Следната година пристига кабрио изведба на Opel Adam

Според последните гласини, најмалечкиот Opel, градскиот шик модел Adam ќе добие своја кабриолет изведба. Британскиот AutoExpress, повикувајќи се на извори од компанијата, пишува дека моделот со мек покрив бил веќе комплетиран од Mark Adams (дизајнерот на Adam) и неговиот тим и истиот ќе се појави на пазарот веќе следната година.

Поради помалите пропорции, кабриолет верзијата на Аdam, најверојатно ќе го следи примерот на кабрио изведбите на Fiat 500 и Citroen DS3 и ќе биде со склоплив платнен покрив кој ќе ги остави кровната линија и рамките на вратите непроменети. Задното ветробранско стакло ќе се повлекува рамно врз багажникот како што ќе се склопува платнениот покрив врз него, што значи дека Adam би требало да го има истиот багажен простор, но просторот на задната клупа, кој и онака е мал, ќе биде уште повеќе компромитиран.

Ако овие гласини, се испостават како точни, тогаш кабрио верзијата, својата премиера најверојатно би ја имала на женевскиот (март) или пак на саемот во Франкфурт (септември).

Извор: www.avtoportal.mk

 

Advertisements

“Фиќото” на Jay Leno продадено за 350.000 долари

Се работи за Fiat 500 Prima Edizione…

Популарниот Jay Leno, кој е познат и како еден од најголемите автомобилски ентузијасти на денешницата, неодамна најави дека ќе го продаде своето Fiat 500 Prima Edizione на аукција, а сите средства собрани од аукцијата и продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Тоа и се случи – Leno остана без еден од автомобилите во неговата огромна колекција, на аукција спроведена од аукциската куќа Gooding and Co., “Фиќото” е продадено. Ништо чудно, нели? Е па, чекајте да ја прочитате цената – цели 350.000 евра, или нешто повеќе од 282.000 евра.

Целиот приход е наменет за Fisher House фондацијата.

Извор: koli.com.mk