СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

avtopat-500

понеделник, 21 јануари 2013 06:08:41


СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Според најновите информации добиени од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат сите патни правци. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

Advertisements

Апел до сите учесници од сообраќајот од РСБСП

Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира до сите учесници во сообраќајот да обрнат посебно внимание на сложените услови за одвивање на сообраќајот за време на зимскиот период. Во продолжение проследете ги во целост препораките упатени до учесниците во сообраќајот.

getimagethumbnail2

Препорачуваме, во секоја можна пригода да се користи градски или јавен превоз.

Возачите на моторни возила треба да обрнат посебно внимание на одржување на техничката исправност на своите возила.

Препорачуваме употреба на зимски гуми, заради зголемената безбедност при управување со возилото.

Поседувањето на комплетна зимска опрема е задолжително.

Пред возење, по потреба, возилото треба темелно да биде исчистено од снег и мраз, а стаклата од замагленост.

Потребна е добра проценка на состојбата на коловозот при учество во сообраќај, заради можноста за снежни наноси и голомразица, кои се основни причини за сообраќајни незгоди во овој период.

Брзината на движење и растојанието помеѓу возилата мора да биде прилагодено на условите на патот, а будноста и свесноста за движењето на останатите учесници во сообраќајот да биде на високо ниво.

Доколку се патува вон градските средини, потребно е навремено да се провери состојбата на тој патен правец. За таа цел, најпогодна е консултација на телефонскиот број на АМСМ,15 555.

Во случај за потреба од помош на пат, обратете се на телефонскиот број 196.

Еве зошто зимската опрема е неопходна (ВИДЕО)

Еден голем шлепер повлекол со себе влечно возило во 200 метри длабоката провалија во Леифјорд во Норвешка, лизнувајќи се од автопатот прекриен со снег.

Еве зошто зимската опрема е неопходна.

Видеото делува застрашувачки, но за среќа никој не го загубил животот!

Се се случило минатата зима, но несреќата е добар потсетник за тоа што се случува кога немате зимска опрема во возилото.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО !!! 

 

Извор: www.kurir.mk

Како се вози кога има магла?

Од АМСМ деновиве препорачуваат внимателно возење заради појавата на магла и намалената видливост на дел од патните правци. Еве неколку корисни совети за тоа како да возите кога има магла, кои што секако нема да ви бидат на одмет.

Како се вози кога има магла???

За безбедно возење низ магла најважно е да имате исправни фарови за да бидете забележани на патот. Во магла се користат кратки светла за осветлување на патот или специјални светла за магла, а може и двете истовремено.

Има возачи што не знаат како правилно се користат светлата за магла. Тие се вклучуваат само за време на намалена видливост за време на дожд, снег и магла. Во никој случај не треба да се користат во други прилики, на пример, ноќе, затоа што им пречат на останатите возачи.

Второто важно правило е да возите бавно. Најмногу 50 километри на час, но често ниту таа брзина не е возможна. Неопходно е да забавите кога ќе забележите возило пред вас затоа што заради намалената видливост тешко ќе процените дали тоа стои или се движи. Кога маглата е густа најчестите верижни судири се случуваат токму заради задоцнетото забележување на другите автомобили.

Исто така не се препорачува ниту претекнувањето, затоа што возилото што оди во спротивна насока тешко можете да го забележите, а оддалеченоста и брзината на автомобилот што го претекнувате исто така неможете точно да ја утврдите кога е намалена видливоста. Затоа немојте да се нервирате кога некој пред вас „лази“ и не обидувајте се да го заобиколите.

Исто така, зголемете го растојанието, сконцентрирајте се, ако е можно не разговарајте со останатите во автомобилот, намалете го тонот на музиката.

Ако сте се решиле да застанете и да почекате да се разведри во никој случај не заборавајте да ги оставите светлата на автомобилот вклучени.

 

 

Извор: www.kurir.mk

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

Извор: www.kurir.mk

Одронот на регионалниот пат Ресен-Стење се расчистуваше седум часа

Екипите на „Македонија пат“ седум часа го расчистувале одронот кај Сирхан…

Одронот на регионалниот пат Ресен-Стење се расчистуваше седум часа

Расчистувањето траеше седум часа, односно од 23 часот синоќа до 6 часот утрово, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување во Ресен.

Лавината од карпи и земја се срушила на еден километар од туристичкото одморалиште Отешево и ги зафатила двете коловозни ленти од рагионалниот пат,поради што патот бил непрооден цели десет часа.

Извор: www.press24.mk

Од вторник повеќе снег и температури до минус 10!

Снег, студ и невреме. Од вторник ќе врне повеќе снег и ќе биде многу студено. Наутро температурата ќе се спушти до – 10, а преку ден ќе биде од -2 до 4 степени Целзиусови.

Од вторник повеќе снег и температури до минус 10!

Најмногу снег до сега наврнало во Лазарополе, 52 сантиметри.

– Во западните предели и тоа планинските, имаме повисока снежна покривка. Од мерењата кои што ги имаме, највисока е во Лазараполе 52 сантиметри, во Маврови Анови 40 сантиметри, 23 во Крушево, а во градовите најмногу имаме во Тетово- 20 сантиметри. Денеска веќе имаме послаби врнежи од снег, повеќе имаме ветровито и студено време особено силен ветер дува долж Повардарието, како и во Пелагонија, вели за Канал 5 Ленче Ризова од УХМР.

Снегот предизвика проблеми и на патните правци низ државава. Од АМСМ апелираат без потреба да не се патува.

 

Извор: www.kurir.mk