Кој е за кафе од V12 мотор?

Espresso Veloce Serie Titanio V12 апарат за кафе е филигрански изведено уметничко дело, кое со гаранција ќе биде најинтересниот предмет во секоја кујна.

Апаратот се состои од 90 компоненти, направени од титаниум, нерѓосувачки челик и алуминиум. Дизајнот е инспириран од моторите на „Формула 1“ и при тоа се мислело на секој детаљ… (прочитај повеќе) + (фото)

Извор: www.visokioktani.mk

Advertisements

Мото ГП: Хонда ги претстави адутите за борбата со Јамаха

Премиерната трка во новата сезона од Мото ГП шампионатот е закажана за 7-ми април во Катар.

Мото ГП Хонда ги претстави адутите за борбата со Јамаха

Сепак, иако сме далеку од стартот на новата кампања битки на најбрзите мотоциклисти на планетата, една од екипите која што вообичаено важи за фаворит во натпреварувањето Репсол Хонда, одлучи да ги открие своите адути за борба со ривалите.

Имено, вчера во седиштето на нафтeната компанија „Репсол“ во Мадрид, беше претставен мотоциклот, но и возачкиот тандем со кој тимот ќе се натпреварува во 2013-та. Машината е именувана RC213V, а ќе ја управуваат Дани Педроса и Марк Маркез.

На промоцијата говореше и извршниот потпретседател на Хонда, Шухеи Накамото, кој од своја страна објасни дека мотоциклот не е радикално редизајниран, меѓутоа во многу аспекти е унапреден. Меѓу другото, потежок е за три килограми, а воедно машината му е помоќна.

Минатата сезона титулата ја освои Хорхе Лоренцо од Јамаха со 350 бодови, додека Дани Педроса заврши на втората позиција со 332. Марк Маркез пак, беше првак во Мото 2 шампионатот.

Во сезоната која е пред нас, најголем конкурент на тимот на Репсол Хонда ќе му биде токму Јамаха, со мотоциклистите Хорхе Лоренцо и „Докторот“ Валентино Роси.

 

Извор: www.kurir.mk

Топ 10 автомобили кои се најефтини за поправка

Секогаш кога купуваме автомобил сакаме да ги споредиме цените на повеќе модели за да го добиеме најдобро што можеме за парите. Сепак, вистинските трошоци често пати доаѓаат подоцна, со стареењето на автомобилот, а ние тоа не го земаме во предвид.

Vehicle Health Index

Новите истражување кои ги спроведе компанијата CarMD ги рангирала автомобилите врз основа на потребните поправки и колку често тие се појавуваат. Нивниот Vehicle Health Index, е составен од 136 милиони модели од 2002 до 2012 година.

Топ 10 автомобили кои се најефтини за поправка

Тие издвоиле 100 возила кои претставуваат 5% од најсигурните возила на патот. Веќе втора година по ред Toyota е на врвот на листата како најсигурно возило со најмал процент на расипувања и најниски месечни трошоци за поправка.

Број два на листата, исто така втора година по ред, е Hyundai, а по него следат BMWHonda и Volkswagen. Потоа следат Chevrolet, Subaru, Audi па Opel и Kia.

На другиот крај, CarMD откри дека Ford Windstar од 2002 година, со трошоците за поправка е најмалку сигурно возило денес.

Во фотогалеријата ќе пронајдете топ 12 модели произведени од 2002 до 2012 година кои најмалку се расипуваат и кои имаат најниски трошоци за поправка.

 

 

Извор: www.themen.mk

Вака изгледа Мерцедес од иднината. (ФОТО)

„Мерцедес“ на претстојниот автомобилски саем во Лос Анџелес ќе претстави футуристички концепт на теренското возило Ener G Force.

Ener G Force концептот е развиен за натпреварувањето Design Challenge 2012 кое се одржува во рамки на Саемот за Автомобили во ЛА.

По замислата на неговиот создавач, овој концепт претставува наследник на денешната Мерцедес Г класа, за 2025 година.

 

 

Извор: www.kurir.mk

На мотори до Папрадиште

Дружење на велешките мотористи на илјада метри надморска височина, во некогашно Ѕвезданово.

Последните денови на убавото есенско време мотористите од клубот Носачи на крстот од Велес   го искористија да минат викенд во селото  Папрадиште. Фотографии од дружењето, но и од патувањето на овие љубители на моторите и природата.  Тие еден викенд минаа во планинарскиот дом Папрадиште.

Извор: www.tirekovmirece.com

Пет најлоши автомобили на сите времиња

Ви ги претставуваме петте најлоши автомобили одбрани од стручњаци и од самите возачи.

5. Fiat Multipla 1997

4. Trabant 1957

3. Peel Trident 1964

2. Jugo 1980

1. Ford Pinto 1960

Извор: www.puls24.mk