да видите како зимските гуми се крајно подобри од летните и all season гумите на мраз…

Секоја зима, меѓу возачите, се прават истите муабети и дилеми дали да се променат летните гуми во зимски, да се продолжи со нив или едноставно да се стават all-season гуми и крај на приказната.

За доказ дека не за џабе постојат зимските гуми, и кои се нивните вистински предности, направен е тест на три автомобили по мраз. Автомобилите се идентични, а се разликуваат освен по бојата на каросеријата (за разликување) и видот на гумите: еден автомобил е со летни, другиот е со all-season , а третиот е со зимски гуми гуми. Тестот се одвива во три дисциплини – забрзување, застанување и возење во кривина.
Забрзување: Црвениот автомобил опремен со летни гуми забрза до половина клизалиште и закочи за 7,4 секунди. Сребрениот автомобил опремен со all-season гуми истото го направи за 6,5 секунди. Темно-синиот автомобил опремен со зимски гуми за истото расојание му беа потребни само 4,5 секунди.
Застанување : Во оваа дисциплина се мереше патот на застанување на возилата кои се движеа при брзина од 16 km/h. Автомобилот со летни гуми има пат на застанува од 14,33 метри, со all-season гуми од 12,14 метри, а со зимски гуми патот на застанување изнесуваше само 6,65 метри.
Возење во кривина: Возилата требаа да завртат кривина под агол од 90 степени при брзина од 16 km/h. Автомобилот со летни гуми ја загуби тракцијата уште при влегувањето во кривината и речиси продолжи право, а вклучената динамична контрола на безбедност не помогна многу. Автомобилот со all-season гуми во истата ситуација се однесуваше многу подобро и стаса до половина кривина пред да излера од неа и покрај помош на електрониката. Автомобилот со зимски гуми успешно ја заврти кривината без губење на тракцијата и разлика од првите два автомобили не сруши ниту еден контролен стуб кој ја означуваше замислената кривина.

ДЕСЕТ ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Десет “златни правила” на ФИА за безбедно возење.

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) и легендарниот лидер на “Ферари”, поранешни шампиони, Жан на Тод, изјави дека ” неприфатливо е земја со помалку од осум милиони луѓе годишно да има речиси 1.000 смртни случаи на патиштата” и вели дека не е доволно еднаш да се положи и да се добие дозвола.

Статистиката во Македонија вели дека во просек имаме 8 жртви од сообраќајна незгода на 100.000 луѓе, процент кој се смета за многу висок.

1.  Ќе го користам сигурносниот ремен (јас сум одговорен за сите патници)

2.  Ќе го почитувам законот и правилата за безбедност на патиштата (процедурите служат да не заштитат сите нас)

3.  Ќе го почитувам ограничувањето на брзината (мојот автомобил е направен од метал, но пешаците и децата не се)

4.  Ќе ја проверувам состојбата на пневматиците(Длабочината на шарите и пропишаниот притисок,вклучувајќи и резервна гума)

5.  Ќе бидам трезен кога ќе возам (при користење алкохол или дрога, претставувам опасност на патот)

6.  Ќе ги штитам моите деца  (Ќе обезбедам сигурност за нив, детски седишта)

7.  Ќе бидам внимателен (нема да го користам мобилниот телефон за повици и пораки, бидејќи тоа е опасно)

8.  Ќе направам пауза кога сум уморен/а (Подобро е да пристигнам подоцна, одколку да не пристигнам)

9.  Дека ќе носам заштитен шлем (кацига) (Моторите и велосипедите не може да ја заштитат мојата глава)

10.Дека ќе бидам љубезен и внимателен кога возам (Ќе ги почитувам другите возачи). Црните бројки “говорат” повеќе од зборовите.

Run-Flat технологија


Run-Flat е технологија која овозможува пневматикот да се спротивстави на ефектите на дефлација кога истиот е пробиен и воедно да овозможи на возилото да продолжи да биде управувано со намалена брзина (90 km/h), за ограничено растојание до 100 km (во зависност од видот на пневматикот).

Примарниот бенефит од користењето на овој тип на пневматици е континуираната подвижност на возилото и покрај издишувањето на пневматикот. Исто така при големи брзини е овозможено безбедно намалување на брзината и запирање на возилото. Многу важна придобивка е и тоа што нема потреба од резервно тркало, што значи помала тежина на возилото и намалување на потрошувачката и повеќе простор во багажникот.

Постојат три основни вида на Run-Flat технологија:

Self-supporting – Самоподржувачки пневматик (најзастапен систем)
Овој тип на пневматици има посебно засилување на страничните ѕидови и посебни конци кои се отпорни на високи температури, а исто така има прстен кој го држи бандажот прилепен за пневматикот, што значи дека во случај на оштетување, воздухот од пневматикот излегува и засилените делови го превземаат оптоварувањето.

Позитивно кај овој систем е тоа што овие пневматици се способни да ја носат тежината на возилото одреден период на возење со брзини до 80 km/h. Сепак ако оштетувањето е на страничниот ѕид тогаш нема можност за нивна поправање. Исто така подебелиот страничен ѕид значи поголема потрошувачка и возењето е потврдо. Овој вид на пневматици ги применува BMW во соработка со Bridgestone. Со овој систем на пневматици задолжително се користи и систем за мониторинг на притисок на гумите.

Self-sealing – Самозапечатувачки пневматик
Содржи внатрешен слој од материјал кој во случај на оштетување на ѕидот на пневматикот се активира и не дозволува воздухот да излезе надвор или драстично го успорува издишувањето на пневматикот. Тука спаѓаат сите комерцијални пакети (китови) за поправка на гуми – тие обично се вбризгуваат низ вентилот на тркалото а потоа со возење центрифугалните сили ја распоредуваат смесата во гумата која ја затвора дупката на пневматикот и не дозволува воздухот да излезе.

Auxiliary-supported – Самоподдржувачки пневматик со додатна поддршка
Најчесто се користи кај воени и блиндирани возила и има за цел да издржи повеќекратни оштетувања. Кај овој систем има додатен прстен околу бандажот кој го превзема товарот на возилото. Ова е најскапа технологија и поради тоа нема широка примена.

ADAC тест на летни пневматици 2012

ADAC тест на летни пневматици 2012

Престижната германска асоцијација ADAC и други европски клубови, традиционално тестираа пневматици кои се најзастапени на пазарите ширум Европа. Опфатени беа пневматици со димензии 165/70 R14 и 205/55 R16, како и пневматици за компактните SUV модели со димензија 215/55 R16.

При тестирањето во предвид се земени 5 клучни карактеристики (кај пневматиците за SUV, 6 карактеристики), од кои со 40 проценти, за најважно се смета однесувањето на пневматикот по влажна подлога. Сувата подлога носи 20 проценти од вкупните поени, како и трајноста на пневматикот, а со по 10 проценти во вкупниот збир учествуваат бучноста и влијанието врз потрошувачката на гориво. Кај пневматиците за SUV возила, кај процентите има една промена, па така 35 поценти отпаѓаат на влажниот пат, а преостанатите 5, на офроуд способностите на гумата.

Оцените кои се наоѓаат во табелите се според следниот редослед:

165/70 R14 T

Димензијата 165/70 R14 T е една од најпопуларните на нашиот пазар. Станува збор за димензија која одговара за малите градски автомобили како Fiat Punto, Ford Fiesta, VW Polo, Citroën C3… Од оваа група на пневматици само една гума не ја доби највисоката оцена, но затоа една третина од нив беа оценети со “мн. добар” и само еден пневматик беше оценет како “незадоволителен”. Најдобро рангирани пневматици од оваа димензија се од производителите Continental, Michelin, Apollо и Barum.

Најголемо изненадување е секако Аpollo Amazer 3G Maxx, кој заедно со Michelin имаа најдобри резултати на влажна подлога, а тоа што го спречи индискиот производител од подобра крајна оцена беше поголемата бучава од конкуренцијата.

Најлошо поминаа, за нас непознатите Infinity, кои според она што го наведува ADAC веќе не се произведуваат, но сеуште се комерцијално достапни. Еден вид разочарување се пневматиците на Goodyear, Dunlop и Yokohama кои според своето реноме мораа да се најдат барем на едно скалило погоре.

205/55 R16 V

Димензијата 205/55 R16 V, во најголемиот дел се користи за возилата од компактната класа, како што се VW Golf, Ford Focus, Mazda 3, Renault Megane итн. Кај оваа димензија исто така нема пневматик кој е оценет со “одличен”, но за разлика од претходната димензија, во оваа група нема пневматик кој е оценет со најлошата оценка. На врвот повторно е Continental, a “минусот” заработен поради претходната димензија го поправаат Dunlop и Goodyear. Првата петка ја заокружуваат Bridgestone и за нашиот пазар малку подзаборавените Semperit.

Кај оваа димензија најголемо изненадување е C Formula, со најдобра оцена за трошење на пневматикот, што практично беше клучно, пневматикот да се најде на средина на листата.

215/65 R16 H

Kај димензијата 215/65 R16 H, за тест беа земени пневматици од само 7 производители. Сигурни сме дека во наредните години оваа димензија ќе стане уште попопуларна и дека на тестовите се повеќе ќе и се посветува внимание пред се поради фактот што компактните SUV возила се во експанзија. Станува збор за модели како VW Tiguan, Ford Kuga, Opel Antara, Peugeot 4007 итн.

Од оваа димензија, само два производители добија оценка “мн. добар”, Sava ја доби најлошата оценка, а останатите четири производители добија просечна оценка – “добар”. Најдобри пневматици и во оваа група беа оние на Continental, a истата оценка ја доби и Pirelli. Vredestein се покажа како најдбоар пневматик за сува и мокра подлога, но трајноста и бучавата не беа на завидно ниво за да биде повисоко оценет.