Најдобриот тјунинг на Mercedes S класа

Lorinser oбјави сет на слики и видео снимка на најновиот Lorinser S70 пакет. Се работи за широко опремен пакет кој е заснован на Mercedes-Benz S600 L V12 Bi-Turbo. Lorinser направи подобрување во аеродинамиката, перформансите и внатрешноста на луксузната лимузина.

Mercedes – Benz  Lorinser Releases S70 6.0 V12 Bi-Turbo

Кога станува збор за перформансите, силата на овој автомобил сега изнесува 805КС и 1.270 Nm вртежeн момент помеѓу 1.900 и 4.200 o/min. Максималната брзина сега изнесува 300 km/h но на побарувачка на купувачите може да биде зголемена на 330 km/h.

Аеродинамичните подобрувања вклучуваат нова каросерија со исто така нов преден браник и LED светла, нов заден браник и преден дел, странични прагови и спојлер на кровот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ЗА Mercedes – Benz  Lorinser Releases S70 6.0 V12 Bi-Turbo

Извор: www.themen.mk

ОЖИВУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИТЕ ЛЕГЕНДИ НА RENAULT

Groupe CAT овласти два свои тима од експерти да ги вратат повторно на патеката легендарните Renault 4CV и Caravelle, специјално за овој викенд, кога во Гудвуд ќе се одржи трка на историски автомобили од 40-те, 50-те и 60-те години на минатиот век.

Моделот 4CV е првиот француски автомобил, од кој се продадени повеќе од милион примероци. Познат како quatre pattes (од фр. – четири шепи), тој се покажа мошне адекватен за натпреварувања. Освоен што имапе успех на 24 часа Ле Ман, се потврди и на легендарната Mille Miglia. Класичниот родстер Caravelle е доработен од тим од Саутемптон. Сигурно ако излезете со овој возбудлив автомобил по улиците ќе ги натерате луѓето да го свртат погледот кон вас.

На оваа трка на легендите ќе видиме  повеќе претставници од Mercedes-Benz и Auto-Union, па Ferrari 250GTO, кои исто така ја одбележаа автомобилската историја.

Повеќе информации побарајте на http://www.goodwood.co.uk / revival.

Извор: Avto +

10-те најскапи полни резервоари во САД

Цените на горивата во САД деновиве се движат од 3.6 во државата Вајоминг до 4.3 долари за еден галон во Калифорнија, што пресметано според сегашниот курс на доларот во нашата земја (46.2 денари) би изнесувало од 44 до 53 денари за еден литар. Исклучок претставува премиум плус бензинот чија цена во некои држави/градови достигнува и до 5 долари за еден галон или нешто помалку од 57 денари за литар, а дизел горивото исто така е во рамки на оваа цена. Иако за нас и останатите во Европа (особено Норвешка каде што за литар бензин треба да издвоите повеќе од 120 денари), ваквите цени изгледаат “смешно”, сепак за американците тие се доста високи, а на тоа се надодава и фактот што таму ретко кој автомобил има потрошувачка помала од 10 l/100 km.Како и да е, порталот autoguide, поттикнат од секојдневните поскапувања на горивото направи листа на автомобили кои се продаваат на американскиот пазар, а се најскапи во однос на полнењето на целиот резервоар. Во оваа листа земена е просечната цена на гориво во САД.

10. Lincoln Navigator Ultimate – 109.76 долари (5.071 денари)

9. Porsche Cayenne V6 – 110.09 долари (5.086 денари)

8. Mercedes-Benz GL450 – 110.09 долари (5.086 денари)

7. Audi Q7 Premium Plus – 110.09 долари (5.086 денари)

6. Chevrolet Avalanche LT – 123.48 долари (5.704 денари)

5. Ford Expedition EL Eddie Bauer – 131.32 долари (6.066 денари)

4. Ram 2500 Laramie – 141.10 долари (6.518 денари)

3. Ford F-150 XLT V8 – 141.12 долари (6.520 денари)

2. Ford F-250 Lariat – 145.25 долари (6.710 денари)

1. Chevrolet Silverado 2500HD – 149.40 долари (6.902 денари)