понеделник, 10 декември 2012 14:16:00
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 09:00 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар. Од 09:45 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Македонски Брод – Прилеп. Од 09:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево (планински премин Стража). Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – гп.Ќафасан е укината во 13:00. Сообраќајот на патниот правец Отешево – гп.Стење е нормализиран. СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Коловозите се претежно влажни на места со остатоци од снег. Поради многу ниски термператури можни се подмрзнувања на коловозот па се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. На повисоките планински и осојничави места има остатоци од снег кои го забавуваат движењето на возачите. ВНИМАТЕЛНО: Препорачуваме голема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.