Уапсен заради полнење на e-автомобилот на школски штекер!

Автономијата е се уште голем проблем на електричните автомобили и затоа нивните сопственици се снаоѓаат на различни начини да не останат без „гориво“.

Уапсен заради полнење на автомобилот на школски штекер

Американецот Kaveh Kamooneh, чекајќи го својот син да заврши со тенискиот тренинг, го приклучил својот Nissan Leaf на електричен штекер на школото пред кое чекал. Некој сметал дека тоа не е во ред, па го пријавил човекот во полицијата. Сините дошле, направиле увид и го пуштиле човекот без казна, со предупредување тоа повеќе да не го прави…

Извор: www.visokioktani.mk

Advertisements

На повидок нова фабрика за делови на БМВ и Мерцедес во Велес

Фабрика за делови за БМВ и Мерцедес

Во Велес ќе се гради фабрика за делови за автомобилите на БМВ и мерцедес во што германскиот инвеститор ќе вложи 20 милиони евра и која ќе овозможи вработување на 600 лица во првата фаза.
– До крајот на февруари се надевам ќе завршиме со преговорите и ќе успееме и во Велес да донесеме една нова гринфилд инвестиција. Таму има доста квалификувана работна рака и градот има позадина на индустрија. Се надеваме дека ова ќе направи пресврт во уште еден град и регион надвор од Скопје. Тој проект мене лично ќе ми биде во фокусот следниве два месеци – изјави министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, во интервју за Сител телевизија.

Според Самак, инвестицијата ќе претставува комбинација од трудоинтезивно и високотехнолошко производство.
– Се работи за некој вид комбинација од она што го прави “Џонсон Контролс” во Скопје и дополнителни пластични, рачни обработки. На крајот, деловите генерално ќе влегуваат во луксузните германски брендови, начелно БМВ и мерцедес – изјави министерот Самак кој вели дека компанијата “Мерцедес” направила ревизија и дала одлична оценка за почетното производство на “Дрекслмајер” во Кавадарци.
Министерот 2012 ја сумираше како незапаметена година во Македонија во поглед на бројот на нови фабрики кои почнаа да се градат или веќе да произведуваат и најави дека има уште неколку проекти за кои во моментов нема индикации дека ќе бидат откажани, а ќе се објават во текот на оваа година.

Извор: www.vecer.com.mk