Пристигнаа новите полициски Шкоди – еве како изгледаат (ФОТО)

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Јанкулоска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот систем за полагање за возачка

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на новиот систем за полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит во електронска форма, во Испитниот центар за полагање за возачка дозвола во Тетово.

Со новиот начин, потенцира Јанкулоска, бројот на комбинации на испитните прашања е речиси неограничен, односно има над еден милион од овие комбинации, а тоа значи дека секој кандидат полага различен тест.

– Исходот се дознава веднаш по завршувањето на испитот. Во изминатиот месец кандидатите имаа можност да се обучат за електронско полагање преку симулатор на нашата веб-страница. Се уште е рано за првите резултати, меѓутоа од информациите што ги добиваме од сите осум центри во Македонија каде што денеска започна овој начин на полагање повеќе се оние кои не го положиле отколку оние кои го положиле, што значи дека и самите авто-школи, но и кандидатите треба да посветат повеќе внимание на теоретскиот дел бидејќи нема тестови на кои одговорите треба само да се меморираат, туку секој тест е нова ситуација, изјави министерката за внатрешни работи.

До 31 декември 2013 година Законот предвидува можност оние кои не можат или не сакаат да го полагаат електронски да може тоа да го направат во печатена верзија. Но, и во овој случај, посочи Јанкулоска, генерирањето на прашањата ќе оди на новиот начин само што тие потоа ќе бидат испечатени и кандидатот ќе ги добие во писмена форма. И во овој случај, истакна, не ќе може да има повторување на прашањата како што е и во електронската форма.

Возачкиот испит во испитниот центар во Тетово денеска го полагаа 20 кандидати, а во Гостивар уште 12 лица кои полагаа на електронски начин за возачка дозвола.

Извор: www.press24.mk

Пристигнуваат новите полициски возила (ФОТО)

Пристигнуваат околу 150 нови возила „шкода јети“, кои наскоро ќе станат полициски.

Според фотографиата на Утрински, во близина на Куманово, пред неколку денa два камиона ги пренесуваа чешките автомобили. Како што е познато, „Порше Македонија“ го доби тендерот на МВР, вреден околу 3,2 милиона евра, за набавка на возила што ќе ги заменат досегашните „крајслер“.

Извор: www.kurir.mk

Акција за дарување крв во Полиција

Во рамките на програмските активности на Комисијата за крводарителство Општинската организација на Црвен крст Велес на 25 септември организираше крводарителска акција за вработените во МВР – Сектор за внатрешни во Велес. Во акцијата, што ја изведе екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, 21 доброволни дарители даруваа крв.

Извор: www.crvenkrst-veles.org.mk

Казни за возење со стара возачка дозвола

За возење со стара возачка дозвола, од денес ќе се плаќа казна. Казната изнесува 45 евра или 25 казнени поени.

 

 

Од МВР велат дека казна нема да платат оние возачи кои имаат закажано термин, односно ја започнале процедурата за вадење на нова возачка дозвола.

Откако истече рокот, термините се преполни. Минатата недела веќе почна да се закажува сликање на возачка дозвола во термин во 2013 година.

Нова возачка дозвола по редовна постапка се вади за 600 денари, а доколку сакате по итна постапка да дојдете до нов документ, ќе платите 1150 денари.

Освен на телефонскиот број 0800 192-92, термин можете да закажете и на Интернет страната на МВР.

Извор: www.kurir.mk

Од 1 октомври казни за стара возачка

Нема да се казнуваат оние кои веќе ја започнале постапката за нови документи.

Уште 5 дена има до истекот на рокот за вадење на биометриска возачка дозвола. Сите кои по 1 октомври полицијата ќе ги затекне како возат со стара возачка дозвола ќе добијат казна во висина од 45 евра или 25 казнени поени, пишува Вест.
Од МВР за весникот велат дека казни нема да плаќаат оние возачи кои ја започнале процедурата за нова возачка дозовола. Од полицијата информираат дека тие имаат начин да проверат, кои возачи веќе закажале термин за вадење нова битметриска возачка.
Доколку денеска закажете термин за фотографирање на бесплатниот телефонски број 0800 192 92 пред објективот на МВР ќе можете да седнете дури на крајот од декември. Вадењето на новиот документ во редовна постапка ќе ве чини 600, а во итна 1150 денари. Повеќе информации за потребните документи, како и самите обрасци можете да најдете на веб сајтот на МВР.
Вест повикувајќи се на информации од полицијата пишува дека до сега се издадени 511.056 биометриски возачки дозволи.

Извор: press24.mk