Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија изврши корекција на цената на горивата. Од полноќ бензинот поскапува за денар и половина, а дизелот за половина денар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари по литар, односно за 1 денар по литар. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 80,00 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 изнесува 81,50 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,00 денар.

Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се зголемува за 0,520 ден/кг, и ќе изнесува 42,937 ден/кг.

 

Извор: www.kanal5.com.mk

Advertisements

Од полноќ бензинот ќе поевтини за 4,5 – дизелот за 1,5 денари

Од ноќеска по полноќ поевтинуваат бензинот и дизелот.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ ќе бидат поевтини за 4,50 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 78,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 пак 80,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,50 денари односно дизелот ќе изнесува 72 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе лини 60,50 денари за литар.

 

Извор: www.press24.mk

Од ноќеска поевтинуваат ЕУРОСУПЕР 98 и Дизелот

Од ноќеска на полноќ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, додека дизел горивото ќе поевтини за половина денар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,50 денари за литар, додека дизел горивото 71,50. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе остане 83 денари за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати е последица на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, но и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во последниве 14 дена.

 

Извор: www.press24.mk