Од Пошта до нoвиот Театар ќе се вози во две насоки

Од Пошта до нoвиот Театар ќе се вози во две насоки

Од Пошта до новиот Театар ќе се двози во две насоки. Почнува измената на сообраќајниот режим во градот. Еднонасочниот сообраќај по улицата Благој Ѓорев на овој потег ќе биде минато. Според предложениот план, двете крстосници кај театарот и поштата ќе се регулираат со светлосна сигнализација. Освен семафори ќе се постави и соодветна хоризонтална и вертикална сиганлизација. Засега нема утврдено рок кога ќе се реализира планот. Тој првин треба да го одобри општинскиот совет. Ќе се бара согласност и од Министерството за внатреши работи. Откако ќе ги помине овие филтри општината ќе бара изведувач за предвидената смена во сообраќајниот режим.

Нови сообаќајни правила се предвидени и за уште неколку крстосници во градот. Кружен тек ќе има кај Авона ,семафори кај Панини ,а постојните кај градскиот базен ќе бидат заменети со кружен тек.

Овие предвидени измени засега нема да се реализираат. Тие се утврдени во сообраќајната студија која лани ја изработи Општината. Таа покажа дека постојниот режим не ги задоволува сообраќајните потреби.

Во образложението на Општината напишано по иницијативата за смена на сообраќајниот режим се вели дека сообраќајната слика на уличната мрежа во градот е загрижувачка. Има недостиг од паркинг а намален е капацитетот на крстосниците и нивното ниво на услуги.

Овие недостатоци треба да се надминат со целосната реализација на планот за смена во сообраќајниот режим. Според него, градот ќе добие и нова улица. Постојан сообраќај ќе се одвива и по улицата зад новиот тетар.

Извор: www.lisica.mk

Advertisements

Е-ТЕСТОВИ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

ОВА Е ЛИНКОТ на кој може да ја погледнете симулацијата на електронските тестови, да забележите како истата функционира, а воедно и да се тестирате.

ТЕСТОВИ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Тестови за теоретскиот дел од полагањето за возачки испит – (MK)

Преземи (МК) [pdf]

Testet për pjesën teorike e kalon testin e vozitjes – (AL)

Shkarko (AL) [pdf]

 

Тестирај се ONLINE – (DEMO-верзија)

Test ONLINE – (DEMO-version)

  ТЕСТОВИ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА СО ТОЧНИ ОДГОВОРИ

Тестови за теоретскиот дел од полагањето за возачки испит – (MK)

Преземи (МК) [pdf]

Тестови за теоретскиот дел од полагањето за возачки испит – (AL)

Преземи – (AL) [pdf]

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ВОЗАЧКИ ИСПИТ

baner priracnik

 

 

 

Извор: mvr.gov.mk / amsm.mk

Дуелот на германските „џебни ракети“: BMW M135i против AUDI RS3 (ВИДЕО)

Крис Харис е еден од најпопуларните британски автомобилски критичари на Интернет, и тој во ова видео ги споредува двата најбрзи и најмоќни европски хечбек автомобили – Aуди рс3 и новиот БМВ м135и.

 

Според Крис, кога два германски автомобили од истата категорија ќе се најдат „очи во очи“ на пазарот, тие се најчесто многу слични – во цената, изгледот и перформансите. Но ситуацијата тука е поинаква.

Ауди рс3 има 2,5-литарски турбобензински мотор со 340КС и погон на сите четири тркала во комбинација со ДСГ менувач, и од 0 до 100 км/ч стигнува за 4,6 секунди.

Неговиот баварски ривал, м135, ја користи најновата изведба на 3,0-литарскиот 6-цилиндарски мотор на БМВ, со 320КС, со погон и на задните и на сите четири тркала. Во комбинација со 6-брзински мануелен менувач спринтот до 100 км/ч трае 5,1 секунда, додека 8-брзинскиот автоматик го скратува времето на 4,9 секунди.

Но најголемата разлика меѓу овие два модели е цената. Во Европа ауди рс3 е речиси за 20 отсто поскап од м135и, што значи дека разликата може да достигне неверојатни 10.000 евра.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ЗА ДУЕЛОТ НА ГЕРМАНСИТЕ “ЏЕБНИ РАКЕТИ”: . . .

Извор: www.mkd.mk

Британците произведоа бензин со помош на воздух и вода

Една мала британска компанија успеала да произведе бензин со помош на вода и воздух, со кој се надева дека еден ден ќе допринесе за производството на еколошкото гориво од широки размери.

Инженерската компанија “Air Fuel Synthesis” во Тисајд, на северот на Англија, тврди дека за три месеци создале пет литри синтетички бензин.

Технологијата се состои од издвојување на јаглен диоксид од воздухот и водород од водата и со нивно комбинирање во реактор со катализатор добија метанол со кој потоа се добива бензин.

Користејќи енергија која се обновува во овој процес, можно е да се произведе СО2 неутрално гориво кое може да се користи исто како стандардниот бензин.

“Горивото е почисто бидејќи е синтетичко” – објаснува официјалното лице на AFS, Питер Харисон.

Истражувањето е дел од двегодишниот проект кој засега чинел околу 1.6 милиони долари.

Но, “еколошкиот” бензин нема да може во блиска иднина да се појави на бензиските.

“Моментално не можеме да го произведуваме по сегашната цена на бензинот, но тоа ќе се случи. Сè што ни е потребно е енергија која се обновува, а кога нафтата ќе стане проблем, ќе бидеме во состојба да помогнеме за автомобилите и понатаму да се движат, а авионите да летаат” – вели Харисон.

AFS планира за две години да изгради фабрика која ќе произведува околу 1.200 литри специјално гориво наменето за спортските возила.

Извор: www.themen.mk

ТOYOTA ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА SUPRA ЗАЕДНО СО BMW

Откако Toyota и BMW ги претставија првите планови за соработка, веќе се појавија и најави дека Јапонците сакаат да направат нов спортски автомобил заедно со баварскиот концерн.

Во интервју за Autoblog, шефот на британската филијала на Toyota, Џон Вилијамс, изјави дека компанијата започнува развој на нов модел, кој ќе биде наследник на легендарната Supra. Според Вилијамс, Toyota треба да го искористи успехот на GT86 и да се развива во соодветна насока. Новиот модел ќе биде хибрид, кој ќе располага со најсовремените технологии на Јапонците и на BMW, а во гените ќе носи ДНК на култ изведбите, како Celica, Supra и MR2.
Ова е модел што ќе биде спакуван од Јапонците, но ништо не се наведува што е тоа што BMW ќе користи од Тоyota, што е особено интересно по разводот на Баварците со Peugeot.

Извор: www.avtoplus.mk

Следната година пристига кабрио изведба на Opel Adam

Според последните гласини, најмалечкиот Opel, градскиот шик модел Adam ќе добие своја кабриолет изведба. Британскиот AutoExpress, повикувајќи се на извори од компанијата, пишува дека моделот со мек покрив бил веќе комплетиран од Mark Adams (дизајнерот на Adam) и неговиот тим и истиот ќе се појави на пазарот веќе следната година.

Поради помалите пропорции, кабриолет верзијата на Аdam, најверојатно ќе го следи примерот на кабрио изведбите на Fiat 500 и Citroen DS3 и ќе биде со склоплив платнен покрив кој ќе ги остави кровната линија и рамките на вратите непроменети. Задното ветробранско стакло ќе се повлекува рамно врз багажникот како што ќе се склопува платнениот покрив врз него, што значи дека Adam би требало да го има истиот багажен простор, но просторот на задната клупа, кој и онака е мал, ќе биде уште повеќе компромитиран.

Ако овие гласини, се испостават како точни, тогаш кабрио верзијата, својата премиера најверојатно би ја имала на женевскиот (март) или пак на саемот во Франкфурт (септември).

Извор: www.avtoportal.mk

 

Ова е Stinger 609 – најмалиот V8 мотор во продажба

Достапен е како атмосферец и во комбинација со компресор, а развива 5.5 КС, односно 9 КС…

А цената му е 4.400 евра за послабата и 5.400 евра за помоќната варијанта.
Со димензии од 35 сантиметри во должина, 15 сантиметри во ширина и 25 сантиметри во висина, тежи пет килограми, а има зафатнина од 100 кубни сантиметри. Сето ова го прави најмалиот V8 мотор некогаш изработен, но и најслабиот. Како се кажува, V8 мотор со 5.5, или 9 “коњи”?
Интересно е што таа моќност е достапна при 9.500 вртежи во минута кај послабата и високи 10.500 кај посилната верзија.
Како звучи? Проверете сами, преку видеата во продолжение.

1. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО …

2. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО…

3. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО…

Извор: www.koli.com.mk