Мото ГП: Хонда ги претстави адутите за борбата со Јамаха

Премиерната трка во новата сезона од Мото ГП шампионатот е закажана за 7-ми април во Катар.

Мото ГП Хонда ги претстави адутите за борбата со Јамаха

Сепак, иако сме далеку од стартот на новата кампања битки на најбрзите мотоциклисти на планетата, една од екипите која што вообичаено важи за фаворит во натпреварувањето Репсол Хонда, одлучи да ги открие своите адути за борба со ривалите.

Имено, вчера во седиштето на нафтeната компанија „Репсол“ во Мадрид, беше претставен мотоциклот, но и возачкиот тандем со кој тимот ќе се натпреварува во 2013-та. Машината е именувана RC213V, а ќе ја управуваат Дани Педроса и Марк Маркез.

На промоцијата говореше и извршниот потпретседател на Хонда, Шухеи Накамото, кој од своја страна објасни дека мотоциклот не е радикално редизајниран, меѓутоа во многу аспекти е унапреден. Меѓу другото, потежок е за три килограми, а воедно машината му е помоќна.

Минатата сезона титулата ја освои Хорхе Лоренцо од Јамаха со 350 бодови, додека Дани Педроса заврши на втората позиција со 332. Марк Маркез пак, беше првак во Мото 2 шампионатот.

Во сезоната која е пред нас, најголем конкурент на тимот на Репсол Хонда ќе му биде токму Јамаха, со мотоциклистите Хорхе Лоренцо и „Докторот“ Валентино Роси.

 

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Се обидел да помине граница маскиран во автомобилско седиште…

Еден Гвинеец, во обид да влезе во шпанската енклава Мелија од Мароко, смислил мошне бизарно, но креативно решение. Имено, очајниот емигрант се обидел да ја помине границата маскиран во автомобилско седиште.

Комплетното совозачко седиште на автомобилот рено 7, освен рамката, било извадено. Празната рамка му послужила како „место за криење“ на Гвинеецот, додека совозачот седел на него, пренесува Дејли меил.

Против двајцата Мароканци што се обиделе да го прошверцуваат преку граница се поднесени пријави, а Гвинеецот, по појавувањето пред судија, бил депортиран од Мелија.

Извор: mkd.mk

Што ги поврзува Реал и Барса? Audi секако!!!

Можеби се најголеми непријатели на теренот, а нивните навивачи не можат да се смислат еден со друг, но играчите на Реал и Барса возат исти автомобили…

Audi од годинава е спонзор и на Барселона, па двата најдобри тима во Шпанија се возат исклучиво во модели на производителот од Инголштад. Интересно, главните ѕвезди на тимот, колку што се разликуваат на теренот, се разликуваат и во изборот на автомобили… Роналдо избра R8-ка, додека Меси избра Q7. Всушност, единствен од Барса кој се одлучи за спортски модел е капитенот Пујол, бирајќи RS5-ка.

Сигурно сите од вас имаат фаворити меѓу играчите на едниот и другиот тим, но сите би им подзавиделе на тоа дека можат да си изберат какво Audi сакаат, нели?

1. Погледнете го видеото што ги поврзува Реал и Барса…

2. Погледнете го видеото што ги поврзува Реал и Барса…

Извор: koli.com.mk