Уапсен заради полнење на e-автомобилот на школски штекер!

Автономијата е се уште голем проблем на електричните автомобили и затоа нивните сопственици се снаоѓаат на различни начини да не останат без „гориво“.

Уапсен заради полнење на автомобилот на школски штекер

Американецот Kaveh Kamooneh, чекајќи го својот син да заврши со тенискиот тренинг, го приклучил својот Nissan Leaf на електричен штекер на школото пред кое чекал. Некој сметал дека тоа не е во ред, па го пријавил човекот во полицијата. Сините дошле, направиле увид и го пуштиле човекот без казна, со предупредување тоа повеќе да не го прави…

Извор: www.visokioktani.mk

Advertisements

Кои градови се сообраќајно најзагушени?

Холандскиот производител на навигациски уреди Том Том објави најнова листа на градови од Европа и Северна Америка со најголеми гужви во сообраќајот, а на прво место се наоѓаат Истанбул и Лос Анџелес.

Том Том се занимава со истражување на проток на сообраќајот во поголемите светски градови од 2007 година, за да ги развијат навигациските системи во возилата на корисниците на своите услуги.

Наместо следење на математички модели, оваа компанија собира податоци по пат на ГПС системите од милион возила ширум светот кои ги користат навигациските уреди на Том Том. На тој начин, се создава база на податоци која постојано се ажурира и која Том Том ја користи за подобрување на навигација на автомобилите во големите градови.

Врз основа на оваа база, објавена е листа на градови во Европа и Северна Америка со најголема загушеност во сообраќајот. Првото место на европската листа го зазаде Истамбул, со индекс на загушување од 57 отсто. Потоа следи Варшава со индекс 45 отсто, а на трето место е  Марсеј со индекс 42 отсто.

Што се однесува до северноамериканскиот континент, тука очекувано на прв е Лос Анџелес со индекс 34 отсто, потоа следи канадскиот град Ванкувер со 33 отсто, додека трет е уште еден калифорниски град Сан Франциско 29 отсто.

Ако се прашувате каде тука на пример е Скопје, ќе останете без информација за загушување на нашиот главен град. Поголемиот дел од источна Европа и речиси целиот Балкан се изземени од оваа статистика.

Погледнете ја листата на сообраќајно најзагушените градови во Европа и Северна Америка:

Европа:
1. Истанбул, 2. Варшава, 3. Марсеј, 4. Палермо, 5. Рим, 6. Париз, 7. Штутгарт, 8. Брисел, 9. Хамбург, 10. Стокхолм.

Северна Америка:
1. Лос Анџелес, 2. Ванкувер, 3. Сан Франциско, 4. Монтреал, 5. Торонто, 6. Вашингтон, 7. Сиетл, 8. Њујорк, 9. Чикаго, 10. Мајами.

 

Извор: www.tirekovmirece.com

Вака изгледа Мерцедес од иднината. (ФОТО)

„Мерцедес“ на претстојниот автомобилски саем во Лос Анџелес ќе претстави футуристички концепт на теренското возило Ener G Force.

Ener G Force концептот е развиен за натпреварувањето Design Challenge 2012 кое се одржува во рамки на Саемот за Автомобили во ЛА.

По замислата на неговиот создавач, овој концепт претставува наследник на денешната Мерцедес Г класа, за 2025 година.

 

 

Извор: www.kurir.mk

НА УЛИЦИТЕ ВО САД ДО 2015 МИЛИОН ЕЛЕКТРОМОБИЛИ?

Американскиот претседател Барак Обама (U.S. President Barack Obama) постави цел до 2015 година на улиците во САД се најдат над милион електрични автомобили. За реализирањето на оваа идеја американската администрација ќе издвои буџет од пет милијарди долари. Во ова се вклучени и кредитите, како и донациите за производителите на овие возила и на акумулатори, за развој и изградба на станици за полнење и инфраструктура и по 7.500 долари даночни олеснувања за секој купувач.
Иако преостануваат три години до рокот што го даде претседателот Обама, експертите не веруваат дека ова ќе може да се реализира, базирајќи се на резултатите остварени во оваа сфера во САД, во изминатиот период од неполни две години. Во текот на 2011 и до септември од 2012 во САД се продадени помалку од 50.000 електрични автомобили, што е само 5% од зацртаното.

Извор: www.avtoplus.mk

JAGUAR F-TYPE НАЈДОБАР АВТОМОБИЛ-ЕКСПОНАТ НА САЛОНОТ ВО ПАРИЗ

Новиот Jaguar F-TYPE беше избран од уредниците на престижното американско издание Autoweek за најдобар експонат на меѓународната автомобилска изложба во Париз.

„Со витка линија, крајно привлечен, секси …, а од друга страна многу моќен, F-Type се претвора во нова икона за Jaguar“, коментира Ендрју Стој од Autoweek. „Кога ќе го спуштите покривот, па го стартувате моторот и забревтаат оние осум цилиндри, вие едноставно сте во некој друг свет. Ова е несомнено е дел од соништата на секој кој посакува спортски автомобили”.

Jaguar F-Type се нуди во три главни верзии F-TYPE, F-TYPE S и F-TYPE V8 S, а за погонот се грижат новиот 3,0 V6 мотор со 340 или 380 коњски сили и 5,0 V8 со 495 КЅ. Најмоќната модификација ќе биде во можност да се забрза од 0 до 96 km/h за 4.2 секунди и да развие максимална брзина на движење од 300 km/h.

 

Извор: www.avtoplus.mk

ДЕЦАТА ГИ КОПИРААТ СВОИТЕ РОДИТЕЛИ И ЗАД УПРАВУВАЧОТ

Децата секогаш ги гледаат своите родители и се обидуваат да ги поддржуваат во сè. Ова правило важи и при управувањето со возилото. До сличен заклучок стигнаа научниците од американскиот институт Liberty Mutual Insurance, кој направи истражување заедно со јавна студентска организација.

Речиси мнозинството од анкетираните млади возачи, скоро 90%, признаваат дека виделе како нивните родители разговараат по телефон за време на возење, а 88% признаваат дека биле сведоци како мајките и татковците ја надминуваат брзината. Уште 59% ги виделе нивните родители да пуштаат SMS додека возат, а 47% признаваат дека пропуштаат да стават ременот. За случаи на возење под алкохол признале 20% и за користење марихуана, од страна на нивните родители, 7% од младите луѓе.

Учениците и студентите откриваат  кои се најчесто прекршоците кои тие ги прават кога се зад управувачот. Резултатите од нивните одговори речиси се во склад со оние на нивните родители. Дури 78% од младите пишуваат SMS зад воланот, а 16% возат автомобил, откако пушеле марихуана (по тој показател младите Американци ги наднинуваат мајките и татковците). Тинејџерите, сепак се повеќе строги при користењето на ременот, само 33% од нив го прескокнуваат.

Истражувањето покажува дека децата сакаат да молчат, ако нивните родители ги кршат сообраќајните правила. Дури 21% од нив се подготвени да го натераат пијан родител да го запре возилото. Интересно е што во 78% од ваквите случаи мајката или таткото се согласуваат со своето дете и не се решаваат да управуваат со возилото. Според научниците генерално 66% од родителите не ги извршуваат за време на возење упатствата кои самите им ги дале на своите деца.

Извор: avtoplus.mk