ФЕРАРИ ПО СТАПКИТЕ НА РЕНО И МЕРЦЕДЕС

Деновиве на сајтот на Ферари е објавено дека тимот веќе почнал со тестови на моторот за 2014 година. Лука Мраморини, шефот на одделот за мотори и електрониката вели дека неговиот тим добро напредува со својата работа на сите мотори, почнувајќи од оваа сезона, за следната, како и новите турбо В6 мотори.
Другите производители на Ф1 мотори, Рено и Мерцедес, се верува дека веќе ги имаат започнато тестовите на нивните нови В6 мотори. За разлика од нив судбината на независниот снабдувач PURE останува неизвесна, откако компанијата го стопираше развојот на нивниот мотор претходно овој месец, поради тешкотии во финансирањето. Исто така не е јасно дали или не Косворт ќе изберат да инвестираат во скапиот развој на мотор за 2014 година.

Извор: mkformula1

Advertisements

ОЖИВУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИТЕ ЛЕГЕНДИ НА RENAULT

Groupe CAT овласти два свои тима од експерти да ги вратат повторно на патеката легендарните Renault 4CV и Caravelle, специјално за овој викенд, кога во Гудвуд ќе се одржи трка на историски автомобили од 40-те, 50-те и 60-те години на минатиот век.

Моделот 4CV е првиот француски автомобил, од кој се продадени повеќе од милион примероци. Познат како quatre pattes (од фр. – четири шепи), тој се покажа мошне адекватен за натпреварувања. Освоен што имапе успех на 24 часа Ле Ман, се потврди и на легендарната Mille Miglia. Класичниот родстер Caravelle е доработен од тим од Саутемптон. Сигурно ако излезете со овој возбудлив автомобил по улиците ќе ги натерате луѓето да го свртат погледот кон вас.

На оваа трка на легендите ќе видиме  повеќе претставници од Mercedes-Benz и Auto-Union, па Ferrari 250GTO, кои исто така ја одбележаа автомобилската историја.

Повеќе информации побарајте на http://www.goodwood.co.uk / revival.

Извор: Avto +

ПАПАТА ДОБИ ЕЛЕКТРОМОБИЛ ОД RENAULT

Францускиот производител на автомобили, Renault, кој има најголема гама од  електрични модели на возила во светот, му подари специјална верзија на Kangoo Maxi ZE на Папата Бенедикт XVI. Уште еден електричен автомобил, развиен заеднички од Renault и Gruau, доби и жандармеријата на Ватикан.

Уникатниот електричен Renault Kangoo Maxi ZE е дизајниран специјално според потребите на Папата Бенедикт XVI. Автомобилот е долг 4,6 и е висок 1,8 метри. Погонот се остварува преку електромотор со моќност од 60 коњски сили, а автономијата на автомобилот е 170 километри.

Единствени за електромобилот на Папата Бенедикт XVI се единечните седишта, покрив што се отвора, задните странични стакла, кои може да се отстранат целосно независно од конструкцијата, механизам за потпирање на задните врати, дополнителните надворешни скалила со електрично управување и друго.

Извор: Avto +

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА SMART ВО ФРАНКФУРТ.

По подолго време на подготвување, Daimler веќе ги скрои плановите за претставување на новата генерација на Smart.

Направен во соработка со Renault, новиот супермал градски автомобил своето присуство на пазарот ќе го најави најпрво со концепт на салонот во Париз есенва, а финалната производствена верзија ќе се чува за најпрестижната изложба на германската автомобилска индустрија, салонот на автомобилите во Франкфурт идната година. Според непотврдените информации, истовремено ќе бидат претставени и двете верзии на Smart кои се подготвуваат – ForTwo со две и поголемиот ForFour со четири седишта. И двата модела ќе имаат механика развиена во партнерство со Renault, како резултат на соработката која двата производитела ја договорија во 2010 година. Се очекува како основа на нивниот дизајн да бидат искористени студиите ForVision од Франкфурт 2011 и ForUs од годинешниот салон во Детроит.

Извор: Avto +