НА ПРОДАЖБА Е DAEWOO TICO PM ASH TNG 1994… (ПРОДАДЕНО)

ПРОДАДЕНО

DAEWOO  TICO  PM ASH TNG  1994

Возилото е во исклучително одлична состојба во целина. Не е таксирано. Користено е како возило за обука во Авто Школа. Поседува плински уред LANDIRENZO со а-тест.

Daewoo TICO PMASH TNG

 Уредно и редовно сервисирано со поминати реални 154 170 км, а неодамна скоро целосно репарирано, со ремонтиран мотор пред не повеќе од 4.000 км – 6.000 км, со солидно нови гуми Debica Navigator, со неодамна заменето: уље, филтер за уље, уље во мењач, филтер за воздух, антифриз, сервисирани сопирачки (плочки + гуртни), променет ребраст ремен, клинест ремен и со компен сервис на плинскиот уред  LANDIRENZO. 

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

НАПОМЕНА! Возилото поседува а-тестирани паралелни десни “двојни команди”, и е погодно за користење во Авто Школа. Извршен контролен технички преглед пред три месеци, а е регистрирано до крајот на Септември 2013.

ЦЕНА 850 e.

ЦЕНАТА НЕ Е ФИКСНА!

ИНФО ТЕЛ: 072 274 034 , 078 627 462  ИГОР, ВЕЛЕС

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Daewoo TICO PM ASH TNG 1994

Advertisements

Не верувајте на бројките од километражата.

Километражата е вратена најмалку на секој трет половен автомобил…

Не верувајте на бројките од километражата.

При купување на половен автомобил, прво почнете со проверка на лимаријата – таа е и најбитниот дел од автомобилот. Во секој случај е подобро да купите автомобил со оригиналната боја, дури и ако е малку оштетена (ситни гребаници, на пример од паркинг просторите).

Со ист степен на сомнеж треба да се согледаат и оштетен волан и рачка од менувачот. Седиштата, со долготрајна употреба, се деформираат до одреден степен – тоа е и најчесто знак дека автомобилот има поминато повеќе од декларираната километража. Сомнителен е исто така и свежо исперен мотор, затоа што тоа е начин да се скријат трагите од потечено моторно масло, доколку моторот пропушта одредена количина. Но, и покрај тоа, контролата на моторот е лесна – во место моторот треба да работи мирно, без вибрации.

Немојте да се залажувате дека тоj дефект на моторот од сличен карактер е лесно за поправање – по правило тоа значи губење на силата на моторот и откажување на еден или два цилиндри. Автомобилот мора да ја прима гаста рамномарно, без чадење издувот, со сина или црна боја. Тоа најдобро се проверува преку мерење на компресијата на моторот. Компресијата треба да се провери кај механичар, кој може да прегледа и се останато, што е битно за нормално функционирање на автомобилот. Издувниот систем, односно последниот негов дел (задниот лонец), како и дисковите – укажуваат на претерано оптеретување на автомобилот.

Пробното возење е, секако, неминовна работа. Авотмобилот мора да држи правец и на прав пат не смее ниту малку да “влече” на страна. Кочниците треба да “фаќаат” рамномерно, без вибрации и тресење. Амортизерите се проверуваат со едноставно притискање на крилата – доколку се добри амотризерите, автомобилот треба да престане веднаш да се “лула”.

Неправилноста и оштетувањето на потпирањето (амортизацијата) може да се увиди од нерамномерно абење на гумите, па доколку автомобилот има нови гуми, дополнително внимавајте. Во секој случај, не заборавајте – Вие, како купувач, сте во неспоредливо подобра ситуација од продавачот.

Нереално ниската цена на автомобили што се мета на крадците најчесто (VW Golf, Passat, Audi A4 и A6, BMW Серија 3, 5 и X5, Mercedes E…), исто така може да е показател за нешто сомнително. Дополнително, доколку стаклото не е оригиналното, како и воланот и пластиките околу воланот – најдобар совет е, едноставно да побарате друг автомобил. Тоа се деловите од автомобилот кои најчесто се оштетуваат при кражба, а потоа се заменуваат со нови. Во една ваква ситуација, најдобро е да го проверите автомобилот во службите на МВР.

Извор: www.koli.com.mk