Колку возачката обука влијае врз безбедноста во сообраќајот?

Колку возачката обука влијае врз безбедноста во сообраќајот?

Вистинската борба за безбедноста во сообраќајот и намалувањето на бројот на несреќите и смртните последици започнува токму на местото каде идните возачи се обучуваат – во автошколите и во процесот на едукацијата и полагањето на возачкиот испит… (прочитај повеќе)

Извор: www.visokioktani.mk

Advertisements

Внимание: Две илјади евра за возење под дејство на алкохол !!!

Во Македонија за надминување на брзината од 30 км на час над дозволеното во населено место, т.е. надминување на брзината од 50 км на час над дозволеното надвор од населено место, се плаќа казна од 300 евра. За некористење на сигурносни појаси 20 евра, за возење во алкохолизирана состојба 350 евра.

Внимание: Две илјади евра за возење под дејство на алкохол

Според податоците на балканскиот Автомото сојуз, казнените мерки за прекршоци во сообраќајот се најостри во Црна Гора, каде несовесните возачи кои ќе возат под дејство на алкохол ќе платат и до 2.000 евра парична казна, додека во Србија за надминување на дозволената брзина следи и затворска казна од 30 дена. Македонија иако со високи казни далеку заостанува зад овие држави.

Учесниците во сообраќајот во Црна Гора, кои ќе ги паркираат своите возила и притоа пречат на регуларното одвивање на сообраќајот, но и тие кои ќе фрлаат отпадоци од автомобилите, ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 до 450 евра. Казната за користење на мобилен телефон во текот на возењето се движи од 60 до 150 евра.

За надминување на дозволената брзина во населено место од 50 км на час, во Хрватска се плаќа казна од 670 до 1.980 евра. Истата висина на казни важи и за возачите кај кои ќе се утврди над 1,5 промили алкохол во крвта. Некористење на сигурносни појаси чини 65 евра, како користење на мобилен телефон, додека поминување на црвено светло од 260 до 670 евра.

Во Босна и Херцеговина казните за надминување на брзината можат да достигнат и до 500 евра. За тие кои во населено место возат со брзина над дозволената од 50 км на час, казната може да изнесува од 200 до 500 евра. Истата казна важи и за возење со две или повеќе промили алкохол во крвта.

Во Србија за надминување на брзината во населено место од 51 до 70 км на час, се плаќа казна од 135 до 270 евра, а можна е и затворска казна од 30 дена. За возење со 1,61 до 2,0 промили на алкохол во крвта, казната достигнува и до 270 евра, а можна е и 30-дневна затворска казна. Надминување на брзината во населени места со над 70 км на час, во однос на максималната дозволена брзина, ќе се санкционира со парична казна во износ поголем од 1.000 евра.
Во Македонија за надминување на брзината од 30 км на час над дозволеното во населено место, т.е. надминување на брзината од 50 км на час над дозволеното надвор од населено место, се плаќа казна од 300 евра. За некористење на сигурносни појаси 20 евра, за возење во алкохолизирана состојба 350 евра.

Меѓутоа, казните за сообраќајните прекршоци во многу европски земји се многу поригорозни:
Во Норвешка за поминување на црвено светло и недозволено заобиколување се казнува со 697 евра, а за надминување на брзината до 35 км на час повеќе во однос на дозволената, казната е 1.045 евра. Во рамки на овие мерки на претпазливост спаѓа и одење на суд за прекршоци.
Во Австрија за возење под влијание на алкохол се плаќа казна од минимални 300 до 5.900 евра, вклучувајќи и одземање на возачка дозвола. За надминување на брзината од 40 км на час, во однос на дозволената брзина во населено место или 50 км на час надвор од населено место, казната е од 150 до 2.180 евра и одземање на возачката дозвола најмалку на две недели. За непрописно паркирање може да се плати казна од 726 евра.

Некористење на сигурносни ремени во Италија и некористење на детско седиште се казнува со парична казна од 76 до 306 евра. За надминување на брзината казната е од 39 до 3.199 евра, погрешно паркирање се казнува од 39 до 318 евра, возење под влијание на алкохол над 0,5 промили од 500 до 6.000 евра, возење под влијание на други опијати 1.500 до 6000 евра, одземање на дозволата и затворска казна во траење од една година.

За надминување на брзината во Германија возачите плаќаат од 15 до 600 евра, за поминување на црвено светло од 90 до 320 евра, додека казната за возење под влијание на алкохол или дроги е 500 евра.

Во Словенија за надминување на брзината над 50 км на час во населено место се плаќа казна од 1.200 евра со можност за одземање на возачката дозвола.
Во Шведска за надминување на брзината во населено место каде максималната дозволена брзина е од 50 км на час се плаќа казна од 230 евра, а на возачите кои се соочени со ваква казна им се заканува и кривично гонење.

 

Извор: www.vecer.com.mk

Повеќечасовен застој на патот Велес – Градско поради голомразица

Голем застој на сообраќајот поради појава на голомразица е забележан вечерва на патот Градско – Велес.

Повеќечасовен застој на патот Велес - Градско поради голомразица

Според јавувања на граѓани до редакцијата на Макфакс, колона од автомобили и автобуси повеќе од два часа е заглавена на лизгавиот пат, на кој немало фрлено ниту сол, ниту песок.

Дополнително, според информациите од терен, сообраќајот е запрен одредено време и во обратниот правец од Велес кон Градско, од каде не е забележано да помине ниту едно возило.

 

Извор: www.makfax.com.mk

Зошто вистинските мажи користат појас?

Појасот во автомобилот, веднаш до паркинг сензорот, веројатно е еден од најиритирачките парчиња на опрема. На вистинскиот маж не му требаат паркинг сензори, уште помалку појас…

Се додека не се забие фронтално во друг автомобил или ѕид. Тогаш ќе му треба само брза помош…

Правите мажи не се врзуваат. Правиот маж ќе го врзе појасот зад седиштето, за да неговиот автомобил не „пишти“ секој пат кога ќе го запали автомобилот за сто метри, до најблиската продавница по пиво. Правиот маж ќе го отвори и прирачникот за да дознае каде се наоѓа проклетиот осигурач поради кој автомобилот „пишти“ кога нема да се врзе – да го најде и извади. Правиот маж се останато во автомобилот знае, бидејќи научил од неговиот татко, прав маж, и прирачник не му треба. Правиот маж верува дека е доволен силен за да во случај на судар може да ги задржи рацете за управувачот, и не прелета преку ветробранското стакло. Правите мажи, најчесто и прелетуваат преку ветробранското стакло.

Постои добра причина зошто, како што би рекла сообраќајната полиција – паметните знаат зошто служи појас, и зошто најголемите возачки фаци, како Шумахер, Лоеб, не се врзуваат со обичен појас кој се осигурува на три, туку на седум точки? Овој лесен и едноставен дел од опремата, е најважен пасивен елемент во сигурноста на автомобилот. Воздушни перници? Болидите немаат воздушни перници, ниту им требаат, но затоа и тоа како им требаат и имаат моќни појаси за врзување.

Погледнете го видеото Прегратка за живот – секогаш врзувајте го ременот…

Извор: koli.com.mk

Направа која не дозволува да заспиете додека го управувате вашето возило

Anti-Sleep монитор е мала, но многу ефикасна направа која може да ја зголеми безбедноста во сообраќајот…

Една група Дански дизајнери ја дизајнирале направа со чија помош возачот зад воланот ќе остане буден. Се нарекува Anti-Sleep Pilot, големa е отприлика колку еден хокеарски пак и содржи многу технологија во себе. Овој апарат мери дури 26 параметри на човековото тело со кои се детерминира колку возачот е заморен. Во него можат да бидат зачувани неколку различни профили, а секој возач прави краток тест со кој се мери ризикот тој да заспие зад воланот. Потоа Anti-Sleep Pilot произведува мали кратки тестови (преку допир на апаратот).
Оваа направа служи и како мерач на брзината на автомобилот. Доколку возачот е многу заморен, Anti-Sleep Pilot ќе почне да произведува разни звуци се додека возачот не застане на пауза.
За разлика од другите слични апарати, Anti-Sleep pilot не користи камери со кои ќе ги надгледува очите на возачот. Сега засега, овој апарат е достапен само на Данскиот пазар, но и странците можат да направат нарачка за сума од 250$.

Извор: koli.com.mk

Видео тест на летни, зимски и allseason гуми

Погледнете го тестов за да видите како зимските гуми се крајно подобри од летните и all season гумите на мраз…

Секоја зима, меѓу возачите, се прават истите муабети и дилеми дали да се променат летните гуми во зимски, да се продолжи со нив или едноставно да се стават all-season гуми и крај на приказната.

За доказ дека не за џабе постојат зимските гуми, и кои се нивните вистински предности, направен е тест на три автомобили по мраз. Автомобилите се идентични, а се разликуваат освен по бојата на каросеријата (за разликување) и видот на гумите: еден автомобил е со летни, другиот е со all-season , а третиот е со зимски гуми гуми. Тестот се одвива во три дисциплини – забрзување, застанување и возење во кривина.
Забрзување: Црвениот автомобил опремен со летни гуми забрза до половина клизалиште и закочи за 7,4 секунди. Сребрениот автомобил опремен со all-season гуми истото го направи за 6,5 секунди. Темно-синиот автомобил опремен со зимски гуми за истото расојание му беа потребни само 4,5 секунди.
Застанување : Во оваа дисциплина се мереше патот на застанување на возилата кои се движеа при брзина од 16 km/h. Автомобилот со летни гуми има пат на застанува од 14,33 метри, со all-season гуми од 12,14 метри, а со зимски гуми патот на застанување изнесуваше само 6,65 метри.
Возење во кривина: Возилата требаа да завртат кривина под агол од 90 степени при брзина од 16 km/h. Автомобилот со летни гуми ја загуби тракцијата уште при влегувањето во кривината и речиси продолжи право, а вклучената динамична контрола на безбедност не помогна многу. Автомобилот со all-season гуми во истата ситуација се однесуваше многу подобро и стаса до половина кривина пред да излера од неа и покрај помош на електрониката. Автомобилот со зимски гуми успешно ја заврти кривината без губење на тракцијата и разлика од првите два автомобили не сруши ниту еден контролен стуб кој ја означуваше замислената кривина.

Писоари ќе ги предупредуваат возачите да не возат!?

Се разбира, кога возачите консумирале алкохол…

Се поголем проблем во сообраќајот претставува управување на моторно возило во алкохолизирана состојба, од страна на несовесните возачи. Од таа причина, властите во земјите низ светот се обидуваат на сите можни начини да го намалат тој број на алкохолизирани возачи.

Еден уникатен начин, ни доаѓа од САД. Имено, во рестораните, кафулињата и дискотеките низ САД се поставени писоари кои детектираат алкохол во урината, и звучно го предупредуваат возачот да на вози во таква состојба.

Оваа акција е започната пред прославата на Денот на независноста, на 4-ти јули.

Извор: koli.com.mk