ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Jeep Еволуција: Од CЈ до Wrangler, за две минути

Погледнето го ова интересно кратко видео за развојот на Jeep – како технолошки, механички, така и естетски…

Како да стигнете од класично воено возило до класичен Off-road автомобил? Тоа најдобро го знае Jeep – преку континуиран развој и подобрување на своите возила.

Еден таков случај е Jeep CJ, кој со тек на време, со промена на економските услови и унапредување на технологијата стана денешен, далеку попознат Wrangler.

Видеото содржи информации за самите возила, како и споредби помеѓу истите. ПОГЛЕДНЕТЕ!

Извор: www.koli.com.mk

Неверојатни подвизи со Jeep

Погледнете на што се е способен синонимот за теренски и SUV возила…

Погледнете го шест минутното видео со ситуации, кој навидум се безизлезни. Но, за среќа, во средината на ситуацијата се возилата на Jeep.

Извор: www.koli.com.mk

И велешани возеа на Балканското мото рели

На Балканскиот одговор на мото релито Дакар, учествуваа и велешаните Сашко Ванов и Методија Саздов. Колку тоа било опасно зборува и тоа што еден возач загина на патеката низ Бугарија.

Седум дена педесетина мотористи од  десетина  држави во Европа возеа  на четвртото  Балканско маратон рели  низ четири Балкански држави, вклучувајќи ја и Македонија. По шума, камен, реки, песок, по оф роуд предели го крстосуваа југот од Балканот. Ова е наш регионален одговор на светски познатото рели Дакар.  Победници на релито се  во ГПС класата – Красимир Колев (Бугарија),  кај мотоциклите во М1 – Хено Ван Бергеијк (Холандија), во М2 – Мартин Фонтин (Белгија) и кај теренските возила во Т1 – Трајанов/Маринков (Бугарија). Учесниците за седум дена од Тирана Албанија, преку Велинград Бугарија, Драма Грција стигнаа до Игуменица при што минаа 2,5 илјади километри.

Најдобар пласман од македонските мотористи имаа  Александар Петровски и Сашко Ванов кои го поделија 13-тото место додека Методија Саздов беше 18-ти. Сите тие возеа мотори  јамаха. Кај четвороциклите учествуваше Тони Димитровски (Хамачи рејсинг),  кој го освои 8 место. Тие четворицата беа македонската селекција на Балканското маратон рели.

Ова беше врвен предизвик, бидејќи се возеше низ сурови услови. Ова е Балкански одговор на познатото рели Дакар. Колку беше силен предизвикот зборува што  учесници на светски познатото рели, дојдоа да возат на оваа оф-роуд трка. Македонскиот дел од патеката беше мошне тежок, по планински и непрооден терен – вели Сашко Ванов еден од македонски учесници.

Четвртото Балканско маратон рели се одржа  од 7-ми до 14-ти септември.  Вкупна должина беше околу 2.500 километри од кои околу 2 илјади  километри се специјални испити по макадамски патишта. Натпреварувачите со мотоцикли, четвороциклите (АТВ) и теренски возила минаа  530 км низ Македонија на 8 и 9 септември. Се возеше на делниците  Ќафасан – Дебар,  Лазарополе – Маврово – Леуново,   Катланово – Градско,  четвртиот на релација Криволак – Штип и последниот  на релација Штип- Делчево. Македонски претставници се задоволни од нивниот настап оти за прв пат учествувале.

За разлика од останатите натпреварувачи немавме ЏСП навигација ниту неопходниот роудбук Така бевме во подредена позиција спрема овие волци на патиштата. И учеството беше по пат на самофинансирање, бидејќи мото спортот во Македонија е маргинализиран – додава Ванов.

Но се надева дека до година ќе имаат подобра организација, поголема поддршка и подобар резултат.  Вкупно 50 пријавени учесници од десеттина земји, од Италија, Германија, Велика Британија, Австрија,Франција, Израел, стартуваа на досега најтешкото маратонско рели во Европа, а само половина од нив пристигнаа  во петокот ,на целта во Игуменица Грција. За предизвиците низ каков терен се возело, колку е тешка патеката, зборува податокот што на  трасата низ Бугарија во близина на градот Гоце Делчев, загинал  55 годишниот  моторист Крис Стаболидис  од Грција. Меѓу учесничките  биле и две жени, Гркинка и Бугарка.

Извор: http://www.tirekovmirece.com

НАЈМОЌНИОТ VOLVO XC90 СО ЧЕТИРИ ЦИЛИНДРИ

Агрегатите за следната генерација на кросоверот ќе се полесни и поекономични. Најголемиот мотор за следната генерација на Volvo XC90 ќе биде 2.0 литарски дизел мотор со четири цилиндри.

Специјално за сите свои нови модели скандинавците развиваат нова линија на четирицилиндерски мотори под името Volvo Environmental Architecture, кој се исклучително еколошки. Агрегатите се со околу 90 килограми полесни и со 35% поекономични од сегашните мотори со ист број на цилиндри. Покрај нив тие ќе ги заменат и 5 и 6-цилиндерските мотори, на кои сега се „попираат“ Швеѓаните.

Се очекува агрегатите на следното XC90 да се опремат со механички компресори и турбини. Првиот од нив е наменет за работа на ниски, а вториот за високи вртежи.

Новата верзија на кросоверот ќе се појави на салонот во Франкфурт, 2013 година и не е исклучено таа да располага и со новата модуларна шасија, на која во моментов напорно работат во Volvo. Тоа треба да го направи моделот полесен, побезбеден и подобар за управување.

Извор: Avto +

INFINITI СЕ ОТКАЖУВА ОД V8 МОТОРИТЕ

Раководството на Infiniti објави дека се откажува од идното користење на V8 мотори. Сегашните такви агрегати ќе станат последните кои се користат во историјата на марката. Причината за одлуката, се секако се` построгите барања за помала потрошувачка на гориво штетните и опасни емсии.

За иднина Infiniti ќе вградува само V6 мотори. Шефот на компанијата Јохан де Нисшен призна дека компанијата веќе не може да си дозволи да продава модели со V8 агрегати, дури на пазарите каде побарувачката на големи и моќни автомобили е мошне сериозно.

Според него автомобилите со слични агрегати наскоро ќе останат во минатото, бидејќи за иднина високите динамички карактеристики ќе се постигнуваат благодарение на намалување на телесната тежина на возилата, а не со зголемување на моќноста на нивните мотори.

Во моментот V8 мотори Infiniti нуди за три свои модели, кросоверот FX50, теренецот QX56 и седан М56

Извор: Avto +

БАЛКАНСКАТА ЕЛИТА ВО ДЕЛЧЕВО

По повод Денот на независноста на Македонија, „8 септември“ на специјално подготвена патека се одржа 33-то Меѓународно крос рели за теренски возила – „Делчево 2012“.

Организатори на оваа манифестација беа Општина Делчево и АМК Џип Рели Спорт од Скопје. Ова крос рели се одржа на специјално подготвена патека и на стартот се најдоа 21 (пријавени) натпреварувачи од Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Романија и Турција… Ова беше навистина собир на најдобрите возачи на балканот  кои според правилникот се натпреваруваа во шест категории. Теренците, согласно стандардите за вакви натпреварувања беа поделени во: прва категорија – до 1400 cm3, втора – од 1401 cm3 до 1700 cm3, трета – од 1701 cm3 до 2000 cm3, четврта – од 2001 cm3 до 2500 cm3, петта – од 2501 cm3 до 3000 cm3 и шеста – над 3000 cm3.

Со право се очекуваше „Делчево 2012“ во целост да ги потврди овие вредности и да привлече голем број фанови на оваа дисциплина. Овој пат натпреварувачите имаа тешка задача да ги минат препреките на специјално подготвената кружна патека,  која е во околината Делчево.

Манифестацијата беше потпомогната од многу институции, компании, фирми…, се со цел да се задржи традицијата која веќе со децении ја имаме во оваа сфера на овие простори.

Извор: Avto +