Citroën DS3 Electrum

Citroën потврди дека во Париз, покрај кабрио изведбата на DS3, својата премира ќе ја има електричниот DS3 Electrum.

Станува збор за целосно електричен концепт врз основа на премиум супермини моделот DS3 Кој е погонуван од два електро мотори на предната оска со моќност од 65 kW (87 КС) и 17.5 kWh литиум-јонска батерија (Panasonic) која може да се полни преку штекер кој се наоѓа на местото за точење гориво.

Од Citroën тврдат дека автомобилот на европскиот тест круг има опсег од 120 km и дека со користење на станица за брзо полнење, батеријата на DS3 Electrum може да се наполни 80 проценти за само 30 минути. Исто така, од француската марка потенцираат дека електичните мотори се доволно компактни за да не се потребни компромиси во кабината или пак багажниот простор на DS3.

Засега, производителот не открива дали DS3 Electrum ќе остане како концепт или пак ќе има негова производвена верзија.

Извор: AvtoPortal

TESLA ПОДГОТВУВА КОНКУРЕНТ НА BMW X3

Американската компанија Tesla ја официјализира својата намера да пушти на пазарот мал кросовер кој ќе му конкурира на моделот BMW X3.

Според информации од раководството на седиште во Калифорнија, компанијата до 2016 година треба да понуди пет нови модели. Најевтиниот од нив ќе биде седан верзија, која ќе чини околу 30.000, чие производство е планирано за 2015 година. Освен тоа, производителот на електрични автомобили подготвува и нов спортски автомобил, кој ќе го замени моделот Tesla Roadster.

Најважниот модел, сепак ќе биде кросовер чиј развој веќе е започнат. Во основа ќе биде Tesla Model X, кој беше прикажан на почетокот на 2012 година и над кој компанијата работи уште од 2007 година. Се очекува овој модел да биде пуштен на пазарот во 2013 година, а цената ќе биде помеѓу 60.000 и  90.000 долари.

-Подготвуваме доста изненадувања за нашите клиенти, а меѓу нив ќе има и спортски автомобил, кој ќе ја користи каросеријата на Lotus Elise, открива шефот на Tesla, Елен Мак. – Ова ќе биде вистински суперавтомобил и според динамиката и перформанситѕе, а неговата цена ќе биде мошне прифатлива.

Извор: Avto +