Пристигнуваат новите полициски возила (ФОТО)

Пристигнуваат околу 150 нови возила „шкода јети“, кои наскоро ќе станат полициски.

Според фотографиата на Утрински, во близина на Куманово, пред неколку денa два камиона ги пренесуваа чешките автомобили. Како што е познато, „Порше Македонија“ го доби тендерот на МВР, вреден околу 3,2 милиона евра, за набавка на возила што ќе ги заменат досегашните „крајслер“.

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

РОБЕРТ КУБИЦА СЕ ВРАЌА НА ТРКИТЕ СО ПОБЕДА

Возејќи Субару Импреза со Џулијано Манфреди, Роберт Кубица ги освои сите четири фази на Италијанското рели Ronde Gomitolo di Lana и беше севкупен победник со предност од речиси една минута над Омар Берго со WRC Мини. Пред почетокот на релито Кубица изјави дека овој настан го означува почетокот на “поактивна фаза” во закрепнувањето и дека тој се уште се надева дека ќе се врати во Формула 1:
“Да се надеваме дека ќе можеме да уживаме, без да ги гледаме етапните времиња, бидејќи на крајот важно е повторното воспоставување на начинот на возење и помагање на раката да се опорави подобро. Јас сум возач веќе 20 години, моето тело е навикнато на некои работи, и јас можам да ги почувствувам овие работи само додека возам, па ќе видиме.”

Извор: mkformula1

ФЕРАРИ ПО СТАПКИТЕ НА РЕНО И МЕРЦЕДЕС

Деновиве на сајтот на Ферари е објавено дека тимот веќе почнал со тестови на моторот за 2014 година. Лука Мраморини, шефот на одделот за мотори и електрониката вели дека неговиот тим добро напредува со својата работа на сите мотори, почнувајќи од оваа сезона, за следната, како и новите турбо В6 мотори.
Другите производители на Ф1 мотори, Рено и Мерцедес, се верува дека веќе ги имаат започнато тестовите на нивните нови В6 мотори. За разлика од нив судбината на независниот снабдувач PURE останува неизвесна, откако компанијата го стопираше развојот на нивниот мотор претходно овој месец, поради тешкотии во финансирањето. Исто така не е јасно дали или не Косворт ќе изберат да инвестираат во скапиот развој на мотор за 2014 година.

Извор: mkformula1

Hyundai во Париз ќе ја претстави три-вратната изведба на i30

Hyundai во Париз ќе ја прикаже третата каросериска изведба на моделот I30. Покрај досега претставените, стандардниот пет-вратен хечбек и караванската изведба, наскоро на пазарот ќе се појави и три-вратна верзија на моделот.

Освен очигледната разлика во бројот на вратите, оваа изведба од пет-вратниот модел се разликува по различниот дизајн на предниот браник кој има нови магленки, а променети се и централна решетка и предните светла. Помалку видливи се промените на задниот дел каде што браникот е со променет дизајн..

Што се однесува до техничкиот дел, три-вратната изведба нема да се разликува во ниту еден дел со останатите две верзии, што меѓу другото подразбира и дека моторите остануваат исти.

Извор: AvtoPortal