Компании од автомобилскиот сектор годинава ќе инвестираат во Македонија

Компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од годинава ќе испратат свои претставници во Македонија за да се финализираат договорите за изградба на фабрики во земјава.

Дирекцијата за Технолошко индустриски зони изјавува дека ова е најавено на средбата на директорот на Дирекцијата Виктор Мизо за време на Automotive News World Congress, кој се одржува  во Детроит за време на  NAIAS – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка… (прочитај повеќе)

Извор: www.press24.mk

Advertisements

Македонија претставена на светскиот конгрес за автомобилска индустрија

Инвестициските можности што ги нуди  Македонија  во  автомобилската индустрија се претставени на светскиот конгрес за најновите случувања и перспективи во тој сектор, што се одржува во Детроит, од 15 до 17 јануари.

Македонија претставена на светскиот конгрес за автомобилска индустрија.

На  конгресот,  настан во пресрет на најважниот годишен автомобилски настан во светот North American International Auto Show (NAIAS), македонскиот штанд го претставија директорот на  Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо со неговиот тим и економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков.  Тие имаа средби со претставници на голем број компании со кои контактираат веќе подолго време, како и со компании присутни на економското претставување на Македонија од страна на Владата во ноември лани во Детроит.

– Присуството на државна институција од Македонија на конгресот беше позитивно оценето и од организаторот и од голем дел од учесниците кои го посочија ова како пример за држава која работи активно на промоција на можностите и привлекување странски инвестиции, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На конгресот во Детроит учествуваат над 1.000 делегати од производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од САД и светот. Презентации извршија  претставници на Форд, Ауди, Крајслер, Хонда, Хјундаи и БМВ,  како и глобални производители на компоненти како Денсо, Континентал, Магна, Џонсон Контролс, Брос и Борг Варнер. Беа презентирани и перспективите и глобалните трендови на индустријата во 2013 година. Освен Македонија, со свои штандови на конгресот се претставија и Канада, Англија и региони како Вирџинија и Луизијана.

Извор: www.denesen.mk