Од вторник повеќе снег и температури до минус 10!

Снег, студ и невреме. Од вторник ќе врне повеќе снег и ќе биде многу студено. Наутро температурата ќе се спушти до – 10, а преку ден ќе биде од -2 до 4 степени Целзиусови.

Од вторник повеќе снег и температури до минус 10!

Најмногу снег до сега наврнало во Лазарополе, 52 сантиметри.

– Во западните предели и тоа планинските, имаме повисока снежна покривка. Од мерењата кои што ги имаме, највисока е во Лазараполе 52 сантиметри, во Маврови Анови 40 сантиметри, 23 во Крушево, а во градовите најмногу имаме во Тетово- 20 сантиметри. Денеска веќе имаме послаби врнежи од снег, повеќе имаме ветровито и студено време особено силен ветер дува долж Повардарието, како и во Пелагонија, вели за Канал 5 Ленче Ризова од УХМР.

Снегот предизвика проблеми и на патните правци низ државава. Од АМСМ апелираат без потреба да не се патува.

 

Извор: www.kurir.mk

Делницата Катланово – Велес во завршна фаза

Небезбедни, стари, темни патишта, речиси без патна сигнализација и згора на тоа во делови налик на депонии. Потоа, неосветлени тунели, стари наплатни рампи на запуштени патарини. Ова е состојбата на дел од македонските автопатишта. Ќе заличат ли на европските?

Делницата Катланово – Велес во завршна фаза

Секако, ако некој сериозно се заложи да го реши проблемот, но не со ветувања туку на терен со факти- а за тоа е потребно време.

 Во последните неколку месеци сведоци сме на промени.

Делницата Катланово – Велес е во завршна фаза. Да убеди, со екипата на Канал 5 на терен излезе и директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски. Се рехабилитираат 28 километри делница од автопатот Коридор 10.

Се осветлуваат тунелите, се заштитуваат критичните места со одрони за поголема безбедност.

– Тоа се овие три тунели од оваа делница, веќе се распишани тендери за нивно средување, голем дел од нив се завршени. Секако наидуваме во временски период кој што малку е полош, најверојатно за 10 дена ќе се отпочне со осветлување на тунелот поголемиот на влезот во Скопје од Велес кон Скопје, а сигнализацијата и бојадисување ќе ја оставиме за два месеци зависно од временските услови, вели Љупчо Георгиевски, директор на Агенцијата за државни патишта.

Додека да се автоматизираат се средуваат и патарините. Светлосна сигнализација, монитори за наплата, хортикултурано уредување.
Од октомври патарините преминаа во надлежност на Агенцијата за државни патишта. За само два месеци наплатата е зголемена за 14,6%.

Ќе се осветлуваат и поголемите клучки од Коридорот 8 и 10, кај Велес, Хиподром, Желино. Ќе има повеќе места за одмор со тоалети.

– Деновиве се отпочна активноста за проектирање и сметаме дека од пролет првата фаза на реализација на тој проект делницата од Велес до Кадрифаково со должина од 28 км под итно ќе треба да се рехабилитира, а тоа значи од постојните 6 метри кои што се во овој момент ќе треба да се прошират на 11 метри од таа траса и да добие две ленти по 3,5 метри и две по 2,5 метри. Така да имаме еден побезбеден сообраќај бидејќи таму имаше повеќе црни точки и сообраќајни незгоди на таа делница, вели Георгиевски.

Но она што е огледало на една нација е „свеста за чиста околина“- очигледно ја немаме. Агенцијата за патишта ќе ја подига свеста кај патниците со информативни табли преку кои ќе апелира да не се фрлаат кеси, пластични шишиња и други отпадоци со кои во моментов патиштата изгледаат на депонии.

 

Извор: www.kanal5.com.mk

Повеќечасовен застој на патот Велес – Градско поради голомразица

Голем застој на сообраќајот поради појава на голомразица е забележан вечерва на патот Градско – Велес.

Повеќечасовен застој на патот Велес - Градско поради голомразица

Според јавувања на граѓани до редакцијата на Макфакс, колона од автомобили и автобуси повеќе од два часа е заглавена на лизгавиот пат, на кој немало фрлено ниту сол, ниту песок.

Дополнително, според информациите од терен, сообраќајот е запрен одредено време и во обратниот правец од Велес кон Градско, од каде не е забележано да помине ниту едно возило.

 

Извор: www.makfax.com.mk

Кои патни правци се затворени за товарни возила?

Поради интензивни снежни врнежи забрана за движење на тешки товарни возила има на патниoт правeц Дебар-Струга, а од 17:15 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Кои патни правци се затворени за товарни возила

Сообраќајот на останатите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, без забрани, застои и ограничувања.

Слаби врнежи од снег се бележат на сите останати повисоки места во западниот и југозападниот дел од државата каде што коловозите се претежно влажни, на места со остатоци од кашест снег.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и расчистуваат сите патни правци.

 

Извор: www.kurir.mk

Вимателно да се вози поради одрони.

Синоптичарите прогнозираатоблачно време со врнежи од дожд низ целава земја на места и до 20 литри на метар квадратен. Температурите ќе се движа до 15 Целзиусови степени.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од дожд во целата земја.

Поголема внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони. Низ клисурите и на повеќето мостови долж речните текови има појава на утринска магла.

На магистралниот пат Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на автопатот да се вози внимателно.

 

Извор: www.kanal5.com.mk

ЗА COLONIA + СО АВТО ШКОЛА “ТИ – ЛА” , PËR Colonia + Driving School “TI – LA”.

COLONIA + Ви нуди брзо и квалитетно оспособување на кандидати за возачи за АБ и М категорија на моторни возила, мотори и мопеди во соработка со Авто Школата “ТИ-ЛА” од Велес. Научете да возите во една од најстарите Авто Школи во Македонија по редовна цена од 8.999 денари. Во цената се вклучени: 36 часови обукапосредување за вадење на лекарско уверение,посредување за полагање на прва помошпомош при совладување и учење на тестовите… Возењето, освен исполнување на задоволството на единката од која потекнува ја поттикнува и потребата за извршување на секојдневните обврски. Пред почетокот на долгиот пат кој ќе го возите низ животот, се соочувате со предизвикот на тест со кој ќе докажете дека тој пат ќе го возите според одредени правила и според вашите можности. Тука доаѓа Авто Школата ТИ-ЛА” од Велес. Правилата ги обликуваат Вашите можности. Им даваат форма. Развојот на Вашите можности, преку професионални инструктори како што е Игор Чоков, достигнува степен каде слободно можете да се соочите со предизвиците на еден модерен возач. Професионалноста која е потребна да ја добиете, е и прашање на време – своевидно искуство. Но искуството што може да Ви го пренесе човек кој едноставно е посветен и специјализиран во однос на сообракајот, Ви овозможува секогаш да бидете чекор пред другите. Секако постои и можност за договор на одложено плаќање на 2 до 3 рати. За дополнителни информации Ви стојам на располагање.

**Донеси пријател (кандидат за возач), и добиј бесплатно користење на автомобил за полагање на полигон и градско возење кое изнесува 1000 ден.

Инструктор Игор Чоков,  сооб. тех. 072 274 034078 627 462043 239 373

е-mail:   chokov@macedonia.eu.org                                             cokov@yahoo.com

_____________________________________________________________________________________________

COLONIA+ Ju ofron stërvitje të shpejta kualitative kandidatëve për leje të vozitjës edhe atë kategoritë: A, B dhe M për automjete, motora dhe motoçiklistë në bashkëpunim me Auto Shkolla ”TI-LA” në Veles. Mësohuni të vozitni në njërën prej Auto Shkollave më të vjetrave në Maqedoni me çmim të rregullt prej8.999 denar. Në këtë çmim përfshihen: 36 orë trajnimndërmjetësimi për marrjen e një çartifikate mjekësorendërmjetësimi për marrjen e ndihmës së parëndihmë në të mësuarit dhe të nxënit teste… Vozitja, përveç takimeve me kënaqësinë e unitetit të origjinës inkurajon dhe kanë nevojë të kryejnë e obligimeve të përditshme. Para fillimit të udhëtimit të gjatë që do ta bëni gjatë jetës tuaj, ballafaqohi me sfida të testeve dhe do të tregoni se rrugën të cilën do ta vozitni do të jetë sipas rregullave të caktuara dhe opsionet tuaja. Këtu vjen Auto Shkolla “TI-LA” – Veles. Rregullat i formoni sipas mundësive tuaja.
U jepet formë: Zhvillohen aftësitë tuaja, përmes instruktorëve profesional siç është IGOR ÇOKOV, arrin nivel të lartë ku lirisht mund të ballafaqoheni me sfidant apo shofer modern. Profesionalizmi që është i nevojshëm për të marrë në pyetje është edhe koha, apo lloji i përvojës. Por përvojën që mund t’ju sjell një njëri është thjesht vendimtar dhe i specializuar në drejtim të trafikut. Ju lejon që gjithëmon të jeni një hap përpara të tjetëve. Sigurisht, egziston mundësia për marrëveshje lidhje me pagesën 2 deri në 3 kiste. Për informacione plotësuese jam në dispozicionin tuaj.

**Sillni një mik tuaj (kandidat për lejen e vozitës) dhe merr pa pagesë përdorim të automobilit, kalim në poligon (shumëkëndësh) dhe vozitje nëpër qytet e cila kushton 1000 denar.

Instruktor Igor Çokov  tek.trafiku tel.072- 274-034, 078-627-462, 043-239-373

e-mail: chokov@macedonia.eu.org                                                cokov@yahoo.com

Извор: INFO COLONIA +

За 6 отсто намален бројот на повредени и загинати во сообраќајки

Годинава постои сосема благо намалување на жртвите од сообраќајни несреќи, но тоа не смее да биде причина за опуштање и убедување дека состојбите во сообраќајот се добри. Напротив состојбите се загружувачки, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешното панел советување по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.

– Бројот на поврдени и загинати лица на патиштата во Република Македонија  годинава е за шест отсто помал во однос на лани. Во изминатите девет месеци бројот на сообраќајни незгоди во кои имало повредени лица изнесува 3.069, а 100 учесници во сообраќајот го загубиле животот, за разлика од истиот период минатата година кога во 3.261 незгода загинале 113 лица, рече Јанкулоска.

Активностите што Министерството ги презема во континуитет, според неа, барем во еден дел придонеле за намалување на жртвите во сообраќајот, односно за подобрување на состојбите. Денешниот ден, додаде, е посветен на нашата должност постојано, упорно и сеопфатено да се трудиме да ги минимализираме шансите за таквите ненадоместливи загуби.

– Сите ние како учесници во сообраќајот без разлика во која улога се наоѓаме за време на нашето учество треба да се однесуваме совесно, да ги почитуваме правилата и прописите со цел да дадеме сопствен придонес сообраќајот да биде побезбеден, бидејќи тоа е еден неизбежен дел од нашето секојдневно живеење, нагласи министерката.

Јанкулоска информира дека Владата презема активности за воведување на европскиот телефонски број 112 и очекува дека практичното воведување на линијата ќе биде наскоро. Направена е физибилити студија, лоцирани се центрите, Скопје, Прилеп и Штип од каде оперативно ќе се покрива целата територија на Република Македонија, а поставени се и рамките за практично воведување на линијата.

– Верувам дека со новиот систем поврзан со бројот 112 уште повеќе ќе се засили институционалната ажурност и ефикасност во дејствувањето. Според својата оперативно-техничка поставеност 112 ќе има далеку поквлаитетни перформанси во поглед на комуникациската достапност, идентификација на локацијата, однсоно местото на настанот, се до динамичниот и брз одговор на повикот за помош, подвлече Јанкулоска.

Ресорниот министер најави дека и по стартувањето на линијата 112, бројот 192 ќе продолжи да функционира, бидејќи, како што рече, има определени известувања кои се однесуваат исклучиво на полициски работи.

– Секоја ситуација за која е потребна реакција на полицијата и други институции не спаѓа во делот на итните ситуации каде што е потребна координација на повеќе служби и брза и итна интервенција за што  ќе биде наменета линијата 112, појасни Јанкулоска.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП), кој е и организатор на панел советувањето посветено на „Ефикасноста на системот за интервенции по сообраќајна несреќа, перспективи и функционалност на системот 112“, има мисија со сите можни механизми да работи на унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Македонија, истакна претседателот Никола Ангеловски.

Во спомен на денот на жртвите од сообраќајни несреќи, тој рече дека одлучиле да разговараат за подобрување на мерките на интервенција непосредно по незгодата- мерката 7 препорачана во Националната стратегија.

– Мерката 7.1 бара подобрување на мерките за интервенци непосредно по незгодата преку едукација за соодветно однесување на учесниците во сообраќајот по сообраќајна незгода преку пласирање информации во медиумите за неопходноста у начините на давање прва помош, едукација за прва помош во основните училишта, обука на сите учесници во сообраќајот заради подобрување на однесувањето по сообраќајни незгоди…, рече Ангеловски.

Втора важна област, според него, е брза и ефикасна пристапност на сите тела од центарот за итни повици 112 во областа на инцидентот.

 

 

Извор: www.kurir.mk