ВИДЕО КАМЕРИ НА ПАТНАТА МРЕЖА,
ПАТАРИНИТЕ И ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Автономијата е се уште голем проблем на електричните автомобили и затоа нивните сопственици се снаоѓаат на различни начини да не останат без „гориво“.
Американецот Kaveh Kamooneh, чекајќи го својот син да заврши со тенискиот тренинг, го приклучил својот Nissan Leaf на електричен штекер на школото пред кое чекал. Некој сметал дека тоа не е во ред, па го пријавил човекот во полицијата. Сините дошле, направиле увид и го пуштиле човекот без казна, со предупредување тоа повеќе да не го прави…
Извор: www.visokioktani.mk
Espresso Veloce Serie Titanio V12 апарат за кафе е филигрански изведено уметничко дело, кое со гаранција ќе биде најинтересниот предмет во секоја кујна.
Апаратот се состои од 90 компоненти, направени од титаниум, нерѓосувачки челик и алуминиум. Дизајнот е инспириран од моторите на „Формула 1“ и при тоа се мислело на секој детаљ… (прочитај повеќе) + (фото)
Извор: www.visokioktani.mk
Компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од годинава ќе испратат свои претставници во Македонија за да се финализираат договорите за изградба на фабрики во земјава.
Дирекцијата за Технолошко индустриски зони изјавува дека ова е најавено на средбата на директорот на Дирекцијата Виктор Мизо за време на Automotive News World Congress, кој се одржува во Детроит за време на NAIAS – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка… (прочитај повеќе)
Извор: www.press24.mk
Во присуство на министрите за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патиштa Љупчо Георгиевски денеска во Автомото сојузот на Македонија отпочна имплементацијата на меѓународниот проект „СЕНЗОР“ за безбедносна процена на автопатските рути во Југоисточна Европа – ЈИЕ и во Република Македонија…
Извор: www.telma.mk
За оваа година највисока количина на алкохол во крвта кај возач била откриена при контрола извршена од страна на полицијата на автопат… (прочитај повеќе)
Извор: www.press24.mk
Колку возачката обука влијае врз безбедноста во сообраќајот?
Вистинската борба за безбедноста во сообраќајот и намалувањето на бројот на несреќите и смртните последици започнува токму на местото каде идните возачи се обучуваат – во автошколите и во процесот на едукацијата и полагањето на возачкиот испит… (прочитај повеќе)
Извор: www.visokioktani.mk
Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места. По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.
Од Пошта до новиот Театар ќе се двози во две насоки. Почнува измената на сообраќајниот режим во градот. Еднонасочниот сообраќај по улицата Благој Ѓорев на овој потег ќе биде минато. Според предложениот план, двете крстосници кај театарот и поштата ќе се регулираат со светлосна сигнализација. Освен семафори ќе се постави и соодветна хоризонтална и вертикална сиганлизација. Засега нема утврдено рок кога ќе се реализира планот. Тој првин треба да го одобри општинскиот совет. Ќе се бара согласност и од Министерството за внатреши работи. Откако ќе ги помине овие филтри општината ќе бара изведувач за предвидената смена во сообраќајниот режим.
Нови сообаќајни правила се предвидени и за уште неколку крстосници во градот. Кружен тек ќе има кај Авона ,семафори кај Панини ,а постојните кај градскиот базен ќе бидат заменети со кружен тек.
Овие предвидени измени засега нема да се реализираат. Тие се утврдени во сообраќајната студија која лани ја изработи Општината. Таа покажа дека постојниот режим не ги задоволува сообраќајните потреби.
Во образложението на Општината напишано по иницијативата за смена на сообраќајниот режим се вели дека сообраќајната слика на уличната мрежа во градот е загрижувачка. Има недостиг од паркинг а намален е капацитетот на крстосниците и нивното ниво на услуги.
Овие недостатоци треба да се надминат со целосната реализација на планот за смена во сообраќајниот режим. Според него, градот ќе добие и нова улица. Постојан сообраќај ќе се одвива и по улицата зад новиот тетар.