Ексклузивно фото: Полициските „Јети“ се паркираа во МВР

Новите 150 полициски „Шкода Јети“ кои треба да ги заменат „крајслерите“ се паркираа во Министерството за внатрешни работи.

Ексклузивно фото: Полициските „Јети“ се паркираа во МВР

По претходното нивно обележување со полициски ознаки, новите 150 автомобили наменети за полицијата од попладнево се наоѓаат на паркинг просторот во МВР.

Ексклузивно фото: Полициските „Јети“ се паркираа во МВР

Според најавите, новите полициски возила ќе бидат промовирани официјално во понеделник.

Ексклузивно: фото Полициските „Јети“ се паркираа во МВР

По техничкиот прием и регистрацијата, новите полициски автомобили се очекува дабидат видени на улиците веднаш во Нова година.

Ексклузивно фото: Полициските „Јети“ се паркираа во МВР

Ексклузивно фото: Полициските „Јети“ се паркираа во МВР

 

 

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Пристигнаа новите полициски Шкоди – еве како изгледаат (ФОТО)

Извор: www.kurir.mk

Пристигнуваат новите полициски возила (ФОТО)

Пристигнуваат околу 150 нови возила „шкода јети“, кои наскоро ќе станат полициски.

Според фотографиата на Утрински, во близина на Куманово, пред неколку денa два камиона ги пренесуваа чешките автомобили. Како што е познато, „Порше Македонија“ го доби тендерот на МВР, вреден околу 3,2 милиона евра, за набавка на возила што ќе ги заменат досегашните „крајслер“.

Извор: www.kurir.mk

Полицајците ќе возат Шкода Јети.

Крајслерите конечно ќе одат во пензија.

Шкода Јети најверојатно ќе биде новото полициско возило. Ваков е епилогот од електронската аукција која заврши пред неколку минути и на која победи Порше Македонија. Сеуште не се знае за која цена, МВР ќе ги купи 150-те возила од оваа компанија.
Денешната електронска аукција практично беше продолжување на онаа од пред неколку дена на која победи Кадис, но поради хакерски напад, изборот беше поништен.

“Случај” набавка на нови полициски возила.

Ка-дис бара истрага: Сериозно се сомневаме дека некој поднел лажни изјави.

Компанијата Ка–дис поднела барање за издавање судска времена мерка за тендерот за набавка на 150 возила за МВР, за кој беше поништена електронската аукција на барање на еден од наддавачите, додека Министерството и надлежните органи не спроведат истрага за откривање на сторителот на кривичното дело – наводен хакерски упад или давање на лажни изјави.

Од Ка-Дис посочуваат дека во периодот кога Порше Македонија и нивниот дилер Делукс тврдат дека не биле во можност да наддаваат, а Сивус и Неотел тврдат дека имало пречки, најмалку два правни субјекта наддавале и „рефреширале“, а системот без проблеми ги регистрирал.

– Ка-дис сериозно ја разгледува можноста да побара истрага, која ќе ги вклучи сите инволвирани страни во некоректно и експресно поништената легална аукција поради сериозни сомневања дека некој од страните можеби поднел лажни изјави и со тоа и нанел на компанија непроценета штета, а воедно овозможува на други субјекти да се стекнат со материјална корист од постапката, стои во соопштението од Ка-дис каде се приложени и фото и видео документи.

Тие побарале од МВР да покрене истрага за случајот и за тоа дали на Сивус и Неотел – двете приватни компании им е во договорот за набавка на одредено дека можат да даваат вакви изјави за сопствените апликации/хостинг кои Бирото ги третира како изјави од вешти лица и на кои ја базирало, според нив, незаконската одлука, а од Судот вешти лица од ИТ секторот да се произнесат по нивните дописи. Од МВР бараат и да ја прекине денешната лицитација, бидејќи, како што наведуваат, таа е закажана на основа на невистинити аргументи, а со изјавата на Порше Македонија од четвртокот, велат, повеќе не е тајна лицитација со што се загрозил принципот за нејзино одржување.

Електронска аукција за набавка на новите возила на МВР

 

 

 

 

Комисијата за јавни набавки при МВР, задолжена за спроведување на постапката за доделување на договор за јвна набавка на моторни возила во полициска изведба, по извршената евалуација на добиените понуди, за утре закажа електронска аукција за негативно јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавни набавки.

Најниската понудена цена на огласот за јавна набавка на моторните возила која изнесува 236.934.900 денари ќе биде почетна цена на јавното наддавање. Понудувачите, вкупно пет правни субјекти, ќе можат да ги намалуваат понудите најмалку за 250.000 денари, а најмногу 2.500.000 денари во секој круг од јавното наддавање .