Акција за дарување крв во Полиција

Во рамките на програмските активности на Комисијата за крводарителство Општинската организација на Црвен крст Велес на 25 септември организираше крводарителска акција за вработените во МВР – Сектор за внатрешни во Велес. Во акцијата, што ја изведе екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, 21 доброволни дарители даруваа крв.

Извор: www.crvenkrst-veles.org.mk

Advertisements

Првата помош за ранливите групи

 Насловот е всушност мотото што Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина го избра оваа година за свртување на вниманието на волонтерите на Црвениот крст и јавноста и насочување на активностите по повод Светскиот ден на првата помош, што се одржува секоја втора сабота во месец септември.Изборот во Општинската организација на Црвениот крст Велес за ранливи групи население годинава падна на најамладите и учесниците во сообраќајот – минувачите и возачите. Со цел да се актуелизира значењето на првата помош и потребата од обука со знаења и вештини да укаже прва помош на повредено лице, волонтерите – членови на Клубот на млади на Црвениот крст, по повод светскиот ден на Црвениот крст спроведоа повеќе активности. Членови на екипата, учествуваa на 21-от Државен натпревар по прва помош, што се одржа нa 15-ти септември во Велес, за ученици од основните училишта, во Младинскиот парк одржаа едукативна сесија од областа на првата помош. Други пак волонтери спроведуваа анкета за интересот познавањата за првата помош на случајните минувачи и возачите на моторни возила и дистрибуираа флаери со едукативна содржина.

 

 

Извор: crvenkrst-veles.org.mk