Компании од автомобилскиот сектор годинава ќе инвестираат во Македонија

Компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од годинава ќе испратат свои претставници во Македонија за да се финализираат договорите за изградба на фабрики во земјава.

Дирекцијата за Технолошко индустриски зони изјавува дека ова е најавено на средбата на директорот на Дирекцијата Виктор Мизо за време на Automotive News World Congress, кој се одржува  во Детроит за време на  NAIAS – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка… (прочитај повеќе)

Извор: www.press24.mk

Advertisements

Кои градови се сообраќајно најзагушени?

Холандскиот производител на навигациски уреди Том Том објави најнова листа на градови од Европа и Северна Америка со најголеми гужви во сообраќајот, а на прво место се наоѓаат Истанбул и Лос Анџелес.

Том Том се занимава со истражување на проток на сообраќајот во поголемите светски градови од 2007 година, за да ги развијат навигациските системи во возилата на корисниците на своите услуги.

Наместо следење на математички модели, оваа компанија собира податоци по пат на ГПС системите од милион возила ширум светот кои ги користат навигациските уреди на Том Том. На тој начин, се создава база на податоци која постојано се ажурира и која Том Том ја користи за подобрување на навигација на автомобилите во големите градови.

Врз основа на оваа база, објавена е листа на градови во Европа и Северна Америка со најголема загушеност во сообраќајот. Првото место на европската листа го зазаде Истамбул, со индекс на загушување од 57 отсто. Потоа следи Варшава со индекс 45 отсто, а на трето место е  Марсеј со индекс 42 отсто.

Што се однесува до северноамериканскиот континент, тука очекувано на прв е Лос Анџелес со индекс 34 отсто, потоа следи канадскиот град Ванкувер со 33 отсто, додека трет е уште еден калифорниски град Сан Франциско 29 отсто.

Ако се прашувате каде тука на пример е Скопје, ќе останете без информација за загушување на нашиот главен град. Поголемиот дел од источна Европа и речиси целиот Балкан се изземени од оваа статистика.

Погледнете ја листата на сообраќајно најзагушените градови во Европа и Северна Америка:

Европа:
1. Истанбул, 2. Варшава, 3. Марсеј, 4. Палермо, 5. Рим, 6. Париз, 7. Штутгарт, 8. Брисел, 9. Хамбург, 10. Стокхолм.

Северна Америка:
1. Лос Анџелес, 2. Ванкувер, 3. Сан Франциско, 4. Монтреал, 5. Торонто, 6. Вашингтон, 7. Сиетл, 8. Њујорк, 9. Чикаго, 10. Мајами.

 

Извор: www.tirekovmirece.com

Вака изгледа Мерцедес од иднината. (ФОТО)

„Мерцедес“ на претстојниот автомобилски саем во Лос Анџелес ќе претстави футуристички концепт на теренското возило Ener G Force.

Ener G Force концептот е развиен за натпреварувањето Design Challenge 2012 кое се одржува во рамки на Саемот за Автомобили во ЛА.

По замислата на неговиот создавач, овој концепт претставува наследник на денешната Мерцедес Г класа, за 2025 година.

 

 

Извор: www.kurir.mk

Зголемена продажбата на автомобили во САД во септември

Производителите на автомобили „Тојота“ и „Крајслер“ во септември забележаа солиден успех во САД, додека нивните конкуренти „Џенерал моторс“ (ГМ) и „Форд“ соопштуваат за мал раст на продажбата, иако вкупната прогноза во автомобилската индустрија делува позитивно.

ГМ го евидентираше најуспешниот септември од 2008 година, со раст на продажбата од скромни 1,5 отсто или 210.245 возила, пренесоа светските агенции.

-Продажбата на автомобили и натаму е светла точка во американската економија, што е особено добра вест за ГМ, бидејќи во 2013 и 2014 година ќе исфрлиме повеќе нови производи, рече шефот за продажба во ГМ во САД, Курт Мекнили.

ГМ наведува дека „ агресивно работи на замената на постојните возила со модели со подобар дизајн, повеќе технологија и поекономична потрошувачка“, што значи дека оваа и следната година дури 70 отсто од неговите модели ќе бидат нови или редизајнирани.

„Крајслер“, исто така, очекува добри резултати, откако продажбата во септември беше зголемена за 12 отсто, на 142.041 возило, од што продажбата на автомобили нараснала за 27 отсто, а на камионите за шест отсто.

„Тојота“ наведе дека продажбата во септември им нараснала за 42 отсто, на 171.910 возила.

„Форд“ евиденира пад на продажбата од 0,1 отсто на 174.976 возила, бидејќи продажбата на камиони им се смали за осум отсто, иако вториот по големина американски производител на автомобили го истакна фактот дека продажбата на нивните мали автомобили нараснала за 73 отсто, или на највисокото ниво во последната деценија.

„Фолксваген“ ја зголемил добивката по агресивното ширење на американскиот пазар, со раст на продажбата од 34 отсто, на 36.663 возила во септември.

Извор: www.kurir.mk

Писоари ќе ги предупредуваат возачите да не возат!?

Се разбира, кога возачите консумирале алкохол…

Се поголем проблем во сообраќајот претставува управување на моторно возило во алкохолизирана состојба, од страна на несовесните возачи. Од таа причина, властите во земјите низ светот се обидуваат на сите можни начини да го намалат тој број на алкохолизирани возачи.

Еден уникатен начин, ни доаѓа од САД. Имено, во рестораните, кафулињата и дискотеките низ САД се поставени писоари кои детектираат алкохол во урината, и звучно го предупредуваат возачот да на вози во таква состојба.

Оваа акција е започната пред прославата на Денот на независноста, на 4-ти јули.

Извор: koli.com.mk