Освежениот Spark и новиот Trax, главни адути на Chevrolet во Париз

Главна атракција на изложбениот простор на Chevrolet на овогодинешниот саем во Париз претставува целосно новиот модел Trax, а некако во сенка, поминува премиерата на освежениот Spark.

Chevrolet Trax

Chevrolet-овата верзија на Opel Mokka, моделот Trax е одговор на се поголемата побарувачка на возила од суб-компактниот SUV сегмент и со него американската компанија ќе се обиде да го зајакне присуството на европскиот пазар. Со својот допадлив изглед, надополнет со високата разноврсност и малата потрошувачка, главна цел на Chevrolet ќе бидат младите купувачи.

Понудата на мотори ќе ја сочинуваат 1.4-литарски турбо бензински мотор со 140 КС, 1.6-литарски бензински мотор и 1.7-литарски турбо дизел мотор со 130 КС. Сите мотори ќе бидат впарени со шест-степен мануелен менувач со Start/Stop функција, додека погонот на сите тркала ќе биде достапен за 1.4-литарскиот турбо бензинец или 1.7-литарскиот турбо дизел.

Максималниот товарен простор на Trax изнесува 1,370 литри. Како дополнување на делливата задна клупа (60/40), предното патничко седиште може да се преклопи и да се добие рамна површина со што се нуди уште поголема флексибилност на товарниот простор.

Кај повисоките нивоа на опрема, MyLink системот ќе биде дел од стандарндата опрема. Инаку Chevrolet MyLink е мултимедијален систем кој ја префрлува содржината од паметните телефони на 7-инчен екран на допир. Следната година ќе биде достапна и специјална апликација за навигација која ќе може да се инсталира на паметните телефони и истата ќе биде препознаена од гореспоменатиот систем преку кој пак ќе се појавува на екранот во боја.

Spark (MY 2013)

Судејќи според продажбата на македонскиот пазар во последните неколку години, најинтересна премиера за нас е онаа на освежениот Spark. Популарниот мини на Chevrolet отсега ќе доаѓа со редизајнирана двоја централна решетка и преден браник, како и реобликувани стакла на предните светла и магленките. Освежениот Spark добива и 14- и 15-инчни бандажи со поспортски изглед.

На задниот дел, стоп светлото, кое досега беше поставено на горниот дел од задното ветробранско стакло е интeгрирано со кровниот спојлер со што се добива поголема видливост.

Модификациите извршени во внатрешноста вклучуваат нови декор елементи, како и преобликувана централна конзола со зголемен простор за предмети.

Извор: www.avtoportal.mk

Advertisements

НИЗ ИСТОРИЈАТА НА АВТОМОБИЛИТЕ

Улогата на автомобилите од минатото до денес е драстично променета. Ако порано автомобилот значел луксуз и симбол на статус, денес автомобилот е неопходна потреба.

Првиот јапонски автомобил кој е наменет за американски пазар е Honda Accord произведен во ноември 1982 година

Chevrolet Impala е еден од првите автомобили кои ги сруши светските рекорди на продажба во далечната 1965 година со продадени преку милион автомобили.

Првиот автомобил имал рачка наместо волан.

За активирање на воздушните пшерничиња се потребни 40 милисекунди по ударот.

Секој ден се произведуваат повеќе од 14 автомобили порше.

Најголемиот собраќаен  колапс се случил во 1980 година, на францускиот автопат Париз-Лион.

Колоната од автомобили била долга 180 километри.

Првата осигурителна полиса за автомобил била извадена во 1897 година во Масачусетс.

Бришачите за автомобил ги измислила жена.

Првиот автомобил, кој самостојно се движел е дело на Николас Кугнот, 1769 година. Автомобилот имал три тркала и мотор поставен во средина со казан за пареа. Автомобилот се движел со брзина од 6 километри на час и го користела француската војска за пренос на артилерија.

Кон крајот на 18 век Исак де Риваз дизајнирал уште неколку автомобили кои се движеле на пареа. Во 1807 Де Риваз конструирал мотор на внатрешно согорување кој користел кислород и водород за создавање енергија. Потоа користејќи го истиот мотор дизајнирал автомобил.

Извор: Fakulteti.mk