Не верувајте на бројките од километражата.

Километражата е вратена најмалку на секој трет половен автомобил…

Не верувајте на бројките од километражата.

При купување на половен автомобил, прво почнете со проверка на лимаријата – таа е и најбитниот дел од автомобилот. Во секој случај е подобро да купите автомобил со оригиналната боја, дури и ако е малку оштетена (ситни гребаници, на пример од паркинг просторите).

Со ист степен на сомнеж треба да се согледаат и оштетен волан и рачка од менувачот. Седиштата, со долготрајна употреба, се деформираат до одреден степен – тоа е и најчесто знак дека автомобилот има поминато повеќе од декларираната километража. Сомнителен е исто така и свежо исперен мотор, затоа што тоа е начин да се скријат трагите од потечено моторно масло, доколку моторот пропушта одредена количина. Но, и покрај тоа, контролата на моторот е лесна – во место моторот треба да работи мирно, без вибрации.

Немојте да се залажувате дека тоj дефект на моторот од сличен карактер е лесно за поправање – по правило тоа значи губење на силата на моторот и откажување на еден или два цилиндри. Автомобилот мора да ја прима гаста рамномарно, без чадење издувот, со сина или црна боја. Тоа најдобро се проверува преку мерење на компресијата на моторот. Компресијата треба да се провери кај механичар, кој може да прегледа и се останато, што е битно за нормално функционирање на автомобилот. Издувниот систем, односно последниот негов дел (задниот лонец), како и дисковите – укажуваат на претерано оптеретување на автомобилот.

Пробното возење е, секако, неминовна работа. Авотмобилот мора да држи правец и на прав пат не смее ниту малку да “влече” на страна. Кочниците треба да “фаќаат” рамномерно, без вибрации и тресење. Амортизерите се проверуваат со едноставно притискање на крилата – доколку се добри амотризерите, автомобилот треба да престане веднаш да се “лула”.

Неправилноста и оштетувањето на потпирањето (амортизацијата) може да се увиди од нерамномерно абење на гумите, па доколку автомобилот има нови гуми, дополнително внимавајте. Во секој случај, не заборавајте – Вие, како купувач, сте во неспоредливо подобра ситуација од продавачот.

Нереално ниската цена на автомобили што се мета на крадците најчесто (VW Golf, Passat, Audi A4 и A6, BMW Серија 3, 5 и X5, Mercedes E…), исто така може да е показател за нешто сомнително. Дополнително, доколку стаклото не е оригиналното, како и воланот и пластиките околу воланот – најдобар совет е, едноставно да побарате друг автомобил. Тоа се деловите од автомобилот кои најчесто се оштетуваат при кражба, а потоа се заменуваат со нови. Во една ваква ситуација, најдобро е да го проверите автомобилот во службите на МВР.

Извор: www.koli.com.mk

Advertisements

Ова е Stinger 609 – најмалиот V8 мотор во продажба

Достапен е како атмосферец и во комбинација со компресор, а развива 5.5 КС, односно 9 КС…

А цената му е 4.400 евра за послабата и 5.400 евра за помоќната варијанта.
Со димензии од 35 сантиметри во должина, 15 сантиметри во ширина и 25 сантиметри во висина, тежи пет килограми, а има зафатнина од 100 кубни сантиметри. Сето ова го прави најмалиот V8 мотор некогаш изработен, но и најслабиот. Како се кажува, V8 мотор со 5.5, или 9 “коњи”?
Интересно е што таа моќност е достапна при 9.500 вртежи во минута кај послабата и високи 10.500 кај посилната верзија.
Како звучи? Проверете сами, преку видеата во продолжение.

1. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО …

2. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО…

3. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО…

Извор: www.koli.com.mk

Лежечки полицаец кој се активира по потреба?

По потреба – само доколку возачот ја надминал пропишаната брзина…

Во Шведски Linköping, од 2010-та година се тестираат лежечки полицајци кои ги “казнуваат” оние возачи кои возат побрзо од дозволеното. Тие се дело на компанијата Edeva, а носат назив Actibump.
Така, овие лежечки полицајци работат сосема спротивно на оние класичните. Имено, доколку возачот вози повеќе од дозволеното, самиот Actibump, се вовлекува во асфалтот, при што остава дупка – затоа и рековме дека работи на спротивен принцип. Но, неговите креатори тврдат дека таа дупка не е доволно голема (6 сантиметри) за да направи штета на автомобилот. Доколку брзината е во рамките на дозволената, плочата останува на место, а со тоа се исклучува секакво влијание на патот и врз возилото.

Сè разбира, брзината на движење на автомобилите се утврдува со радар. Што се однесува до одржувањето, наводно овие лежечки полицајци се многу лесни за одржување, додека стандардните потребно е да се заменуваат во рок од седум до десет (?) години.
Единствена мана е нивната висока цена. Односно, кога ќе размислиме подобро, зошто наместо да се вовлекуваат во земја, не ги направиле да излегуваат нанадвор, кога веќе се моторизирани?

Зборот е, да си останат со стандарден концепт и вистински да ги казнуваат оние кои ја пречекоруваат брзината – сите знаеме каква штета може да нанесе на автомобилот малку повисок лежечки полицаец при “малку” поголема брзина. Вака, онаа празнина од 6 сантиметри, и самите творци тврдат дека не нанесува штета на возилото? Па, тогаш, каде е санкцијата за несовесните возачи? Може да се види и на видеото во продолжение, речиси никаков ефект.
Дали можеби ова мислење е резултат на “кратерите” по нашите патишта, што ги удираме на секои 100 метри, а се посериозни од овој Actibump? Што мислите Вие?

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО…

Извор: www.koli.com.mk

Jeep Еволуција: Од CЈ до Wrangler, за две минути

Погледнето го ова интересно кратко видео за развојот на Jeep – како технолошки, механички, така и естетски…

Како да стигнете од класично воено возило до класичен Off-road автомобил? Тоа најдобро го знае Jeep – преку континуиран развој и подобрување на своите возила.

Еден таков случај е Jeep CJ, кој со тек на време, со промена на економските услови и унапредување на технологијата стана денешен, далеку попознат Wrangler.

Видеото содржи информации за самите возила, како и споредби помеѓу истите. ПОГЛЕДНЕТЕ!

Извор: www.koli.com.mk

Неверојатни подвизи со Jeep

Погледнете на што се е способен синонимот за теренски и SUV возила…

Погледнете го шест минутното видео со ситуации, кој навидум се безизлезни. Но, за среќа, во средината на ситуацијата се возилата на Jeep.

Извор: www.koli.com.mk

Top Gear влезе во Гинисовата книга на рекорди

Како најгледано ТВ шоу во светот, Top Gear се прикажува во 212 земји од светот…

Емитување од 2002-ра година, 18 сезони, 147 епизоди, 12.1 милиони Facebook фанови, емитување во 212 земји од светот и бескрајната забава го направија Top Gear рекордер според Гинис – најгледано ТВ шоу во светот.

Иако ова е повеќе од јасно – доколку прашате, било кого – кој има и најмал интерес за автомобили, ќе ви каже дека Top Gear е број 1 автомобилско шоу. Сега тоа е и официјално потврдено.

Jeremy Clarkson, при примањето на ова неверојатно признание, кратко изјави: “Многу сум горд што учествувам во создавањето на една ваква емисија…” Не е во негов стил, секако!

Во 2005-та година, Top Gear освои и Emmy, а во 2009-та година Channel 4 го прогласи ова “Pokey motoring show” како шоу на деценијата.

Извор: koli.com.mk