Неверојатна цена: Новиот „Нисан“ за само 2300 евра

Кризата чукна на врата на апсолутно сите авто-произведувачи. Многу се предадоа, продадоа голем дел од имотот, некои сеуште  бараат начини да се извлечат.

Нисан се одлучи за нова продажна стратегија. Намалување на цените до поголем број на купувачи – стратегија која дефинитивно би требала да „запали“.

Извршниот директор на „Нисан“, Карлос Госн изјавил дека се надева дека Нисан ќе биде тој што ќе ги постави новите најниски цени. Датсун, како што некогаш се нарекувал популарниот модел на Нисан ќе чини меѓу 3 и 5 илјади долари. Со тоа ќе стане одличен конкурент на Цуру кој се продава за само 8 илјади долари.

Госн верува дека со овој потег на компанијата ќе придовие нови купувачи со плитки џебови. Мораме да признаеме имаат добри шанси за тоа.

Извор: www.denesen.mk

Advertisements

И ФОНТОТ НА АВТОМОБИЛСКИОТ ЕКРАН Е ВАЖЕН

Изборот на фонтот употребен на екранот во возилата, може да влијае врз вниманието на возачот. Ова го тврдат научниците од универзитетот во Масачусетс, кои истражувале подолг период група возачи, на возраст од 36 до 75 години. Во текот на експериментот се користени различни фонтови и ниво на осветленост на екранот.

Кај екраните со фонтови Humanist и Square Grotesque, кај мажите се губи до 10,6 проценти помалку време за разбирање на информациите при првиот фонт, но кај жените не била воочена суштинска разлика во времето. Според истражувачите, правилно избраниот од производителот фонт на автомобилскиот екран може да го намали бројот на катастрофите предизвикани од одвлекување на вниманието за негово следење.

Според податоците на Националната администрација за безбедност на патниот сообраќај во САД – NHTSA, од 5,4 милиони несреќи во 2010 година околу 900.000 биле токму поради невниманието на возачот. При тоа околу три проценти (26.000 несреќи) настанале при одземање на вниманието на возачот од различни контроли кај автомобилот.

Извор: www.avtoplus.mk

PARIS MOTOR SHOW 2012: ŠKODA RAPID

Главната новина на штандот на Škoda на салонот во Париз е целосно новиот Rapid, модел што ќе се обиде да освои сосем нов бран на корисници, а првите испораки на возилата се пред крајот на годината.

Škoda Rapid ќе освои корисници кои посакуваат стилски и динамичен дизајн. Ова е првиот автомобил на брендот, кој може да се пофали со целосно нова стилистика, која етапно ќе ја видиме и во наредните верзии на актуелните во моментов моделски предлози. Rapid ја дополнува гамата, сместен помеѓу помалата Fabia и поголемата Octavia. Големиот простор на автомобилот  е репер во сегментот. Ниту еден друг автомобил во класата не нуди толку простор кај колената и над главата, како и кај багажникот – 550 литри.”

Како и кај сите други модели и кај Rapid посебен акцент е ставен на практичноста. Новиот модел има над 19 “Simply clever” решенија. Еден пример е особено генијален, гребалка за мраз интегрирана во капакот за полнење гориво. Други практични решенија вклучуваат реверзибилен под кај багажникот и под седиштето на возачот.

Rapid е првиот автомобили на брендот со нов Škoda дизајн: атрактивен , модерен, јасен, прецизен и безвремен. Во центарот на предниот дел на автомобилот е поставено новото лого, хромирана крилеста стрела со црна мат позадина која е елегантно заокружена со хромирана линија. Позиционирањето на главните светла и светлата за магла е такво што наликува на детелина со четири листа. Од страна гледан Rapid е елегантен и има купе силуета со јасна поделба на површините и линиите. Задниот дел на возилото е чист, свеж и прецизен: задните светла го имаат типичниот Škoda дизајн со С изглед.

Новата Škoda Rapid, близнак на новиот Seat Toledo, е долга 4.48 метри и е широкa 1.7 метри, ќе се нуди со избор меѓу пет бензински и два дизел мотори. Во областа на безбедноста, Rapid импресионира со опрема за сеопфатна активна и пасивна заштитна.

Погледнете го видеото за новата Škoda Rapid…

Извор: www.avtoplus.mk

ЗА COLONIA + СО АВТО ШКОЛА “ТИ – ЛА”

 

COLONIA + Ви нуди брзо и квалитетно оспособување на кандидати за возачи за АБ иМ категорија на моторни возила, мотори и мопеди во соработка со Авто Школата “ТИ-ЛА” од Велес. Научете да возите во една од најстарите Авто Школи во Македонија по редовна цена од 12.999 денари. Во цената се вклучени: 36 часови обукатеориска наставапробно тестирањепосредување за вадење на лекарско уверение и прва помошпомош при совладување на сите потешкотии при учење на тестовите… Возењето, освен исполнување на задоволството на единката од која потекнува ја поттикнува и потребата за извршување на секојдневните обврски. Пред почетокот на долгиот пат кој ќе го возите низ животот, се соочувате со предизвикот на тест со кој ќе докажете дека тој пат ќе го возите според одредени правила и според вашите можности. Тука доаѓа Авто Школата ТИ-ЛА” одВелес. Правилата ги обликуваат Вашите можности. Им даваат форма. Развојот на Вашите можности, преку професионални инструктори како што е Игор Чоков, достигнува степен каде слободно можете да се соочите со предизвиците на еден модерен возач. Професионалноста која е потребна да ја добиете, е и прашање на време – своевидно искуство. Но искуството што може да Ви го пренесе човек кој едноставно е посветен и специјализиран во однос на сообракајот, Ви овозможува секогаш да бидете чекор пред другите. Секако постои и можност за договор на одложено плаќање на 2 до 3 рати. За дополнителни информации Ви стојам на располагање.

**Донеси пријател (кандидат за возач), и добиј бесплатно користење на автомобил за полагање на полигон и градско возење.

Инструктор Игор Чоков,  сооб. тех. 072 274 034 (ONE оператор), 078 627 462 (VIP оператор), 043 239 373 (M.Tелеком).

е-mail:   chokov@macedonia.eu.org                                             cokov@yahoo.com

 

Извор: COLONIA +

Што ги поврзува Реал и Барса? Audi секако!!!

Можеби се најголеми непријатели на теренот, а нивните навивачи не можат да се смислат еден со друг, но играчите на Реал и Барса возат исти автомобили…

Audi од годинава е спонзор и на Барселона, па двата најдобри тима во Шпанија се возат исклучиво во модели на производителот од Инголштад. Интересно, главните ѕвезди на тимот, колку што се разликуваат на теренот, се разликуваат и во изборот на автомобили… Роналдо избра R8-ка, додека Меси избра Q7. Всушност, единствен од Барса кој се одлучи за спортски модел е капитенот Пујол, бирајќи RS5-ка.

Сигурно сите од вас имаат фаворити меѓу играчите на едниот и другиот тим, но сите би им подзавиделе на тоа дека можат да си изберат какво Audi сакаат, нели?

1. Погледнете го видеото што ги поврзува Реал и Барса…

2. Погледнете го видеото што ги поврзува Реал и Барса…

Извор: koli.com.mk

Наскоро нема да мораме да го миеме автомобилот?

А со тоа, ниту пак да поправаме гребаници…

Можеби звучи како научна фантастика, но научници од Технолошкиот универзитет во Ајндховен развиле “паметна” боја, која на сопствениците на автомобили значително би можела да им го олесни животот.
Имено, се работи за специјален додаток на бојата, кој овозможува “зарастување” на гребаниците – односно, доколку механичка сила ги раздвои молекулите на бојата, тие повторно се спојуваат. Како масло.

Поради овие својства, дури и најмал дожд би бил доволен за автомобилот да биде чист како штотуку да е миен од професионалци. Ваша работа е само да начекате дожд, и да го паркирате автомобилот на отворено.

Звучи предобро да биде вистина. Едвај ја чекаме комерцијализацијата на овој производ.

Извор: koli.com.mk

ГЕРМАНЦИ ИЗМИСЛИЈА ПОКРИВКА ПРОТИВ КРАЖБИ

Германски научници развија нов вид систем против кражба врз основа на т.н. “паметни” ткива. Покривка која реагира и алармира навремено доколку некои сака да го украде вашиот автомобил.

Системот е создаден од истражувачи од два института во Берлин, а се состои од покривка испреплетена со нишки низ кои поминува струја. Тие се поврзани со микро-контролор, кој го зема во предвид секој обид да се оштети или исече покривката. Освен тоа, системот го зема во предвид времето на обидот за влегување во возилото од страна крадецот.

Дополнителен плус за безбедносниот систем е фактот дека материјалот од кој е произведена покривката е сосема безбеден како за луѓето, така и за животните, бидејќи пропушта струја со сосема слаб ефект. Покрај тоа, тој е и мошне евтин, бидејќи за него се користат едноставни материјали како посребрени влакна.

За да ја докажат ефикасноста на системот, научниците спроведоа серија тестови кои се покажаа како мошне успешни. Алармот реагира навремено, а покривката е отпорна и над 40 степени и во просторија со влажност од 85%. Тоа во никој случај нема да се одрази на квалитетот.

Извор: Avto +