Сообраќајот се одвива без забрани и ограничувања

Според најновите информации добиени од ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Сообраќајот се одвива без забрани и ограничувања

Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места. По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.

 

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

avtopat-500

понеделник, 21 јануари 2013 06:08:41


СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Според најновите информации добиени од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат сите патни правци. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

Апел до сите учесници од сообраќајот од РСБСП

Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира до сите учесници во сообраќајот да обрнат посебно внимание на сложените услови за одвивање на сообраќајот за време на зимскиот период. Во продолжение проследете ги во целост препораките упатени до учесниците во сообраќајот.

getimagethumbnail2

Препорачуваме, во секоја можна пригода да се користи градски или јавен превоз.

Возачите на моторни возила треба да обрнат посебно внимание на одржување на техничката исправност на своите возила.

Препорачуваме употреба на зимски гуми, заради зголемената безбедност при управување со возилото.

Поседувањето на комплетна зимска опрема е задолжително.

Пред возење, по потреба, возилото треба темелно да биде исчистено од снег и мраз, а стаклата од замагленост.

Потребна е добра проценка на состојбата на коловозот при учество во сообраќај, заради можноста за снежни наноси и голомразица, кои се основни причини за сообраќајни незгоди во овој период.

Брзината на движење и растојанието помеѓу возилата мора да биде прилагодено на условите на патот, а будноста и свесноста за движењето на останатите учесници во сообраќајот да биде на високо ниво.

Доколку се патува вон градските средини, потребно е навремено да се провери состојбата на тој патен правец. За таа цел, најпогодна е консултација на телефонскиот број на АМСМ,15 555.

Во случај за потреба од помош на пат, обратете се на телефонскиот број 196.

Еве зошто зимската опрема е неопходна (ВИДЕО)

Еден голем шлепер повлекол со себе влечно возило во 200 метри длабоката провалија во Леифјорд во Норвешка, лизнувајќи се од автопатот прекриен со снег.

Еве зошто зимската опрема е неопходна.

Видеото делува застрашувачки, но за среќа никој не го загубил животот!

Се се случило минатата зима, но несреќата е добар потсетник за тоа што се случува кога немате зимска опрема во возилото.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО !!! 

 

Извор: www.kurir.mk

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

Извор: www.kurir.mk

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА


понеделник, 10 декември 2012 14:16:00

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 09:00 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар. Од 09:45 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Македонски Брод – Прилеп. Од 09:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево (планински премин Стража). Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец  Струга – гп.Ќафасан е укината во 13:00. Сообраќајот на патниот правец Отешево – гп.Стење е нормализиран. СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Коловозите се претежно влажни на места со остатоци од снег. Поради многу ниски термператури можни се подмрзнувања на коловозот па се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. На повисоките планински и осојничави места има остатоци од снег кои го забавуваат движењето на возачите. ВНИМАТЕЛНО: Препорачуваме голема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

Повеќечасовен застој на патот Велес – Градско поради голомразица

Голем застој на сообраќајот поради појава на голомразица е забележан вечерва на патот Градско – Велес.

Повеќечасовен застој на патот Велес - Градско поради голомразица

Според јавувања на граѓани до редакцијата на Макфакс, колона од автомобили и автобуси повеќе од два часа е заглавена на лизгавиот пат, на кој немало фрлено ниту сол, ниту песок.

Дополнително, според информациите од терен, сообраќајот е запрен одредено време и во обратниот правец од Велес кон Градско, од каде не е забележано да помине ниту едно возило.

 

Извор: www.makfax.com.mk