Започна изградбата на патот од селото Сув Орав до манастирот Карпино.

Во тек се работите на изградбата на патот од селото Сув Орав до манастирот Карпино во општина Општина Старо Нагоричане.

Започна изградбата на патот од селото Сув Орав до манастирот Карпино.

Општината аплицирала за овој проект до Агенцијата за финансиска поддршка за рурален развој од каде им одобриле средства за изградба на плоштадот во село Малдо Нагоричане и за патот кој води до манастирот кој е исклучително значаен за развој на туризмот во оваа рурална општина.

– За двата проекти одобрени се 9,5 милиони денари. Не се знае до кога ќе трае изградбата. Зависи од временските услови. Изведувач на работите е фирмата „Бетон“ -вели градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.

Во изградбата на патот со 80% од финансиските средства учествува Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а со 20 % учествува самата општина.

 

 

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Како се вози кога има магла?

Од АМСМ деновиве препорачуваат внимателно возење заради појавата на магла и намалената видливост на дел од патните правци. Еве неколку корисни совети за тоа како да возите кога има магла, кои што секако нема да ви бидат на одмет.

Како се вози кога има магла???

За безбедно возење низ магла најважно е да имате исправни фарови за да бидете забележани на патот. Во магла се користат кратки светла за осветлување на патот или специјални светла за магла, а може и двете истовремено.

Има возачи што не знаат како правилно се користат светлата за магла. Тие се вклучуваат само за време на намалена видливост за време на дожд, снег и магла. Во никој случај не треба да се користат во други прилики, на пример, ноќе, затоа што им пречат на останатите возачи.

Второто важно правило е да возите бавно. Најмногу 50 километри на час, но често ниту таа брзина не е возможна. Неопходно е да забавите кога ќе забележите возило пред вас затоа што заради намалената видливост тешко ќе процените дали тоа стои или се движи. Кога маглата е густа најчестите верижни судири се случуваат токму заради задоцнетото забележување на другите автомобили.

Исто така не се препорачува ниту претекнувањето, затоа што возилото што оди во спротивна насока тешко можете да го забележите, а оддалеченоста и брзината на автомобилот што го претекнувате исто така неможете точно да ја утврдите кога е намалена видливоста. Затоа немојте да се нервирате кога некој пред вас „лази“ и не обидувајте се да го заобиколите.

Исто така, зголемете го растојанието, сконцентрирајте се, ако е можно не разговарајте со останатите во автомобилот, намалете го тонот на музиката.

Ако сте се решиле да застанете и да почекате да се разведри во никој случај не заборавајте да ги оставите светлата на автомобилот вклучени.

 

 

Извор: www.kurir.mk

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

ВО ЗИМА СИ ТРЕБААТ ЗИМСКИ ГУМИ !

Извор: www.kurir.mk

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА


понеделник, 10 декември 2012 14:16:00

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 09:00 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар. Од 09:45 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Македонски Брод – Прилеп. Од 09:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево (планински премин Стража). Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец  Струга – гп.Ќафасан е укината во 13:00. Сообраќајот на патниот правец Отешево – гп.Стење е нормализиран. СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Коловозите се претежно влажни на места со остатоци од снег. Поради многу ниски термператури можни се подмрзнувања на коловозот па се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. На повисоките планински и осојничави места има остатоци од снег кои го забавуваат движењето на возачите. ВНИМАТЕЛНО: Препорачуваме голема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

 

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

Повеќечасовен застој на патот Велес – Градско поради голомразица

Голем застој на сообраќајот поради појава на голомразица е забележан вечерва на патот Градско – Велес.

Повеќечасовен застој на патот Велес - Градско поради голомразица

Според јавувања на граѓани до редакцијата на Макфакс, колона од автомобили и автобуси повеќе од два часа е заглавена на лизгавиот пат, на кој немало фрлено ниту сол, ниту песок.

Дополнително, според информациите од терен, сообраќајот е запрен одредено време и во обратниот правец од Велес кон Градско, од каде не е забележано да помине ниту едно возило.

 

Извор: www.makfax.com.mk

Вимателно да се вози поради одрони.

Синоптичарите прогнозираатоблачно време со врнежи од дожд низ целава земја на места и до 20 литри на метар квадратен. Температурите ќе се движа до 15 Целзиусови степени.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од дожд во целата земја.

Поголема внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони. Низ клисурите и на повеќето мостови долж речните текови има појава на утринска магла.

На магистралниот пат Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на автопатот да се вози внимателно.

 

Извор: www.kanal5.com.mk

Со македонски возачки дозволи ќе се вози низ Албанија.

Македонските граѓани со македонски возачки дозволи ќе можат да возат во Албанија, информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

На последната владина седница донесена е одлука за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Ова значи дека македонските граѓани кои претстојуваат во Албанија ќе можат да возат со македонски дозволи без никакви дополнителни полагања.

Истото ќе важи и за албанските државјани во нашата земја. Ваквата пракса, македонската Влада очекува да биде применета и со уште неколку земји од регионот.

Реализацијата на оваа одлука се очекува да се примени по потпишувањето на Договорот кој се реализира во рамки на посетата на премиерот Никола Груевски на Република Албанија.

Според најавите, Груевски во рамки на посетата оствари средби со албанскиот колега, а беше потпишан и меѓународен договор.

 

Извор: www.bezpardon.mk